Груби пак ќе троши пари за прослава на Рамковниот договор


Mинистерството за политички систем и односи со заедниците ќе потроши 70 илјади евра за прославата за одбележување на годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор, објави „А1он“.

Од кабинетот на министерот и прв вицепремиер Артан Груби, потврдиле дека за сите манифестации за одбележување на Охридскиот мировен договор е ангажирана агенција и дека од буџетот на министерството се издвоени 4 200 000 денари.

На официјалната Фејсбук страна на министерството денеска објавија дека во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава се организира “PEACE FESTIVAL”, како и Школа за млади лидери “Peace Forum Dialogue”.

На настанот, како што беше најавено, требаше да настапат Антониа Гиговска, Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б. Дел од медиумите објавија дека пејачката Антониа Гиговска го откажала своето учество на концертот биидејќи не знаела дека настанот има политичка конотација. На нејзино место ќе настапи Владо Јаневски.