Не се откриваат имињата на советниците што работат без хонорар


 
 

Власта не ги открива имињата на членовите на новото владино советодавно тело „За татковината со љубов“. Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели дека без согласност на советниците, нивните имиња нема да излезат во јавност. За да не ја наруши, како што вели, нивната приватност, Битиќи само откри дека станува збор за универзитетски професори, членови на политички партии, бизнисмени и синдикалци. Групата била родово и етнички балансирана.

„Верувајте таа група не е за конспирации во државата, туку е добронамерна затоа што работи од срце, со љубов за државата“, вели Битиќи.

За советниците не е предвиден хонорар, а групата не е финална и ќе се проширува, вели вицепремиерот. Во неа засега има 23 експерти.

Инаку, во состав на кабинетот на вицепремиерот за економија има шест редовни советници и еден шеф на кабинет.