Бр. 538


Слободанка Јовановска – Кому му треба Макрон во Македонија? Никогаш не сонував за јубилеи Нема дигање раце од ЕУ Заев останува во политичкиот ринг Преку ноќ не се случуваат ни брзи избори Не се очекува повлекување на парите од банките

Бр. 537


Горан Адамовски – Политичка пресметка со идеи Мора да се избориме против културниот фастфуд Рампа во Брисел, драма во Скопје Од датумот остана само “жалење” на европските лидери Шар Планина сардисана од хидроцентрали Ниту еден полицаец не е осуден за шверц на мигранити

(ВИДЕО) Акција на крадците во Чаир: Од маркетот на Јусуфи исчезнаа 5.000 евра


Кражбите во Чаир се негативен феномен што не престанува. Граѓаните од оваа населба се загрижени и не наоѓаат утеха на местото каде што живеат. Речиси сите балкони што се на приземје и први кат се оградени со решетки. Едно од местата кое е најмногу загрозено е и населбата Скопје-Север. Саид Јусуфи од оваа населба има …

(ВИДЕО) Акција на крадците во Чаир: Од маркетот на Јусуфи исчезнаа 5.000 евра Read More »

Косово ако се пласира на ЕП нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ


УЕФА одлучи дека фудбалската репрезентација на Косово доколку се пласира на Европското првенство нема да може да биде во група со Србија, Русија или БиХ. Косово може да се најде на ЕП ако го освои второто место во својата квалификациска група или преку плејофот во Лига Д од Лигата на нации, каде за ривал ќе ја има и македонската репрезентација. Причините …

Косово ако се пласира на ЕП нема да биде во група со Србија, Русија или БиХ Read More »

(VIDEO) Aksion i hajnave në Çair, nga marketi i Jusufit marrin 5000 euro


Vjedhjet në Çair janë dukuri negative që nuk kanë të ndalur. Banorët janë të shqetësuar dhe nuk gjejnë rehati në vendin ku jetojnë. Pothuajse të gjitha ballkonet e banesave që janë në përdhesë dhe katin e parë banorët  i kanë blinduar me hekura. Njëra ndër lagjet e cila është më e rrezikuar është edhe lagja …

(VIDEO) Aksion i hajnave në Çair, nga marketi i Jusufit marrin 5000 euro Read More »

Рама по негативната одлука од Брисел: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи


По 48 часови без сон, на крајот од оваа Одисеја тука сме да го споделиме со Вас нашето мислење за недостаток на консензус за процесот за кој се стремиме и да одговориме на сите прашања, изјави албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од заедничката прес-конференцја со овластениот министер за Европа и надворешни работи, Генц Цакај, …

Рама по негативната одлука од Брисел: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи Read More »

Туск ја повика Турција на „вистински прекин на огнот“ во северна Сирија


Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск денеска рече дека најавата за запирање на турските воени операции во северна Сирија не значи вистински прекин на огнот и ја повика Анкара веднаш да престане со воените активности во земјата. Турција вчера се согласи да ја прекине офанзивата во Сирија на пет дена за да се повлечат курдските …

Туск ја повика Турција на „вистински прекин на огнот“ во северна Сирија Read More »

Победниците на косовските избори го усогласија договорот за заедничка Влада


Работни групи на партиите победнички на вонредните парламентарни избори во Косово, Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) денеска одржаа состанок, по кој објавија дека постигнале согласност за содржината и принципите на договорот за заедничко владеење, јави дописникот на МИА од Приштина. Во заедничкото соопштение на двете партии се наведува дека на состанокот, …

Победниците на косовските избори го усогласија договорот за заедничка Влада Read More »

Шкендија – Академија Пандев 0:1, Маслаќ ги однесе струмичани на врвот


Екипата на Академија Пандев, со победата од 1:0 на гостувањето кај првакот Шкендија, барем привремено се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Единствениот гол на дербито во Тетово го постигна Марио Маслаќ, во финишот на првото полувреме. Сега струмичани се први и имаат еден бод повеќе од Вардар, кој утре …

Шкендија – Академија Пандев 0:1, Маслаќ ги однесе струмичани на врвот Read More »

Министерството за култура со осуда за оштетувањето на Аквадуктот


Министерството за култура го осуди оштетувањето на 10 потпорни носечки столбови на Аквадуктот кој е културно наследство. – Во соработка со Управата за заштита на културното наследство, Конзерваторскиот центар –Скопје Општина Карпош и Министерството за култура, по извршениот увид преземени се итни мерки за превентивна заштита и се обезбедени засилени патроли за безбедност на Аквадуктотот …

