Шкендија – Академија Пандев 0:1, Маслаќ ги однесе струмичани на врвот

Екипата на Академија Пандев, со победата од 1:0 на гостувањето кај првакот Шкендија, барем привремено се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.

Единствениот гол на дербито во Тетово го постигна Марио Маслаќ, во финишот на првото полувреме.

Сега струмичани се први и имаат еден бод повеќе од Вардар, кој утре гостува кај Македонија Ѓорче Петров. Шкендија заостанува цели 10 бода зад Академија Пандев. Денеска деби на клупата на тетовци имаше новиот тренер Ѓока, но и тој не успеа многу да ги смени работите, па Шкендија го претрпе дури петтиот пораз во десет кола.