Не се откриваат имињата на советниците што работат без хонорар


    Власта не ги открива имињата на членовите на новото владино советодавно тело „За татковината со љубов“. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели дека без согласност на советниците, нивните имиња нема да излезат во јавност. За да не ја наруши, како што вели, нивната приватност, Битиќи само откри дека станува збор за универзитетски професори, …

Не се откриваат имињата на советниците што работат без хонорар Read More »

ПИСА И ПИРЛС тестирањата во април и мај наредната година


 Во април-мај наредната година ќе се одржи ПИРЛС тестирањето за учениците од четврто одделение. Ќе бидат опфатени 150 основни улилишта од нашата држава, ќе бидат вклучени околу четири илјади ученици, а моментално се бираат учениците кои ќе бидат вклучени. Тестирањето е од типот молив-хартија и ќе биде на македонски и на албански јазик. Во истиот …

ПИСА И ПИРЛС тестирањата во април и мај наредната година Read More »

Заев за Блаже Конески: Великаните не заминуваат никогаш


Големината и значењето на животот и делото на Конески за македонскиот идентитет, за македонската национална култура, за македонскиот јазик го прават не само втемелен факт во историјата, туку и жив двигател на нашата сегашност во разни области – во науката за јазикот, во уметноста и силата на зборот, во моќта да го закрепнува нашето духовно …

Заев за Блаже Конески: Великаните не заминуваат никогаш Read More »

БТА: Проширувањето симнато од агендата на ЕУ до крајот на годинава


Одлучувањето за проширување на ЕУ е надвор од агендата до крајот на годината. Ова го објави висок европски дипломат, кој побара анонимност – јави пред малку бугарската агенција БТА. Според агенцијата, дипломатот истакнал дека дотогаш не се очекува никаков напредок во врска со споровите околу рамката за преговори за Северна Македонија. Според него, не е …

БТА: Проширувањето симнато од агендата на ЕУ до крајот на годинава Read More »

Богојески: Само во Бугарија Македонците станаа Бугари


Петар Богојески од Македонски концепт ги спори тврдењата на Бугарија за бугарските корени на Македонците прашувајќи зошто раселените од овој регион секаде низ светот се декларираат како Македонци, а само во Бугарија  како Бугари. -Битен историски извор за истражување е изјаснувањето на раселените Македонци од Егеј, по Прва светска војна низ светот (Америка, Австралија, Европа) …

Богојески: Само во Бугарија Македонците станаа Бугари Read More »

Трамп: Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите


Актуелниот американски претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Џорџија да гласаат за републиканските кандидати за сенатори, во спротивно ќе победат „социјалистите и комунистите“. – Никогаш досега не се случило една држава да има толку важна улога во изборите за Сенатот. Важно е да излезете и да гласате. Ако не гласате, ќе победат социјалистите и …

Трамп: Ако не гласате, ќе победат социјалистите и комунистите Read More »

Министрите се собраа во ЕУ, виси прашањето за Македонија


Формално, прашањето за проширувањето не е на агендата. Во Софија се верува  дека Борисов е способен да го издржи притисокот на Германија и ЕУ околу ветото, но би попуштил само ако притиснат Американците   Состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ почна утрово во Брисел, но преговорите за Македонија денес формално не се на …

Министрите се собраа во ЕУ, виси прашањето за Македонија Read More »

Каракачанов ги притиска медиумите да не преведуваат од македонски на бугарски јазик


ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана од Советот за електронски медиуми на Бугарија бара бугарските медиуми да престанат да ги преведуваат изјавите на македонските политичари на бугарски јазик. Интервјуата на „луѓето од Северна Македонија“ не треба да се преведуваат на бугарски јазик, се вели во писмото на ВМРО-БНД до Советот …

Каракачанов ги притиска медиумите да не преведуваат од македонски на бугарски јазик Read More »

Нема бојкот кога се гласа за давање пари на партиите


  Законот за финансирање политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем со поддршка и од власта и од опозицијата. Со овој закон партиите си овозможуваат да им се вратат назад парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата. Ова значи дека околу четири милиони евра ќе …

Нема бојкот кога се гласа за давање пари на партиите Read More »

На инфективните одделенија се лекуваат 443 лица, во последното деноноќие примени 23 нови пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.   Од Министерството за здравство информираат дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти …

На инфективните одделенија се лекуваат 443 лица, во последното деноноќие примени 23 нови пациенти Read More »

На Велика Британија ѝ недостасуваат 50 милијарди фунти


  На Велика Британија ѝ недостасуваат 50 милијарди фунти во готово, тврди група британски законодавци, кои ја повикаа Англиската банка да го испита ова прашање. Претседателката на Одборот за јавни трошоци на Долниот дом (ПАЦ), Мег Хилер, рече дека парите се скриени, но дека банката не знае каде, за кого и зошто и дека не …

