„Дневник“ анализира: Зошто укинувањето на бугарското вето нема да се случи сега?


Бугарскиот весник „Дневник“ ги анализира шансите да се дигне ветото на Бугарија за Македонија во ЕУ  заклучувајќи дека нема шанси тоа да се случи сега, т.е. на самитот во јуни, пред се поради внатрешни политички превирања, но со забелешка дека притисокот тоа сепак да се случи значајно се зголемува од оваа недела. Според „Дневник“ откако …

„Дневник“ анализира: Зошто укинувањето на бугарското вето нема да се случи сега? Read More »

Бежоска: Заради инфлацијата Народната банка постепено ја зголемува каматата


Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. Ова било истакнато на средбата меѓу …

Бежоска: Заради инфлацијата Народната банка постепено ја зголемува каматата Read More »

Апел до матурантите да не возат ако пијат алкохол


Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на матурските прослави апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. -Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и почеток на …

Апел до матурантите да не возат ако пијат алкохол Read More »

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ. Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски …

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ Read More »

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Неколку часа пред неговото прво претседателско патување во Азија, Бајден разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и со финскиот претседател …

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска Read More »

СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања. Притоа, тој ја повика Русија да обезбеди пристап до местата во Украина кои ги контролираат или држат под опсада нејзините војници, со цел да се …

СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина Read More »

Министерот Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци за математика


 Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата во МОН со двајцата основци за кои математиката е како игра. Како што информираат од МОН, …

Министерот Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци за математика Read More »

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат


Јорданскиот крал Абдула Втори денеска во многу остро писмо јавно го потврди своето несогласување со својот полубрат принцот Хамза и го официјализираше куќниот притвор на поранешниот престолонаследник, нарекувајќи го „нестабилен“. Како што е наведено во писмото, кралот одобрил притворање на принцот Хамза во неговата палата и ги ограничил неговите комуникации и движење, наведувајќи ги како …

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат Read More »

Од Азовстал досега се предадоа 959 украински војници


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела. – Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени“. 

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер


Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите. Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа …

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер Read More »

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на  новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите. Апсолутно е неприфатливо да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како …

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција Read More »

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата?


Есента 2021 година ќе биде запаметана по енормниот скок на цените на електричната енергија, и според сите предвидувања, високи цените и понатаму ќе се задржат. Растот на цените на берзите го запали алармот за зголемување на домашното производство на секаков можен начин. Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) пак, испорачуваа струја по веќе договрена цена со …

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата? Read More »

Велика Британија  потопла од Крит, Миконос и Санторини


Велика Британија  е  потопла од Крит, по најавите дека температурите деновиве ќе достигнат до 26 степени Целзиусови во најтоплиот ден од годината. Температурите веќе достигнаа 22 степени Целзиусови во југоисточниот дел. Делови од земјата ќе бидат потопли од некои грчки острови како Санторини  и Миконос, па дури и ќе го надминат Лос Анџелес во Калифорнија …

Велика Британија  потопла од Крит, Миконос и Санторини Read More »

Кремљ: Бранителите на Мариупол ќе бидат третирани во согласност со „меѓународните закони“


Стотици украински борци од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол се однесени на територии под контрола на Русија, пренесе Би-Би-Си. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да коментира за статусот на евакуираните војници и не одговори дали украинските војници ќе бидат третирани како воени злосторници или како воени заробеници. – Путин гарантира дека тие ќе бидат третирани во согласност со …

Кремљ: Бранителите на Мариупол ќе бидат третирани во согласност со „меѓународните закони“ Read More »

Грант од три милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали


Со три милиони евра неповратен грант од Банката за развој при Советот на Европа ќе бидат реконструирани 30 спортски сали во основни и средни училишта и ќе биде набавена спортска опрема за 50 сали во основни училишта. Рокот за реализација на грантот за кој се наменети средствата е крајот на 2024 година. Договорот за грантот …

Грант од три милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали Read More »

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска


Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст. -Министерството за правда ќе ја преипита постапката на раководителката и ќе преземе се што е во рамките на надлежностите и ингеренциите, а во најкус можен …

Министерство за правда: Дисциплинска комисија ќе го испитува случајот со новинарката Делевска Read More »

Линде го потпиша барањето на Шведска за влез во НАТО


 Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО. Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност. Шведската министерка за надворешни работи изјави …

Линде го потпиша барањето на Шведска за влез во НАТО Read More »

Првпат по 50 години Конгресот на САД ќе расправа за НЛО


Двајца високи претставници на американското воено разузнавање денеска треба да сведочат во Конгресот за тоа што знае владата за неидентификуваните летечки објекти. Ова е прва јавна расправа во Конгресот за НЛО по повеќе од 50 години. Сослушувањето пред Поткомитетот за разузнавање на Претставничкиот дом доаѓа 11 месеци по извештајот во кој се документирани повеќе од …

Првпат по 50 години Конгресот на САД ќе расправа за НЛО Read More »

Мицкоски за блокадата: Сѐ е на маса, освен напуштање на парламентот


  Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека на Извршниот комитет ќе се разговара за следните чекори на партијата околу блокадата, порачувајќи дека се е на маса освен напуштање на Собранието. „Па, нели, според СДСМ и ДУИ нема блокада, ја совладале блокадата. Јас така знам, тие велат ја совладале блокадата и нема блокада и Собранието …

Мицкоски за блокадата: Сѐ е на маса, освен напуштање на парламентот Read More »

Ангеловска-Бежоска:Каматните стапки ќе одат нагоре


Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, но се прават обиди тоа да биде умерено и да не се одрази значително кај населението и корпоративниот сектор, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Одговарајќи на новинарски прашања по објавувањето на пролетните макроекономски проекции, гувернерката рече дека затегнувањето на монетарната политика се прави внимателно …

Ангеловска-Бежоска:Каматните стапки ќе одат нагоре Read More »