БТА: Проширувањето симнато од агендата на ЕУ до крајот на годинава


Одлучувањето за проширување на ЕУ е надвор од агендата до крајот на годината. Ова го објави висок европски дипломат, кој побара анонимност – јави пред малку бугарската агенција БТА.

Според агенцијата, дипломатот истакнал дека дотогаш не се очекува никаков напредок во врска со споровите околу рамката за преговори за Северна Македонија. Според него, не е предвидено разделување на Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес и датумите за одржување на првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана треба да бидат објавени во исто време кога ќе се постигне едногласност за проширувањето.