На Велика Британија ѝ недостасуваат 50 милијарди фунти Read More »

Бугарските историчари мислат Македонија е Бугарија, секаде гледаат „длабока држава“


„Во Скопје, од една страна гледаме добри гестови кон Бугарија, кон ЕУ, со именувањето на прогресивни луѓе како проф. Владо Бучковски, што јасно дава знак за обид за решавање на спорот, но од друга страна реалноста е сосема поинаква. „Длабоката држава“, поврзана не само со ВМРО-ДПМНЕ, туку и со многу пошироки структури во општеството, гледаме …

Бугарските историчари мислат Македонија е Бугарија, секаде гледаат „длабока држава“ Read More »

Земјотрес од 4,4 степени ја стресе Албанија


Земјотрес со јачина од 4,4 степени по Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, пренесуваат локалните медиуми. „Секторот за сизмологија од Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија на ден 6 декември 2020 година, во 7 часот и 19 минути регистрираше земјотрес со средна јалина, со епицентар 28 километри северно од Драч (Албанија). Јачината на земјотресот во хипоцентарот …

Земјотрес од 4,4 степени ја стресе Албанија Read More »

Северна Македонија и македонската нација се „деца“ на антифашизмот


АКСЕЛ СОТИРИС ВАЛДЕН Улогата на Бугарија за време на војната не е билатерално прашање со Македонија. Фашистичката Бугарија окупираше делови од соседните земји (вклучително и Грција) и изврши злосторства. Негирањето на овие злосторства не може да биде предуслов за добри односи со денешна Бугарија   Министрите на ЕУ ќе дискутираат за почеток на пристапните преговори …

Северна Македонија и македонската нација се „деца“ на антифашизмот Read More »

„24 часа“ сега најавува тргање на бугарското вето за Македонија 


Според бугарскиот весник „24 часа“, во текот на следната недела се очекува компромис за спорот меѓу Македонија и Бугарија, така што Софија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја блокира Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите. Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да ѝ се гарантира …

„24 часа“ сега најавува тргање на бугарското вето за Македонија  Read More »

Заев и Каракачанов се смирија, си закажаа кафе или ракија


По десетдневен молк бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов се приклучи на интервјуто на премиерот Зоран Заев за Канал 77, каде што остана на своите ставови што, како што нагласи, не ги сменил со децении, но со многу попомирлив тон. Интервјуто на некој начин навести дека престои пресврт во спорот меѓу Македонија и Бугарија и …

Заев и Каракачанов се смирија, си закажаа кафе или ракија Read More »

СДСМ: ЕУ оцени дека Мицкоски е извор на лажни вести


Профилот на социјалните мрежи на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на неговиот ментор од Будимпешта, како и на неколку медиуми блиски до опозицијата се извори на дезинформации,тврди денес СДСМ повикувајќи се на документ на Европската унија.   -Ова се наведува во студијата посветена на мапирање на лажните вести, подготвена од Генералниот директорат за надворешна …

СДСМ: ЕУ оцени дека Мицкоски е извор на лажни вести Read More »

Вархеи порачува да продолжиме да бараме решение со Бугарија


Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, на барање на „Независен“ ја објасни позицијата на еврокомесарот Оливер Вархеи околу ветото на Бугарија и тврдењето на „Политико“ деновиве дека за ова прашање е многу тивок.    „Ги охрабруваме двете страни да ги продолжат напорите да најдат решение за  отворените билатерални прашања. Се надеваме дека наскоро може да …

Вархеи порачува да продолжиме да бараме решение со Бугарија Read More »

(Видео) Историската комисија со нула резултат, се сопнале на „македонски“ и Цар Самоил


Голем дел од дводневната средба бил посветен на усвојување на записниците од две претходни средби кои останале непотпишани поради употребата на придавката „македонски“. Бугарските историчари инсистирале во учебниците Цар Самоил да се означува единствено како бугарски владетел   По дводневни дискусии, македонско-бугарската Комисија за историски прашања завршила со „нула резултат“, при што според изнесеното на …

(Видео) Историската комисија со нула резултат, се сопнале на „македонски“ и Цар Самоил Read More »

Обезбедени 833.000 вакцини за Македонија, ќе се преговара за уште повеќе


Министерот Венко Филипче соопшти дека преку „Ковакс“ системот се обезбедени 833.000  вакцини за 400.000 граѓани. Тој додаде и дека се доставени барања до две дополнителни компании „Астра Зенека” и „Фајзер” за нивните вакцини, се очекува нивна потврда за набавка на дополнителна количина.   Приоритет за вакцинирање за ковид-19 ќе имаат здравствените работници кои се директно …

Обезбедени 833.000 вакцини за Македонија, ќе се преговара за уште повеќе Read More »