Нова санкција: Путин и богатите Русинки ќе останат без ботокс


Поради војната во  Украина, американската биофармацевтска компанија AbbVie го прекина снабдувањето со ботокс и филери за Русија – најпопуларните производи во руската естетска медицина. „Боже, како Русинките од политичката елита ќе преживеат без ботокс????? Конечно доаѓаат вистински санкции“, беше првиот коментар на украинските социјални мрежи.

Русите бегаат и порачуваат: Засрамени сме!


Ксенија можеше да ги види сигналите за војната. Имаше засилена пропаганда на државната телевизија, оклопни возила и тенкови се движеа од околината на Москва кон украинската граница и имаше застрашувачки извештаи во меѓународните медиуми кои таа внимателно ги следеше. Оваа 27-годишна девојка го предупреди своето семејство и момчето, кое се насмеа на нејзината загриженост. Како  активист …

Русите бегаат и порачуваат: Засрамени сме! Read More »

Финансиер на Републиканците го искритикува воениот имиџ на Зеленски и ги збесна Американците


Републикански финансиер во САД покрена врз себе лавина од критики откако на социјалните мрежи ја искритикува облеката што ја носеше украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговиот говор пред американските пратеници. Питер Шиф, поранешен кандидат за Конгресот во Конектикат и главен економист во гигантот од Волстрит, „Еуро Пацифик Капитал’, го нападна Зеленски на крајот …

Финансиер на Републиканците го искритикува воениот имиџ на Зеленски и ги збесна Американците Read More »

Путин им се закани на „предавниците“ и ги нарече „ѓубре“


Рускиот лидер Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да ја „дестабилизира“ и „распарчи“ Русија и испрати предупредување до сите во неговата земја што ги означи како предавници. Обраќајќи им се на владините министри речиси три недели од војната во Украина, рускиот претседател рече она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ се одвива …

Путин им се закани на „предавниците“ и ги нарече „ѓубре“ Read More »

Хрватска запленила три јахти и блокирала шест компании поврзани со Русија


Хрватските власти досега заплениле три брода поврзани со правни или физички лица кои се најдоа на списокот на санкционирани од ЕУ поради руската агресија во Украина. Дознаваме дека се работи за бродови лоцирани во Риека, Бетина и Скрадин, но уште три брода наводно се поврзани со руски физички и правни лица, за чија блокада наводно …

Хрватска запленила три јахти и блокирала шест компании поврзани со Русија Read More »

Лажниот мит за Кадиров: „Тигар“ на зборови, „маче“ на теренот во Украина


Помина полноќ на 4 март, а Рамзан Кадиров звучи пијан и издрогиран, или можеби само депресивен и лут. Осум дена по руската инвазија на Украина, војната, се чини, не се одвива според планот. Во бурната гласовна порака која трае речиси осум минути, чеченскиот моќник – еден од најистакнатите сојузници на Владимир Путин – жали за …

Лажниот мит за Кадиров: „Тигар“ на зборови, „маче“ на теренот во Украина Read More »

Одбележани три децении дипломатски односи со Словенија


Односите на Северна Македонија и Словенија се многу повеќе од политичка, економска и културна соработка. Тие се темелат на блискоста на народите, и доказ дека минатите врски можат успешно да се обноват и да се надградат, порачаа денеска учесниците на настанот за одбележување на 30-годишнината од воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. –Република Македонија и …

Одбележани три децении дипломатски односи со Словенија Read More »

Украина се надева на евакуација на цивили преку девет коридори


Украина се надева дека денеска ќе евакуира цивили преку девет хуманитарни коридори од градовите, вклучително и од Мариупол, изјави вицепремиерката Ирина Верешчук, додека во Чернигов се зголемува бројот на жртви, а погодено е и училиштето во Мерефа.   Евакуацијата би се случила еден ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили намерно нападнале …

Украина се надева на евакуација на цивили преку девет коридори Read More »

Повеќето од луѓето го преживеале нападот врз театарот во Мариупол


Украинските власти соопштија дека скривницата во театарот во Мариупол го издржала бомбардирањето, дека моментално се работи на извлекување на луѓето, како и оти повеќето од луѓето успеале да го преживеат нападот. „Зградата е уништена. Повеќе од илјада жени и деца се наоѓаат во засолништето во подрумот на мариуполскиот театар, ја пренесува Би-Би-Си изјавата на пратеникот, …

Повеќето од луѓето го преживеале нападот врз театарот во Мариупол Read More »

Обраќање на Зеленски пред Конгресот, ја спореди војната со 11 Септември (ВИДЕО)


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во своето обраќање пред американскиот Конгрес, го спореди ужасот од руската војна во неговата земја со Перл Харбор и нападите од 11 септември. „Ова е терор што Европа не го видела, не го видела 80 години“, рече Зеленски. Зеленски му се обрати на американскиот претседател Џо Бајден дека да се …

Обраќање на Зеленски пред Конгресот, ја спореди војната со 11 Септември (ВИДЕО) Read More »

Бајден размислува за испорака на противтенковски беспилотни летала – камикази за Украина


