Договорот меѓу Атина и Скопје, главна вест во светските медиуми


Атина и Скопје постигнаа договор за името „Република Северна Македонија“, ја пренесуваат западните медиуми со назнака „breaking news“ веста дека премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас се согласиле за решение на спорот кој повеќе од две децении ги нарушуваше односите меѓу двете земји. Ја наведуваат изјавата на Ципрас дадена на средбата …

Договорот меѓу Атина и Скопје, главна вест во светските медиуми Read More »

Zaev e informoi Mickovskin për marrëveshjen për emrin


VMRO-DPMNE ka njoftuar se kryeministri Zoran Zaev e informoi kreun e VMRO-së Hristian Miskoski për marrëveshjen me Greqinë për çështjen e emrit. Pozita opozitare njoftoi se Miskoski do të shpalosë qëndrimin gjatë një konference për gazetarë që do të mbahet vonë pasdite.

Димитров утре ќе го информира Иванов за договорот за името


Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе оствари средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во врска со договорот постигнат за спорот за името. Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека кај нив е пристигнато барањето за средба од Министерството за надворешни работи и оти средбата ќе се одржи утре во 10 часот.

Ципрас: Постигнавме историски договор


Атина и Скопје постигнаа историски договор за решавање на дводеценискиот спор околу името, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас. – Носам добри вести. Пред малку стигнавме до договор со премиерот на поранешната југословенска Република Македонија, му рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на претседателот Прокопис Павлопулос на почетокот на нивната средба во претседателската палата за да …

Ципрас: Постигнавме историски договор Read More »

Заев го информирал Мицкоски за договорот со Грција


Премиерот Зоран Заев попладнево разговарал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека премиерот Заев го информирал Мицкоски за она што, како што се наведуваат, го постигнал како решение со Грција. Ставот на опозициската партија, лидерот на партијата Мицкоски ќе го соопшти на прес-конференција која ќе се одржи доцна попладнево.

Реал Мадрид го назначи Лопетеги за нов тренер


Тренерот на шпанската репрезентација, Хулен Лопетеги е новиот тренер на Реал Мадрид. „Белите“ објавија соопштение за неговото назначување, наведувајќи дека договорот ќе биде потпишан по Светското првенство во Русија и ќе трае три години. Лопетеги (51) е поранешен голман, кој има одиграно само еден натпревар за Реал Мадрид од 1988-1991 година. Новиот ментор на „кралскиот“ …

Реал Мадрид го назначи Лопетеги за нов тренер Read More »

ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по денешната средба со претседателот на ДУИ Али Ахмети и потпретеседателите на партијата изјави дека тие во целост ги поддржуваат позициите и одлуката на Владата за спорот со името. – Денеска на барање на господинот Ахмети го брифирав преседателството на партијата со прогресот што е направен во преговорите со …

ДУИ дава потполна поддршка на Владата во преговорите за решавање на спорот за името Read More »

Грчки владин претставник: Постигнат е договор


Постигнат е договор меѓу двете земји вели претставник на грчката Влада. Според истите извори Грција смета дека договорот ги исполнува грчките предуслови за ерга омнес име. Кусо по 18 часот по локално време започна средбата на грчкиот премиер Алексис Ципрас со претседателот на државата Прокопис Павлопулос. Веднаш потоа грчкиот премиер ќе ги извести лидерите на …

Грчки владин претставник: Постигнат е договор Read More »

Кривична пријава против струмичанец кој не вратил изнајмено возило


Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на Струмица кој изнајмил возило од рент-а-кар агенција и не го вратил. Пријавата е поднесена против Н.П. за „затајување“. Тој на  18 февруари изнајмил „фиат 500” и според договорот требало да го врати на 20 февруари. Откако истекол рокот за враќање, тој не го вратил возилото, ниту пак одговарал на …

Кривична пријава против струмичанец кој не вратил изнајмено возило Read More »

