Нема бојкот кога се гласа за давање пари на партиите


 

Законот за финансирање политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем со поддршка и од власта и од опозицијата.

Со овој закон партиите си овозможуваат да им се вратат назад парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата. Ова значи дека околу четири милиони евра ќе им бидат доделени на политичките партии.

На политичките партии на кои им се исплатени средства во износ согласно со  Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година за време на вонредната состојба, ќе им се исплати разликата на средства најдоцна до 31 декември 2020 година.