Американскиот претседател Џо Бајден размислува за испраќање американски противтенковски беспилотни летала – камикази „Switchblade“ во Украина, како дел од одбранбениот пакет од една милијарда долари, чија цел е да одговори на барањата за помош од украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави МејлОнлајн. Малите, лесни и релативно евтини оружја – камикази, кои всушност претставуваат бомби со далечински …

Бајден размислува за испорака на противтенковски беспилотни летала – камикази за Украина Read More »

Украинците масовно веруваат дека ќе победат, 80 отсто учествуваат некако во одбраната


 Според истражувањето спроведено од Социолошката група „Рејтинг“ од 8 до 9 март, 91% од Украинците имаат надеж кога размислуваат за ситуацијата во Украина и дури 92%  веруваат дека можат да ги одбијат руските напади со кои се соочуваат. Само 6% се чувствуваат безнадежно.  Исто така,  57% од испитаниците веруваат дека Украина може да ја добие …

Украинците масовно веруваат дека ќе победат, 80 отсто учествуваат некако во одбраната Read More »

Во Чернобил снемува гориво за ладење на радиоактивниот отпад


Градоначалникот на украинскиот град каде руските војници ги држат како заложници работниците од нуклеарната централа Чернобил, предупреди на „целосна катастрофа“. Јуриј Фомичев, градоначалник на Славутич во северниот дел на земјата, упати очајна молба во која се вели дека на градот му снемува гориво на локацијата, вклучително и резервни генератори за итни случаи за неговите безбедносни …

Во Чернобил снемува гориво за ладење на радиоактивниот отпад Read More »

Градска советничка во Русија дошла на состанок во боите на Украина


Градски советник во Русија предизвика бес кај колегите откако се појавила на состанок носејќи венец од националниот цвет на Украина на главата. Пирогова Хелга, членка на градскиот совет на Новосибирск, во Сибир, објави слика на која е облечена во синa блуза и со круна од жолти сончогледи – боите на украинското знаме. Хелга тврдеше дека …

Градска советничка во Русија дошла на состанок во боите на Украина Read More »

Славната Б.Б. порача: Се срамам од ЕУ, ниедна криза не е решена со „бла, бла“’


Славната француска глумица и активист Брижит Бардо рече дека се „срами“ од реакциите на  Европската унија по руската инвазија на Украина, оценувајќи дека за нејзин вкус тие се премногу страшни. „Тоа е непристојно и се срамам! Никогаш „бла-бла“ не спасила или подобрила вакви драматични ситуации“, напиша поранешната актерка во писмото објавено на нејзиниот Твитер профил. …

Славната Б.Б. порача: Се срамам од ЕУ, ниедна криза не е решена со „бла, бла“’ Read More »

Стразбур: Нема место за земја агресор во Советот на Европа


Вчерашниот состанок во Парламентарното Собрание на Советот на Европа  беше историски. Неговата препорака до Комитетот на министри на Советот на Европа да ја исклучи Русија по 25 години испраќа недвосмислена порака: „Од 25 февруари  војната што ја води Руската Федерација против Украина сигнализираше отворање на нова фаза во европската историја. Руската Федерација избра регресивна присила …

Стразбур: Нема место за земја агресор во Советот на Европа Read More »

Русија го загуби четвртиот генерал во Украина и седум специјалци


Русија загуби уште еден од своите генерали во војната во Украина, соопшти Киев, заедно со седум членови на елитните сили под директна команда на Владимир Путин. Генерал-мајор Олег Митјаев (47), командант на 150-та армиска моторизирана дивизија загинал борејќи се околу опколениот град Мариупол, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи, додека официјални лица објавија фотографија од, како …

Русија го загуби четвртиот генерал во Украина и седум специјалци Read More »

Десет Украинци убиени додека чекале ред за леб (ВИДЕО)


десет Украинци денес наутро биле убиени во градот  Чернихив додека чекале ред за да купат леб. На нив отвориле оган руските сили кои со денови го напаѓаат градот. #Ukraine Unimaginable. In Chernihiv, 10 people waiting in line for bread were shot dead. Ukrainian Suspilne reported that it happened this morning in one of the sleeping …

Десет Украинци убиени додека чекале ред за леб (ВИДЕО) Read More »

Русија нуди неутрален воен статус за Украина, Киев одбива


Кремљ соопшти дека го разгледува предлогот Украина да се прогласи за неутрална држава по моделот на Шведска или Австрија како „одреден компромис“. Ова денеска го соопшти прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков. „Ова е опција за која навистина се разговара сега и на која може да се гледа како на одреден компромис“, изјави портпаролот …

Русија нуди неутрален воен статус за Украина, Киев одбива Read More »

Светски познатиот руски пијанист Березовски побара „повеќе цврстина“ со Украинците


Меѓународно познатиот руски пијанист Борис Березовски сака да види зголемен притисок врз градот Киев, на кој му се заканува опсада од страна на руските вооружени сили веќе три недели. „Разбирам дека се сожалуваме на Украинците, дека полека го спроведуваме тоа, но да бидеме поцврсти, да ги опкружиме и да им ја прекинеме струјата“, побара тој  …

Светски познатиот руски пијанист Березовски побара „повеќе цврстина“ со Украинците Read More »