ВМРО-ДПМНЕ: Со пресудата за 27 април се сее страв кај политичките непријатели


СДСМ ја нарече нервозна одбраната од страна на ВМРО-ДПМНЕ на лицата кои денеска беа осудени како организатори на упадот од крвавиот четврток.   -Таа само потврдува дека во  оваа партија нема никаква промена, дека таму се уште е силно присутна режимско насилничката матрица. Крвавиот настан на 27 април, на кој учествуваше и самиот Христијан Мицкоски, …

ВМРО-ДПМНЕ: Со пресудата за 27 април се сее страв кај политичките непријатели Read More »

Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци


Повеќе од два милиони сириски граѓани се вратија во својата татковина, изјави денеска шефот на Рускиот национален центар за државна одбрана, генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој е и шеф на Заедничкиот координативен центар за бегалците што се враќаат во Сирија. – До денеска, повеќе од 2.278.000 сириски граѓани се вратија во своите домови, над 1.362.000 се внатрешно раселени лица, а над 915.000 бегалци се дојдени од …

Во Сирија се вратиле повеќе од два милиони бегалци Read More »

Георгиевски: Македонското знаме за мене е светост, одам да победам


 Борба за највисок пласман најави таеквондистот Дејан Георгиевски, кој утре наутро ќе биде четвртиот македонски претставник со настап на Олимписките игри во Токио. Прв противник на Георгиевски ќе биде актуелниот светски првак Рафаел Алба од Куба, а борбата е закажано со почеток во 06:45 по македонско време. – Првата борба одам на светскиот првак, тоа …

Георгиевски: Македонското знаме за мене е светост, одам да победам Read More »

ВМРO-ДПМНЕ обвинува дека со новиот буџет ќе се задолжиме нова милијарда евра


Собранието трет ден одржува општа расправа за дополнетиот ребаланс на Буџетот во кој се вметнати и осумте амандмани усвоени на матичната Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа може да трае пет дена. Во текот на расправата пратениците од власта нагласија дека ребалансот е развоен и дека со него се зголемуваат средствата за инвестиции и …

ВМРO-ДПМНЕ обвинува дека со новиот буџет ќе се задолжиме нова милијарда евра Read More »

Либан доби премиер милијардер


 По консултациите со различните парламентарни блокови, либанскиот претседател Мишел Аун денеска го назначи новиот премиер на земјата, Наџиб Микати, чија влада треба да се справи со исклучително сериозните економски тешкотии во земјата, соопшти претседателската палата во Бејрут. Микати (66), милијардер и бизнисмен, кој веќе двапати беше премиер на Либан, во 2005 и 2011 година, денеска …

Либан доби премиер милијардер Read More »

Државниот архив упати повик до иселеништвото за доставување архивски материјали од национално значење


 Државниот архив во соработка со Агенцијата за иселеништво, ги повикува сите индивидуалци и претставници на иселенички организации кои поседуваат материјали, списанија, признаници, резолуции, статути и други важни документи што сведочат за постоењето, дејствувањето и заложбите на иселениците во негувањето на културата, традицијата, обичаите и други белези од национално значење, да ги достават до Државниот архив, …

Државниот архив упати повик до иселеништвото за доставување архивски материјали од национално значење Read More »

По 6 години затвор за Вељаноски, Ристовски и Јанакиески


Судечкиот совет од Основниот кривичен суд Скопје ја објави пресудата за случајот „Организатори на 27 април“, со која поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски доби 6 години и 6 месеци затвор, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески 6 години и три месеци, поранешниот министер за образование Спиро Ристовски 6 години и три месеци, …

По 6 години затвор за Вељаноски, Ристовски и Јанакиески Read More »

Заев: Скопје не ги заборава жртвите од земјотресот


 Денеска се сеќаваме на 26 јули 1963 година, кога во 5 часот и 17 минути беа урнати 15.800 станови, оштетени 28.000, а над 200.000 луѓе остана без покрив над глава. Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје, и им го одзеде животот на над илјада скопјани. Ова го …

Заев: Скопје не ги заборава жртвите од земјотресот Read More »

Нов рекорд во САД: За една недела 430 убиени и над 1.000 повредени при оружени напади


Во САД е регистриран нов неделен максимум на инциденти со огнено оружје – во периодот од 17 до 23 јули имало 915 случаи, 430 лица загинале и 1.007 биле повредени, јави Ен-Би-Си и организацијата Gun Violence Archive. Статистичките податоци покажуваат драстично зголемување на тој вид инциденти во последниве години. Во 2020 година, 43.000 Американци загинаа …

Нов рекорд во САД: За една недела 430 убиени и над 1.000 повредени при оружени напади Read More »

Американците нови лидери во пласманот по освоени медали


 Соединетите Американски Држави се искачија на првото место во пласманот според освоени медали на Олимписките игри во Токио. Во јапонската престолнина во тек се натпреварите од третиот натпреварувачки ден, а за прв пат од почетокот на Игрите, САД се предводници на листата медалисти. Американците досега имаат седум златни медали, три сребрени и четири бронзени. На …

