Лампард: Со нетрпение чекам да дебитирам како тренер во Лигата на шампионите

Предводникот на Челзи, Франк Лампард ги сподели очекувањата за неговото тренерско деби во Лигата на шампионите.

Во првото коло од групната фаза „сините“ од Лондон вечерва на домашен терен ќе се сретнат со Валенсија.

  • Ова е најдоброто клупско натпреварување во светот. Со нетрпение го чекам моето деби како тренер. Сигурен сум дека и играчите кои првпат ќе играат во елитното натпреварување слично се чувствуваат. Ќе имаме тежок ривал, но ќе сториме се за да ги израдуваме со победа нашите навивачи, изјави Лампард.

Натпреварот на „Стемфорд Бриџ“ почнува во 21 часот. Покрај Челзи и Валенсија во Х-групата се  и Лил и Ајакс.