Почина професорот Томе Груевски
Универзитетскиот професор по комуникологија, новинарство и односи со јавноста Томе Груевски, почина синоќа на 70-годишна возраст во Скопје по кусо и тешко боледување. Професорот Груевски е прв доктор по комуникологија во земјава и основоположник на студиите по односи со јавноста. Груевски е роден во Смилево, Битолско, (1949), дипломирал на Филолошкиот факултет (1972); магистрирал на Институтот …