Путин им се закани на „предавниците“ и ги нарече „ѓубре“


Рускиот лидер Владимир Путин го обвини Западот дека се обидува да ја „дестабилизира“ и „распарчи“ Русија и испрати предупредување до сите во неговата земја што ги означи како предавници.

Обраќајќи им се на владините министри речиси три недели од војната во Украина, рускиот претседател рече она што Москва го нарекува „специјална воена операција“ се одвива според планот и дека неговата земја е подготвена да разговара за неутрален статус на Украина.

Путин потоа уште еднаш ги нападна западните сили, велејќи дека тие сакаат да ја претворат Русија во „слаба зависна земја, да го нарушат нејзиниот територијален интегритет и  да ја распарчат Русија на начин што ним им одговара“.

Рускиот лидер, исто така, ги критикуваше граѓаните што ги нарече „ѓубриња и предавници“ и рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за да ја уништи Русија.

„Секако дека тие (Западот) ќе сметаат на таканаречената петта колона, на предавниците – на оние што ги заработуваат парите овде, а живеат таму. Во живо, не во географска смисла, туку во смисла на нивната мисли, нивното ропско размислување“, рече Путин, па додаде : „Западот сака да го подели нашето општество… да предизвика граѓанска конфронтација во Русија и да ја искористи својата петта колона за да ја постигне својата цел. И, има една цел – уништување на Русија“, рече тој во телевизиско обраќање.

Путин зборуваше на владин состанок на кој се разговараше за мерките за економска поддршка по невидениот бран санкции од Западот поради инвазијата на Украина.

Тој  го призна сериозното влијание на санкциите, велејќи дека инфлацијата и невработеноста ќе се зголемат и ќе бидат потребни структурни промени во економијата – но нагласи дека земјата може да ја преброди бурата.

„Западот не се ни мачи да сокрие дека нивната цел е да ја оштетат целата руска економија, секој Русин“, рече Путин.

По прашањето за предложениот неутрален статус за Украина, Путин рече дека Русија е подготвена да разговара за тоа.

„ За прашањето што е принципиелно за нашата земја и нејзината иднина – неутралниот статус на Украина, нејзината демилитаризација и нејзината денацификација – бевме подготвени и подготвени сме да разговараме како дел од преговорите’, рече тој.