Гвардиола донираше 150.000 евра за помош на бегалци


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола донираше 150.000 евра во невладина организација, која се занимава со спасување бегалци во Средоземното море. Фудбалерот го одреди износот за обновување на брод за спасување, на кој итно му треба поправка. Организацијата, наречена „Проактива опен армс“ (Proactiva Open Arms), е основана во 2015 година и помогнала да се спасат …

Гвардиола донираше 150.000 евра за помош на бегалци Read More »

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО продолжува на 25 јуни


Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) продолжува на 25 јуни, откако на денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци, кои на 12 април 2012 година рибареле на Смилковско езеро. Сведоците на денешното рочиште останаа на своите искази дадени претходно пред истражен судија. Тие потврдија дека на критичниот ден биле на Смилковското езеро, каде …

Судењето за случајот „Монструм“ на СЈО продолжува на 25 јуни Read More »

Харадинај пријавил дека поседува имот вреден милион евра


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во Антикорупциската агенција пријавил недвижен имот во вредност од околу еден милион евра, како и пари во готово и годишни приходи во висина од околу 90.000 евра. Според пријавата за имотната состојба на Харадинај, тој на свое име поседува станбен објект во вредност од 300.000 евра, земја во вредност од 27.000 …

Харадинај пријавил дека поседува имот вреден милион евра Read More »

При претрес во кафеана во гостиварско пронајдени кеси со остатоци од прашкаста материја


При претрес на угостителски објект во гостиварското село Неготино ноќеска се пронајдени девет најлонски ќесички со остатоци од прашкаста материја и една чинија со траги од истата материја. Министерството за внатрешни работи соопшти дека врз основа на судска наредба, полициски службеници од Полициската станица Гостивар и Полициското одделение Галате извршиле претрес во угостителски објект во …

При претрес во кафеана во гостиварско пронајдени кеси со остатоци од прашкаста материја Read More »

Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај  денеска, на денот кога се одбележува 19-та годишнината од влегувањето на трупите на НАТО во Косово, се сретнасо заменикот помошник на генералниот секретар на Алијансата, Џон Манза, кого го информирал за безбедносната состојба во земјата. Како што објави на Фејсбук, Харадинај го информирал високиот гостин за прогресот што го бележат Безбедносните …

Харадинај: Безбедносните сили на Косово подготовени да станат војска Read More »

Кавадарци дава целосна поддршка за отварање на мали групни домови


Кавадарци дава целосна поддршка за отварање мали групни домови, стои во обраќањето до медиумите што денеска го испратија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.  – Во изминатите денови сме сведоци на протести во селото Тимјаник поради одлуката на Министерството за труд и социјална политика за оспособување простор за мал групен дом за деца со попреченост …

Кавадарци дава целосна поддршка за отварање на мали групни домови Read More »

Арачиново по историската победа на СДСМ


Арачиново е општината која испиша нова приказна. Првпат по осамостојувањето на Македонија, изборите во оваа општина ги освои македонска партија. СДСМ победи на предвремените парламентари избори во декември 2016 година, а потоа и на локалните во октомври минатата година. Она што албанските партии сите овие години не можеа да го направат, градоначалничката на Арачиново од …

Арачиново по историската победа на СДСМ Read More »

Хуманитарна помош по повод Рамазан Бајрам, „Љубов секому, омраза никому“


Над илјада пакети со храна и лекови за лицата од социјален ризик донираше германската организација Humanity first во Кочани, Виница, Куманово, Пехчево и Берово. Организацијата работи под покровителство на Ахмадија муслиманската заедница која во Македонија е присутна веќе дваесетина години, а има свое седиште во Пехчево. Помошта е обезбедена од сопствените фондови, а ги помагаат …

Хуманитарна помош по повод Рамазан Бајрам, „Љубов секому, омраза никому“ Read More »

До крајот на неделава променливо време со температури до 36 степени


До крајот на денов ќе се задржи топло време со температура до 36 степени, а попладнево и утре се очекува нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. Нестабилноста најпрвин ќе биде во западните делови, а потоа претежно преку северните ќе се преместува кон источните делови. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, на …

До крајот на неделава променливо време со температури до 36 степени Read More »