Николоски тврди дека роднини и бизнисмени блиски до СДСМ купиле имоти во Дубаи


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски изјави дека помеѓу сопствениците на имот во Дубаи се роднини и бизнисмени кои се блиски до актуелната гарнитура на власт, апелирајќи до надлежните институции да ги испитаат овие наводи се со цел да се дознае на кој начин е стекнат имотот.

-Според податоците кои јавно беа изнесени бројни лица од Македонија и бизнисмени поседуваат имот во Дубаи. Она што се навестува во јавноста, а пишуваа и одредени ваши колег,и е дека помеѓу сопствениците на имот се роднини и бизнисмени коишто се блиски на актуелната гарнитура на власт. Всушност мислам дека и целата јавност е запозната со честите посети на одредени богати семејства од Македонија во Дубаи коишто не се ни кријат и објавуваат фотографии од Дубаи на социјалните мрежи. Она што треба да го одговорат во јавноста е за колку пари го имаат купено имотот? Дали е тоа направено преку легални трансакции и дали можат да докажат потекло на парите. Ги повикувам надлежните институции и пред се Управата за финасиско разузнавање, финансиската полиција, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи да ги испитаат овие наводи затоа што ова не се наводи од улица условно кажано, туку се наводи коишто ги даваат врвни новинарски имиња о,д регионот и од Европа но и од светот. Така што треба да дадат одоговори на овие прашања, на кој начин и со кој пари се стекнати тие имоти и дали тие имоти се можеби, односно тие пари се производ на кривични дела, порача Николоски.