Г7 и глобалните институции одвојуваат 19,8 милијарди долари за Украина


Групата седум најразвиени земји во светот – Г7 и глобалните финансиски институции ќе одвојат 19,8 милијарди долари за зајакнување на јавните финансии на Украина, изјави денеска германскиот министер за финансии Кристијан Линднер. Министерот на новинарите им соопшти дека распределбата на 9,5 милијарди долари била договорена на  состанокот на министрите за финансии на Г-7 од оваа …

Г7 и глобалните институции одвојуваат 19,8 милијарди долари за Украина Read More »

Европската комисија ќе ги надгледува залихите на житни култури кај земјите-членки


Европската комисија ќе ги следи залихите на житарки, маслодајни семиња и ориз во Европската унија како дел од новиот систем за известување. Земјите-членки на ЕУ ќе мора да поднесуваат месечни извештаи до извршната власт на ЕУ за нивото на залихите што ги чуваат производителите и трговците на големо во услови на високи притисоци од цената …

Европската комисија ќе ги надгледува залихите на житни култури кај земјите-членки Read More »

Ребалансот на Буџетот пред Владата, се предлага да нема дирекно замрзнување на цените


Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Владата на денешната седница ќе го разгледа ребалансот на Буџетот, но ќе расправа и околу потребата од евентуално продолжување на кризната состојба. Бектеши апелира граѓаните да не стравуваат зашто, како што рече, земјава располага со сите прехранбени производи во доволни количини. -Во моментот Комисијата ги разгледува сите опциии …

Ребалансот на Буџетот пред Владата, се предлага да нема дирекно замрзнување на цените Read More »

Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница


Mинистрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби.Бугарскиот министер за одбрана Заков изјави дека Бугарија секогаш ја поддржувала евроатлантската ориентација на Македонија, како и членството на Македонија во Алијансата. …

Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница Read More »

Реновирано училиште во Студеничани со јапонска помош


 Амбасадорот на Јапонија,  Хиронори Савада, учествуваше на церемонија за комплетирање на проект во Општина Студеничани, во рамките на Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност. Проектот за подобрување на училишната средина во основното училиште „Алија Авдовиќ“ во селото Батинци во Општина Студеничани овозможи училиштето да биде целосно обновено со нови прозорци …

Реновирано училиште во Студеничани со јапонска помош Read More »

Груевски доби уште девет години затвор, Јанакиески три за „ТНТ“


  Кривичниот суд Скопје, првообвинетиот во случајот „ТНТ“ Никола Груевски (во бегство), го прогласи за виновен и го осуди на девет години затвор, додека обвинетиот поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, е осуден на три години затвор. Екс-градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, исто така прогласен за виновен и осуден на четири …

Груевски доби уште девет години затвор, Јанакиески три за „ТНТ“ Read More »

Николоски тврди дека роднини и бизнисмени блиски до СДСМ купиле имоти во Дубаи


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи се со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот. -Според податоците кои јавно беа изнесени бројни лица од …

Николоски тврди дека роднини и бизнисмени блиски до СДСМ купиле имоти во Дубаи Read More »

Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај


Бугарскиот премиер Кирил Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај, каде се очекува да биде примен од поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско. Аудиенцијата кај папата Франциско, како што објавија бугарските медиуми, е планирана за 23 мај, по што Петков веднаш ќе се врати во Бугарија. Оваа година делегацијата требала да …

Петков ќе ја предводи бугарската делегација во Рим на 24 мај Read More »

„Дневник“ анализира: Зошто укинувањето на бугарското вето нема да се случи сега?