Министерството за култура со осуда за оштетувањето на Аквадуктот Read More »

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија


Германската канцеларка Ангела Меркел на крајот на Самитот во Брисел изрази дека немало консензус меѓу лидерите на ЕУ за отворање пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. – Германија смета дека со исполнување одредени услови можеше да дојде до отворање преговори, но немаше единствен став за тоа. Ќе се вратиме на ова прашање на Самитот …

Меркел жали дека немало консензус за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија Read More »

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама


 Францускиот претседател Еманеул Макрон на завршната прес-конференција на Европскиот самит во Брисел поздравувајќи ја храброста на премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама најави дека наскоро ќе ги посети двајцата премиери, јави дописникот на МИА од Париз. Тој денеска на прес-конференцијата истакна дека немало едногласност за датумот за преговори за Северна …

Макрон најави дека во наредните месеци ќе ги посети Заев и Рама Read More »

Еден месец притвор за полицаецот упасен во северно Косово


Основниот суд во Приштина му одреди притвор во траење од 30 дена на полицискиот истражител Раде Басара, кој беше уапсен во средата, на 16 октомври, поради обвинение за поврзаност со убиството на политичарот Оливер Ивановиќ во јануари минатата година. Одделот за тежок криминал на Судот во приштина соопшти дека го прифатил барањето на Специјалното обвинителство …

Еден месец притвор за полицаецот упасен во северно Косово Read More »

В недела лидерска кај претседателот на државата


Лидерска средба на иницијатива на претседателот Стедво Пендаровски, на која ќе присустуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата ќе се одржи в недела во 17:00 часот во „Вила Водно“ На лидерската средба, како што соопштија од кабинетот на претседателот, се поканети претседателот на СДСМ Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ …

В недела лидерска кај претседателот на државата Read More »

Заев во комуникација со европските лидери: Поддршка да се продолжи со реформите


Премиерот Зоран Заев оствари комуникација и со премиерите на Германија, Шведска, Бугарија, Словенија, Малта и други европски лидери, вклучително и со еврокомесарот Јоханес Хан. Од сите европски лидери стигна јасна порака со поддршка државата да продолжи по патот по кој тргна, да продолжи со реформите и интеграциите, брифираат за МИА од Влада. Како што велат, …

Заев во комуникација со европските лидери: Поддршка да се продолжи со реформите Read More »

Јункер: Ако сакаме да бидеме почитувани мора да ги одржуваме ветувањата


Ако сакаме да бидеме почитувани ние мора да ги одржуваме нашите ветувања, изјави денеска претседателот на Евроската комисија Жан Клод Јункер, на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ во Брисел. На прашањето кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер рече ако ова е крај на проширувањето треба …

Јункер: Ако сакаме да бидеме почитувани мора да ги одржуваме ветувањата Read More »

Мондолони: Франција е за старт на преговорите, но откако ќе бидат исполнети условите


Франција не е против започнување преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, но потребно е да се исполнат два услови, кои се многу важни прашања – за Северна Македонија тоа е прашањето за Специјалното јавно обвинителство, а за Албанија правосудните реформи, изјави директорот за континентална Европа во француското Министерство за надворешни работи, …

Мондолони: Франција е за старт на преговорите, но откако ќе бидат исполнети условите Read More »

Mакрон: Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка


 Францускиот претседател, Емануел Макрон призна дека на вчерашниот состанок имало јасно мнозинство на земји за почеток на преговори со Македонија, но не и за Албанија. Тој исто така призна дека бил против одвојување на двете земји. -Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе …

Mакрон: Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка Read More »

Касами: Недобивањето датум е неуспех на Владата, потребни предвремени избори


Претседателот на партијата движење Беса, Билал Касами го оцени како неуспех на Владата недобивањето на датум за почеток на преговори со Европската унија и побара оставка од Владата и предвремени парламентарни избори. На денешната прес-конфереција во партиското седиште во Тетово Касами истакна дека движењето БЕСА предупредуваше оти не е доволно сторено за да се добие …

Касами: Недобивањето датум е неуспех на Владата, потребни предвремени избори Read More »

Макрон ја доведе во прашање иднината на проширувањето на ЕУ


Францускиот претседател, Емануел Макрон во првото обраќање пред јавноста откако ги блокираше преговорите со Македонија и Албанија вчера, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите од соседството на ЕУ, доведувајќи го за прв пат јавно во прашање европската иднина и перспектива на земјите од западниот Балкан дадена …

Макрон ја доведе во прашање иднината на проширувањето на ЕУ Read More »