Талески: Реториката на Џамбаски најде плодна почва кај радикалите и националистите кај нас


Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 анализа рече дека е крајно безобразно и недозволиво однесувањето на пратеникот Ангел Џамбаски и сите негови изјави. Тој рече дека Џамбаски е политичка маргинална фигура во Бугарија која што на секаков начин бара да го привлече  вниманието врз неговата политичка партија.
 
– Видовме како помина неговата партија на неколку парламентарни избори во Бугарија. Но, националистичката реторика која ја протежира Џамбаски и неговата партија наиде на плодна почва во радикалните и националистички кругови  кај нас. Факт е дека ние не преговараме со Бугарија за влез на Македонија таму, туку за влез на Македонија во ЕУ – рече Талески.