„24 часа“ сега најавува тргање на бугарското вето за Македонија 


Според бугарскиот весник „24 часа“, во текот на следната недела се очекува компромис за спорот меѓу Македонија и Бугарија, така што Софија ќе добие гаранција дека во секое време ќе може да ја блокира Македонија откако земјава ќе ги почне преговорите.

Како што објавува весникот, идејата на влијателни европски политичари е да ѝ се гарантира на Бугарија дека нема „повеќе да биде измамена“, но и на Скопје дека нема да ја изгуби шансата за полноправно членство во ЕУ.

„Бидејќи повеќето наши барања, како што е отстранувањето на говорот на омраза во учебниците, не се нешта што се случуваат веднаш, Бугарија ќе има право на вето во секое време“, пишува „24 часа“.

Според бугарскиот весник, тоа може да се случи ако сите спорни прашања бидат вклучени во патоказот за членство на Македонија, што ќе го одобри Советот на ЕУ. Така, во случај на непочитување на договорите или неисполнување на која било од обврските, Софија во секое време ќе може да наметне вето.