Американците нови лидери во пласманот по освоени медали Read More »

Минчев: Бугарија нема интерес за признавање на „бугарско малцинство“ во Македонија


Бугарија не е заинтересирана да бара признавање на „бугарско малцинство“ во Северна Македонија, објави на Фејсбук познатиот бугарски политиколог Огнен Минчев. Според него,  врз база на билатералната бугарско-македонска декларација од 1999 година е утврден принципот земјите да имаат обврска да ги почитуваат индивидуалните права на своите граѓани на самоидентификација и слободно изразување на својот идентитет …

Минчев: Бугарија нема интерес за признавање на „бугарско малцинство“ во Македонија Read More »

Пријателите на Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ


Конгресмените Брендан Бојл и Џо Вилсон, кои ги предводат групите за пријателство со Северна Македонија и со Бугарија во Конгресот на САД, ќе раковидат и со конгресната Група за соработка со Европската унија. Конгресменот Бојл ќе ја извршува оваа задача истовремено и како копретседавач со Групата за пријателство со Северна Македонија и македонската заедница во …

Пријателите на Македонија и Бугарија во Конгресот на САД ќе ја предводат групата за ЕУ Read More »

Состанок во Лондон за климатските промени


 Министрите за животна средина и претставници на 51 земја одржуваат подготвителен состанок во Лондон, клучен за успехот на климатскиот самит COP26 во Глазгов во ноември. Разговорите во Лондон под британско претседателство со COP26, во кои учествуваат и САД, Кина и Индија, се одвиваат откако по состаноците кои завршија во средината на јуни. Како што јавија …

Состанок во Лондон за климатските промени Read More »

Груби за одлуката на УНЕСКО: Да работиме заедно за да нема повторно слични ситуации


Да ја исполниме обврската и да ги спроведеме препораките, како и да работиме заедно за да немаме слични ситуации во иднина, вели првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во врска со одлуката на УНЕСКО со која Охридскиот регион останува на листата на заштитени подрачја.   Груби во објавата …

Груби за одлуката на УНЕСКО: Да работиме заедно за да нема повторно слични ситуации Read More »

И Германија сака да ги ограничи невакцинираните


 Германија денеска соопшти дека можеби е потребно да се воведат ограничувања за невакцинираните лица, доколку бројот на заразени во земјата во следните месеци повторно достигне максимум. Шефот на кабинет на германската канцеларка, Хелге Браун, за „Билд ам Зонтаг“ изјави дека не очекува уште еден локдаун поради коронавирусот во Германија. Браун кажа дека на невакцинираните лица …

И Германија сака да ги ограничи невакцинираните Read More »

УНЕСКО денес ќе „пресече“ за Охрид


  Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО) денеска ќе заседава и треба да донесе одлука дали Охрид ќе биде ставен на Листата на светски културни и природни богатства во опасност или  ќе добие дополнителен рок од две години за да ги спроведе препораките на УНЕСКО. Вчера премиерот …

УНЕСКО денес ќе „пресече“ за Охрид Read More »

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 30 до 45 миниути


На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“ задржувањето за влез и излез од државата е од 30 до 45 миниути, со можност за зголемување во наредните часови. Како што информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се …

На ГП „Богородица“ и „Табановце“ се чека од 30 до 45 миниути Read More »

Премиерот смета дека сме му испорачале резултати на УНЕСКО


Премиерот Зоран Заев смета дека се постигнати резултати во Охрид и дека во очите на УНЕСКО е сменета сликата за градот.    -Благодарение доминантно на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и на неговиот совет и општинската администрација, со сите аргументи коишто беа претставени до УНЕСКО, се смени сликата за Охрид заради резултатите што досега се …

Премиерот смета дека сме му испорачале резултати на УНЕСКО Read More »

Заев: СДСМ е фаворит во сите градови


 Граѓаните се светост и само тие определуваат кој треба да биде избран за градоначалник и затоа ние ги селектираме најдобрите можни кандидати, истакна премиерот Зоран Заев и прв човек на партијата на власт СДСМ, а во врска со амбиентот пред престојните локални избори. Премиерот Заев нагласи дека СДСМ е фаворит во сите градови затоа што …

Заев: СДСМ е фаворит во сите градови Read More »

Почна олимпискиот ракометен турнир, Начевски и Соколов судеа на стартот


Без изненадување мина првото коло од олимпискиот ракометен турнир на кој денеска својот прв натпревар во Токио го судеше македонската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Македонските арбитри ја делеа правдата на натпреварот во кој Египет ја совлада Португалија со 37:31, додека, претходно во дербито на првото коло, Шпанија минимално ја совлада Германија со 28:27. …

Почна олимпискиот ракометен турнир, Начевски и Соколов судеа на стартот Read More »