Рашковски на судење: Ни Холивуд не може да го режира ова (ВИДЕО)


  Почетокот на судењето за случајот „Софтвери“ против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски и шест други лица беше одложено денеска поради отсуство на обвинетата Маја Силјановска. Одбраната на Рашковски се жали дека доказите се собрани на незаконски начин. Тој тврди дека не стекнал средства на незаконски начин и дека сѐ што поседува сега, …

Рашковски на судење: Ни Холивуд не може да го режира ова (ВИДЕО) Read More »

Македонија скокна 24 места на индексот за корупција


 Македонија скокна 24 места на Глобалниот индекс на перцепција на корупцијата 2021, објавен денеска од Транспаренси Интернешнл (ТИ).  Таа со освоени 39 бодови се најде на  87. место од вкупно 180 земји мерени во светот и можни 100 бодови, а лани беше на 111-то.  „Земјата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција …

Македонија скокна 24 места на индексот за корупција Read More »

Димитар Ковачевски: Меѓувладината седница е успех


  Меѓувладината седница е успех, бидејќи само по една недела од нашата прва средба со бугарскиот премиер Кирил Петков договоривме поконкретно да работиме на теми кои ќе ја подобрат економијата, инфраструктурата, иновациите, образованието, културата, на се она што значи подобра комуникација меѓу граѓаните, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на меѓувладината седница на двете …

Димитар Ковачевски: Меѓувладината седница е успех Read More »

Министерството за земјоделство ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ


Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство  ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно …

Министерството за земјоделство ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

ВМРО-ДПМНЕ: И Зечевиќ ширел ковид на Водици


Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од ковид тестирањето на Миле  Зечевиќ, повикаа од ВМРО-ДПМНЕ тврдејќи дека и тој бил позитивен и ширел ковид на Водици, како градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за кого беше најавена кривична пријава.  -Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што …

ВМРО-ДПМНЕ: И Зечевиќ ширел ковид на Водици Read More »

МИА отвори Прес-центар во Софија


Медиумската информативна агенција – МИА денеска го отвори својот прес-центар во Софија, на чие отворањето присустуваа и премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Како мошне важен чекор во насока на унапредување на севкупната соработка меѓу двете земји, двајцата премиери го оценија отворањето на прес-центарот на МИА во Софија, а што …

МИА отвори Прес-центар во Софија Read More »

Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина


Персоналот на германската амбасада и нивните семејства остануваат во главниот град на Украина, Киев, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, пренесува Дојче веле. „Меѓутоа, ситуацијата постојано се преоценува, а безбедноста на службениците има највисок приоритет“, изјави Бербок пред средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел. Дипломатите, како и членовите на …

Бербок: Германските дипломати остануваат во Украина Read More »

Формиран е Градски eко совет


Во рамки на Град Скопје, денеска се формираше Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. -Дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина, се дел од новоформираниот Градски еко совет – Зелен совет на Град Скопје. Овој Совет …

Формиран е Градски eко совет Read More »

Левица ќе поднесе предлог за укинување на апанажата


Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог – Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката – со цел укинување на апанажата. -Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги …

Левица ќе поднесе предлог за укинување на апанажата Read More »

ЕУ договара заеднички став за кризата околу Украина


Министрите за надворешни работи на ЕУ се собраа денеска во Брисел за да се обидат да договорат заедничка позиција за безбедносната криза и како да ја спречат Русија од инвазија врз Украина. – Ситуацијата е многу тензична и тешко е да се предвиди исходот, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман. Тој истакна …

ЕУ договара заеднички став за кризата околу Украина Read More »

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги поднесоа законски измени за бришење на „пржинската влада“


ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска до Собранието поднесоа Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Влада со цел да се избришат одредбите пред избори да се формира преодна, односно т.н. пржинска влада. Очекуваат предлогот да биде ставен на седница што ќе се одржи во среда и бараат што побрзо одржување предвремени …

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги поднесоа законски измени за бришење на „пржинската влада“ Read More »

Најсовремените стелт ловци на НАТО по првпат на Балканот поради кризата во Украина


Холандија ќе испрати два најсовремени борбени авиони од петта генерација Ф-35А во Бугарија на пролет, како привремено засилување на силите на НАТО на Балканот, со што земјата сака да испрати порака дека цврсто ќе дејствува кон потенцијалната руска интервенција во Украина, пренесува Бета. „Членките на НАТО заземаат различни позиции за источното прашање и испраќаат некои …

