Клоп: Манчестер сити е најдобриот тим на светот

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп и оваа сезона смета дека Манчестер сити го има најдобриот на светот.

– Не можеме да бидеме најдобриот тим во Европа, затоа што Манчестер сити го има најдобриот состав на светот. Има и други многу добри тимови, па постојано мора да докажувате дека заслужено ќе ве вбројуваат помеѓу нив, изјави Клоп.

Минатата година бевме многу добри. Затоа, ја освоивме Лигата на шампионите. Не сум сигурен дека тие беа најдобри во Европа, но тие беа добри во вистинските моменти, додаде Клоп.

Ливерпул е актуелен европски шампион, додека Манчестер сити шампион во Премиер лигата.