Извор од ЕУ: Македонија реагираше навремено и соодветно за инцидентот во Охрид


  Извор од Европската унија не гледа логика за натамошната ескалација на тензиите меѓу Македонија и Бугарија бидејќи тоа не е во интерес ниту на едната ниту на другата земја, ниту на соседите, ниту на Унијата. Уште повеќе, Македонија ја смета за земја во која генерално и континуирано има добра практика во  почитувањето на правата …

Извор од ЕУ: Македонија реагираше навремено и соодветно за инцидентот во Охрид Read More »

Гир: Ова што го прави Џамбаски не е европска позиција ни европска вредност


Она што го прави, што го зборува и заканите што ги  упатува Ангел Џамбаски не се позиции ниту пак вредности за кои се залага Европската унија. Ова е официјален став на амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир, кој смета дека  изјавите на Џамбаски кон претседателот Стево Пендаровски изминатите денови може да се третираат како закана.   „Во …

Гир: Ова што го прави Џамбаски не е европска позиција ни европска вредност Read More »

Талески: Реториката на Џамбаски најде плодна почва кај радикалите и националистите кај нас


Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 анализа рече дека е крајно безобразно и недозволиво однесувањето на пратеникот Ангел Џамбаски и сите негови изјави. Тој рече дека Џамбаски е политичка маргинална фигура во Бугарија која што на секаков начин бара да го привлече  вниманието врз неговата политичка партија.   – Видовме како помина неговата …

Талески: Реториката на Џамбаски најде плодна почва кај радикалите и националистите кај нас Read More »

Андоновски: Место Бугари од Македонија, платени луѓе од Бугарија ќе доаѓаат на гробот на Делчев


  Стефан Андоновски, секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕл во гостување во емисија „Топ тема“ на Телма посочи дека провокатори, а не македонски Бугари на 4 февруари ќе оддават почит на Гоце Делчев во Скопје. Најавениот настан со висок ризик, според претседателот Стево Пендаровски, се подгрева деновиве уште повеќе од кадри на ВМРО-ДПМНЕ кои повикуваат …

Андоновски: Место Бугари од Македонија, платени луѓе од Бугарија ќе доаѓаат на гробот на Делчев Read More »

Бугарија не го враќа амбасадорот во Скопје и ќе ги суспендира меѓудржавните проекти со Македонија


  Бугарија ќе ги прекине сите заеднички меѓудржавни проекти со Македонија поради претепувањето на охриѓанецот Христијан Пендиков, објави бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков по седницата на собраниската Комисија за надворешни работи. Нема да се врати и бугарскиот амбасадор во Скопје додека Софија не видела вистински напредок во борбата против говорот на омраза и …

Бугарија не го враќа амбасадорот во Скопје и ќе ги суспендира меѓудржавните проекти со Македонија Read More »

Блумберг: САД ќе испратат над 30 тенкови „Абрамс“ во Украина


  САД ќе испратат 31 тенк „М1 Абрамс“ во Украина како нова воена помош вредна 400 милиони долари, соопшти денеска Блумберг, преку повеќе објави на Твитер. Претходно денеска, неименуван американски претставник за агенцијата Анадолија изјави дека американскиот претседател Џо Бајден утре или во наредните неколку дена ќе соопшти дека САД во Украина ќе испратат тенкови …

Блумберг: САД ќе испратат над 30 тенкови „Абрамс“ во Украина Read More »

МКЦ на колена, почна дивеењето на Данела Арсовска


  Помалку од еден месец откако Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) одбележа половина век од своето основање, култната институција посветена исклучиво на младите се соочува со најтешкиот период во богатата историја. За време на мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, во МКЦ има драстично намален буџет, смени на директори, протести, заклучени врати и многу нејаснотии. …

МКЦ на колена, почна дивеењето на Данела Арсовска Read More »

Трајанов за МИА: Ахмети се бореше за правична застапеност, сега не ја почитува


Одговорноста паѓа на премиерот Димитар Ковачевски дали ќе ги почитува основните постулати на оваа држава, ќе води сметка за нашите национални, државни, долгорочни и стратешки интереси. Тоа значи дека Владата мора да води сметка за сите аспекти вклучително дали е можно да се нарушат меѓуетничките односи кои засега се добри. Ова го истакна претседателот на …

Трајанов за МИА: Ахмети се бореше за правична застапеност, сега не ја почитува Read More »

Османи им остава на историчарите да го коментираат Милков


Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека нема да биде адвокат на комунистичкиот период, коментирајќи ја изјавата на неговиот бугарски колега Николај Милков дека нема да дозволи во Македонија да се врати црната традиција на палење, стрелање и насилство. – Ако очекувавте од мене дека јас ќе бидам адвокат на комунистичкиот период, тоа нема …

Османи им остава на историчарите да го коментираат Милков Read More »

Спасовски: На 4 февруари ќе одлучиме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија


  Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски запрашан дали европратеникот Ангел Џамбаски на чествувањето на Гоце Делчев, на 4 февруари ќе биде вратен од граница, кратко одговори дека тој ден ќе одлучат што ќе прават. За Спасовски врвен приоритет е Владата да го зачува мирот и стабилноста во државата. „Не е добро за политичките односи …

Спасовски: На 4 февруари ќе одлучиме дали Џамбаски ќе влезе во Македонија Read More »

Руските власти ќе градат казнени колонии во анектираните украински територии


Руската Влада им наложи на затворските власти да изградат 25 казнени колонии во регионите на Украина анектирани од почетокот на војната, објавено e денеска во официјалното Парламентарно гласило. Според наредбата на руските власти, 12 затвори ќе бидат изградени во регионот на Доњецк, седум во Луганск, три во окупираниот дел на регионот Керсон и два во …

Руските власти ќе градат казнени колонии во анектираните украински територии Read More »

Лекарска комора бара заштита на лекарите од маркетиншката злоупотреба


 Лекарска комора, како професионално здружение на сите доктори по медицина, најостро ги осудува сите обиди за злоупотреба на професионалниот интегритет и авторитет на лекарите преку различни форми на реклами за лекови, помошни средства за лекување, додатоци во исхраната и постапки за лекување во кои се злоупотребува нивниот идентитет и професионален интегритет. – Во последно време …

Лекарска комора бара заштита на лекарите од маркетиншката злоупотреба Read More »

Ноев: Бугарски политичари ги влошуваат односите со Скопје заради интересите на Кремљ


Во Бугарија има политичари кои ги бранат интересите на Кремљ, сакаат да се одалечиме од Европа и ги расипуваат односите со Северна Македонија, вели поранешниот бугарски министер за одбрана и безбедносен експерт Бојко Ноев. – Не можеме да ги затвориме очите пред фактот дека во реалноста има бугарски политичари кои ги влошуваат нашите односи со …

Ноев: Бугарски политичари ги влошуваат односите со Скопје заради интересите на Кремљ Read More »

Митрев до ЗНМ: Зошто секој новинар што разговара со мене се соочува со јавен линч?


Жан Митрев испрати писмо до претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Младен Чадиковски, во кое го повикува за поголема заштита на новинарите кои се ставени на јавен линч поради објавување информации за случајот со Клиниката „Жан Митрев“. Митрев го елаборира односот од страна на ИРЛ кон медиумите и новинарите што објавуваат информација или интервју …

Митрев до ЗНМ: Зошто секој новинар што разговара со мене се соочува со јавен линч? Read More »

Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците


Мислам дека ова е многу важна дебата што ја имаме вечерва. Оваа дебата ќе го постави патот на Советот на Европа за периодот што следи. И затоа јас мислам како што е јасно напишано и тука дека солидарноста и издржливоста на европските демократии, почитувањето на човековите права, почитување на владеењето на правото се најдобри гаранции …

Николоски од Стразбур: Бугарија не ги почитува јазичните и културните права на Македонците Read More »

Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка


Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши булатералните односи, смета бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. – Тоа би била огромна грешка. Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето …

Ќучук: Враќањето на ветото би било огромна грешка Read More »

Рускa фрегата симулираше напад со хиперсонични ракети во Атлантикот


Руското Министерство за одбрана соопшти дека фрегатата „Адмирал Горшков“ ги тестирала своите ударни способности во западниот дел на Атлантскиот Океан. Министерството објави дека фрегата извршила компјутерска симулација на хиперсонични ракети Циркон. Тие имаат домет од 900 километри и можат да патуваат со неколку пати поголема брзина од звукот, што значително ја отежнува одбраната од нив. …

Рускa фрегата симулираше напад со хиперсонични ракети во Атлантикот Read More »

Ципрас бара оставка од Мицотакис


По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата …

Ципрас бара оставка од Мицотакис Read More »

Мицотакис: Грција нема време за „дијалог со апсурдот“ во Турција


Грција нема време за „дијалог со апсурдот“ во соседна Турција, рече премиерот Киријакос Мицотакис, истакнувајќи дека Грција е подобро заштитена од кога било по договорите за набавка на модернизирани борбени авиони од следната генерација, пишува електронското издание на „Катимерини“. Говорејќи за време на посетата на капацитетите на Грчката воздухопловна индустрија во Танагра, Виотија, за отворање …

Мицотакис: Грција нема време за „дијалог со апсурдот“ во Турција Read More »

Уставниот суд утре ќе одлучува за ДУП во Центар со  парцелите на Водно


 Уставниот суд утре на седница ќе одлучува за донесување конечна одлука по предметот во кој е оспорена Одлука за Детален урбанистички план донесена од Советот на општина Центар од 2014-та година, а се однесува на Градска четврт Ј 07, која ги опфаќа Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара. …

Уставниот суд утре ќе одлучува за ДУП во Центар со  парцелите на Водно Read More »