Најсовремените стелт ловци на НАТО по првпат на Балканот поради кризата во Украина Read More »

Богоев: Спорен е начинот и тајмингот за барањето да се укине Пржинската влада


ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе достави до Парламентот предлог за укинување на техничката влада и ја повика власта да го поддржи заедно со барањето за предвремени избори. Но таа идеја засега не наидува на поддршка од СДСМ. Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вели дека е спорен начинот и тајмингот за оваа иницијатива на опозицијата. -Техничката …

Богоев: Спорен е начинот и тајмингот за барањето да се укине Пржинската влада Read More »

Рашковски: Мојот софтвер можеше да спасува животи на патиштата


Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски во допис до јавноста тврди дека со системот за сообраќајни прекршоци, што го набави тој за 70.000 евра, ќе се намали бројот на жртвите за една половина, бројот на повредените за две третини и материјалната штета за повеќе од половина. „Софтверот на Рашковски“ не е софтвер на Рашковски, …

Рашковски: Мојот софтвер можеше да спасува животи на патиштата Read More »

Израел: Четвртата доза вакцина штити од потешка форма на Ковид-19


– Четвртата доза на вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица постари од 60 години ги прави трипати поотпорни на сериозен облик на болеста од луѓето кои примиле засилувачка доза, соопшти израелското Министерство за здравство. Министерството додаде дека четвртата доза, или вториот бустер, двојно ја зголеми отпорноста на инфекција во истата возрасна група, во споредба со луѓето …

Израел: Четвртата доза вакцина штити од потешка форма на Ковид-19 Read More »

Бухова не гледа основа за тужбата на Пецаков


Иринка Сотирова Бухова, директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, му порача на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој најави дека ќе ја тужи, дека законот е јасен кога станува збор за однесувањето за време на тестирање против Ковид-19.   Пецаков, при тестирање за патување во странство добил позитивен резултат на Ковид 19, по завршувањето …

Бухова не гледа основа за тужбата на Пецаков Read More »

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе бараат укинување на пржинската влада


Бришење на околу девет точки од Законот за влада што се однесуваат на техничката влада пред избори ќе побараат во понеделник од ВМРО ДПМНЕ, кои упорно инсистираат на предвремено изборно соочување.  Од партијата не прецизираат за кои точки поточно се работи, но потврдуваат дека се бара укинување на техничката влада договорена во Пржино и враќање …

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе бараат укинување на пржинската влада Read More »

Ден пред преземањето БЕГ склучил договор за мазут од 40 милиони евра


Само ден пред преземањето на управувањето на топлинската енергија од ЕСМ, компанијата БЕГ склучила договор во вредност од 40 милиони евра за набавка на 52.1 милиони килограми мазут со фирмата РКМ на бизнисменот Ратко Капушевски, известува ТВ21. Договорот бил постигнат преку рамковна спогодба на 20 јануари годинава по цена од 39.26 денари за килограм мазут, кој …

Ден пред преземањето БЕГ склучил договор за мазут од 40 милиони евра Read More »

Пецаков ќе добие кривична пријава, бил на Водици место во самоизолација


Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ќе добие кривична пријава оти утрото на Водици направил корона-тест и наместо да го почека резултатот во самоизолација, учествувал на одбележувањето на верскиот празник, а потоа добил и позитивен резултат.Откако за ова се дознало во Охрид,  граѓаните распаметени барале термини за тестирање.   Пецаков, во изјава за порталот вели дека …

Пецаков ќе добие кривична пријава, бил на Водици место во самоизолација Read More »

ЕСМ ги потпиша договорите со БЕГ, објавени детали


– АД ЕСМ ги потпиша договорите за деловно-техничка соработка со трите правни субјекти на Балкан Енерџи (Производство, Дистрибуција и Снабдување). Од компанијата соопштија детали од потпишаните договори. Договорот предвидува влегување на АД ЕСМ во раководењето на Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје преку назначување прокуристи, лица вработени во АД ЕСМ, чиј потпис ќе биде врзан со потписот …

ЕСМ ги потпиша договорите со БЕГ, објавени детали Read More »