Османи разговараше со Милков


Европските интеграции на земјава и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, беа меѓу темите на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи со новиот шеф на …

Османи разговараше со Милков Read More »

Се бара лицето што го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид


Во координација сме со јавен обвинител и се уште се преземаат мерки за откривање на вандалот, кој го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид. Веднаш штом ќе имаме некои поконкретни сознанија ќе ја информираме јавноста, изјави за МИА портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Тој информираше дека вчера во 19:30 часот во СВР …

Се бара лицето што го оштети дигиталниот споменик на Григор Прличев во Охрид Read More »

Бугарските провокации се множат, државата подготвува нов закон за здруженија


Министерството за правда подготвува нов закон за здруженија, граѓански организации и фондации. Дотогаш земјата останува плодна почва за никнување на организации, кои за многумина се спорни и се толкуваат како провокација. Последниве денови бугарски здруженија никнуваат како печурки по дожд во неколку македонски градови, а државата сега нема механизам за да го спречи тоа. По …

Бугарските провокации се множат, државата подготвува нов закон за здруженија Read More »

 Естонија и Латвија излегоа од кинеската иницијатива за Источна Европа


Како голем удар за кинеските дипломатски напори во Европа, Естонија и Латвија  се откажаа од кинескиот ексклузивен клуб за ангажман со земјите од Централна и Источна Европа, поради  загриженоста за врските на Пекинг со нивниот главен непријател – Москва. Декларацијата на Кина за пријателство „без граници“ со рускиот диктатор Владимир Путин е анатема за балтичките …

 Естонија и Латвија излегоа од кинеската иницијатива за Источна Европа Read More »

Бугарија меѓу трите најголеми извозници на струја во Европа


Бугарија е меѓу првите три најголеми нето извозници на електрична енергија во Европа, пред Шпанија и Франција, покажаа најновите податоците . Земјата извезува 33% од домашната потрошувачка на електрична енергија и соодветно заработила речиси 3 милијарди лева за 6 месеци. Цените на слободниот пазар на електрична енергија во август се околу 600 лева за мегават …

Бугарија меѓу трите најголеми извозници на струја во Европа Read More »

Во Германија јавните чешми ќе станат обврска


Германската министерка за животна средина Штефи Лемке сака да ги обврзе германските градови и општини да создадат нови јавни места за вода за пиење.Граѓаните треба полесно да дојдат до вода кога се во движење, како и да дополнат бесплатна вода за домашна употреба. Соодветниот предлог-закон на политичарката од  Зелените беше усвоен од федералниот кабинет во …

Во Германија јавните чешми ќе станат обврска Read More »

Бугарија ќе го екстрадира Русинот што си го запали пасошот поради војната во Украина


Рускиот државјанин кој си го запали пасошот во Бугарија во знак на протест против војната во Украина, најверојатно ќе биде екстрадиран во земјата на потекло по одлука на бугарскиот суд. Четириесет и шестгодишниот Алексеј Алчин, Русин, кој пет години живее во Бугарија, ќе биде екстрадиран според пресудата на Окружниот суд во Варна. Конечната одлука на …

Бугарија ќе го екстрадира Русинот што си го запали пасошот поради војната во Украина Read More »

Ќучук: Без Бугарите во Уставот ќе се блокира патот на Македонија кон ЕУ


Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик. – Процесот на преговори меѓу ЕУ и …

Ќучук: Без Бугарите во Уставот ќе се блокира патот на Македонија кон ЕУ Read More »

Шведска ќе екстрадира турски државјанин што го побара Ердоган


Шведската влада се согласи да испорача турски државјанин со курдски корени баран за измама со кредитни картички во Турција во четврток (12-ти август). Според извештајот на шведскиот јавен радиодифузен сервис SVT, екстрадицијата на 35-годишниот е дел од условите што го наведоа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го поништи своето вето за членството на Шведска …

Шведска ќе екстрадира турски државјанин што го побара Ердоган Read More »

Украинците ликвидирале 1.000 руски офицери во војната


Украинците објавија дека од почетокот на борбите до денес на фронтот загинале дури илјада руски офицери. На списокот се регистрирани само потврдените случаи, преку јавно достапните податоци, како што се известувања за погреби, некролози или руски сајтови за вести. Целиот список е објавен во медиумите.