Бугарскиот весник „Дневник“ ги анализира шансите да се дигне ветото на Бугарија за Македонија во ЕУ  заклучувајќи дека нема шанси тоа да се случи сега, т.е. на самитот во јуни, пред се поради внатрешни политички превирања, но со забелешка дека притисокот тоа сепак да се случи значајно се зголемува од оваа недела. Според „Дневник“ откако …

„Дневник“ анализира: Зошто укинувањето на бугарското вето нема да се случи сега? Read More »

Бежоска: Заради инфлацијата Народната банка постепено ја зголемува каматата


Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. Ова било истакнато на средбата меѓу …

Бежоска: Заради инфлацијата Народната банка постепено ја зголемува каматата Read More »

Апел до матурантите да не возат ако пијат алкохол


Републичкиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на матурските прослави апелира до матурантите за време на овие прослави да не управуваат моторно возило без возачка дозвола или под дејство на алкохол. -Матурата за секој матурант и неговото семејство е од огромно значење. Тоа е чин на завршување на една и почеток на …

Апел до матурантите да не возат ако пијат алкохол Read More »

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека Европската политичка заедница што ја предложи на почетокот на мај претставува надополнување, а не алтернатива на процесот на пристапување во ЕУ. Говорејќи пред Елисејската палата при пречекот на претседателката на Молдавија, Маја Санду, францускиот претседател потсети дека овој нов формат има за цел „да создаде нова рамка за структурирање на соработката, здружувајќи ги демократските европски …

Макрон: Европската политичка заедница е надополнување на процесот на пристапување во ЕУ Read More »

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска се состана со лидерите на Шведска и Финска, откако двете земји се откажаа од долгогодишната неутралност и поднесоа барање за влез во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Неколку часа пред неговото прво претседателско патување во Азија, Бајден разговараше со шведската премиерка Магдалена Андерсон и со финскиот претседател …

Бајден се сретна со челниците на Шведска и Финска Read More »

СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина


Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за ситуацијата во Украина и улогата на Русија во глобалните здравствени прашања. Притоа, тој ја повика Русија да обезбеди пристап до местата во Украина кои ги контролираат или држат под опсада нејзините војници, со цел да се …

СЗО: Русија да овозможи обезбедување здравствена заштита во Украина Read More »

Министерот Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци за математика


 Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата во МОН со двајцата основци за кои математиката е како игра. Како што информираат од МОН, …

Министерот Шаќири се сретна со двајцата основци генијалци за математика Read More »

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат


Јорданскиот крал Абдула Втори денеска во многу остро писмо јавно го потврди своето несогласување со својот полубрат принцот Хамза и го официјализираше куќниот притвор на поранешниот престолонаследник, нарекувајќи го „нестабилен“. Како што е наведено во писмото, кралот одобрил притворање на принцот Хамза во неговата палата и ги ограничил неговите комуникации и движење, наведувајќи ги како …

Јорданскиот крал го стави во домашен притвор својот полубрат Read More »

Од Азовстал досега се предадоа 959 украински војници


Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 959 украински војници од опколената челичарница Азовстал се предале оваа недела. – Во текот на изминатите 24 часа, 694 милитанти се предадоа, вклучително и 29 повредени, соопшти Министерството. Во соопштението се додава дека од 16 мај се предале „959 милитанти, меѓу кои и 80 повредени“. 

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер


Влажниот бран што ја зафати земјава е предуслов за развој на болести, штетници и плевели во земјоделството, а силниот ветер кој се очекува некаде да надмине и 60 километри на час, може да предизвика сериозни штети, предупредуваат агрометеоролозите. Според нив, поради малиот број врнежи и високите надпрочени температури, житните култури заостануваат во развојот, а тоа …

Земјоделците да ги заштитат културите од силниот ветер Read More »

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува повикувањето на  новинарката на „Сакам да кажам“ на службен полициски разговор поради објавен текст и истакнува дека ваквите дејствија ја загрозуваат слободата на медиумите. Апсолутно е неприфатливо да се повикуваат новинари на информативни разговори за објавени написи од јавен интерес, бидејќи можат да бидат протолкувани како …

АВМУ го осуди повикувањето на Делeвска во полиција Read More »

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата?


Есента 2021 година ќе биде запаметана по енормниот скок на цените на електричната енергија, и според сите предвидувања, високи цените и понатаму ќе се задржат. Растот на цените на берзите го запали алармот за зголемување на домашното производство на секаков можен начин. Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) пак, испорачуваа струја по веќе договрена цена со …

Како работеа енергетските компании додека дивееја цените на струјата? Read More »