Г7 и глобалните институции одвојуваат 19,8 милијарди долари за Украина


Групата седум најразвиени земји во светот – Г7 и глобалните финансиски институции ќе одвојат 19,8 милијарди долари за зајакнување на јавните финансии на Украина, изјави денеска германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

Министерот на новинарите им соопшти дека распределбата на 9,5 милијарди долари била договорена на  состанокот на министрите за финансии на Г-7 од оваа недела во германското место Кенигсвинтер, блиску до Бон, во Германија.

Тој додаде дека целта е да се осигура дека финансиската состојба на Украина нема да влијае на нејзината способност да се брани од руската инвазија.

Во соопштението на Г7 се наведува дека членките „се договориле за конкретни акции за продлабочување на мултилатералната економска соработка и ја истакнале својата посветеност на обединет одговор на руската агресивна војна против Украина и непоколебливата поддршка за Украина“.