ДРЗ: Искористени само половината од „ваучерите за туризам“ во време на пандемијата


Државниот завод за ревизија (ДЗР) на својата веб-страница го објави конечниот ревизорски извештај  за ефикасноста на преземените мерки и политики за намалување на ефектите од пандемијата во секторот туризам. Во него констатира дека мерките имале делумно влијание за ефикасно справување со последиците од пандемијата, дека има низок степен на реализација на владините мерки во секторот …

ДРЗ: Искористени само половината од „ваучерите за туризам“ во време на пандемијата Read More »

Речиси половина од новоотворените фирми имаат сметки во НЛБ и во ХАЛК БАНКА


  Во првото полугодие од годинава, 3.768 новооторени фирми морале да си ја почнат својата бизнис приказна со отворање сметка во банка. Нивниот најчест извор, според податоците на БизнисМрежа.мк била НЛБ Банка, таму отвориле сметка 891 фирма. Веднаш зад неа била Халк Банка, која станала избор на 809 фирми. Една година порано пак, Халк банка беше најчестиот избор …

Речиси половина од новоотворените фирми имаат сметки во НЛБ и во ХАЛК БАНКА Read More »

Климатските проблеми пострашни од економските и енергетските


Директорот на Европската вселенска агенција (ЕСА), Јозеф Ашбахер, предупредува дека последиците од економската криза предизвикани од проблемите со снабдувањето со енергија би можеле да бидат помали во споредба со последиците од штетите од топлотните бранови и сушата и повика на итна акција во борбата против климатските промени. Според него последователните топлотни бранови, заедно со шумските …

Климатските проблеми пострашни од економските и енергетските Read More »

Груби пак ќе троши пари за прослава на Рамковниот договор


Mинистерството за политички систем и односи со заедниците ќе потроши 70 илјади евра за прославата за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, објави „А1он“. Од кабинетот на министерот и прв вицепремиер Артан Груби, потврдиле дека за сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор е ангажирана агенција и дека од буџетот на министерството …

Груби пак ќе троши пари за прослава на Рамковниот договор Read More »

Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина


 Велика Британија и Данска ќе ѝ испратат на Украина дополнителна финансиска и воена помош. Двете земји информираа за помошта за време на состанокот на европските министри за одбрана во Копенхаген, каде се договара долгорочна поддршка за Украина. Велика Британија, која на Украина веќе ѝ донираше напредни системи за оружје и обезбеди обука за неколку илјади …

Велика Британија, Данска и Германија најавија дополнителна воена помош за Украина Read More »

Министерството за правда не дало позитивно мислење ни за здружението „Цар Борис Трети“


Министерството за правда соопшти дека до нив не е доставено барање за давање позитивно мислење во постапката за регистрација на здружението ,,Цар Борис Трети”. Ваквото оградување уследи откако медиумите јавија дека по клубот „Иван Михајлов“ сега и некакво здружение ,,Цар Борис Трети” во Охрид го глорифицира фашизмот во земјата.  Наостраната реакција дојде од еврејската заедница …

Министерството за правда не дало позитивно мислење ни за здружението „Цар Борис Трети“ Read More »

„Жена, мајка, христијанка“ и фашист води пред изборите во Италија


Џорџија Мелони, лидер на екстремно десничарските Браќа на Италија, се обиде да го детоксифицира постфашистичкото движење во земјата и со тоа го доведе на допир до власта.Со оглед на тоа што нејзината партија е на врвот во анкетите, а самата Мелони ужива највисок рејтинг од кој било шеф на партија, таа се постави себеси како …

„Жена, мајка, христијанка“ и фашист води пред изборите во Италија Read More »

Брисел раскинува со автомобилите


Улиците во центарот на Брисел преполнети со автомобили ќе станат ретка слика. На 16 август, стапува на сила нов план за мобилност во таканаречениот „Пентагон“ во градот, со цел да се намалат емисиите од транспортот, да се намали сообраќајот и да се подобри квалитетот на животот на жителите. „Го оставаме зад себе Брисел од 1960-тите …

Брисел раскинува со автомобилите Read More »

Србија нарачала оружје за дури 1,3 милијарди долари


  Србија лани склучи договор за набавка на оружје и воена опрема во вредност од една милијарда и 318 милиони долари, што претставува сума поголема од вкупната вредност на сите набавки од крајот на 2016 година, кога почна процесот на модернизација на Војската на Србија, пренесе Бета. Според порталот Белканска безбедносна мрежа, висината на договорените набавки …

Србија нарачала оружје за дури 1,3 милијарди долари Read More »

Оди ли Бугарија кон нестабилност и претседателски режим?


Бугарски „Дневник“ ја анализира актуелната предизборна ситуација во Бугарија, која се соочува со можноста проруските сили да се цементираат на власта или уште повеќе, претседателот Румен Радев како нивен промотор да ги помести уставните граници што му ги ограничуваат овластувањата и ќе стане врховен лидер без контрола, нешто како бугарски Виктор Орбан. Во анализата стои: …

Оди ли Бугарија кон нестабилност и претседателски режим? Read More »