Цените од 1 август ќе бидат референтни за најавеното поевтинување на прехранбените производи


Цените од 1 август ќе се земат како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи во земјава, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Како што истакна Ковачевски, поскапувањето се случувало најмногу после 1 август, затоа е земено и како репер, но тоа не значи дека нема да земат предвид и други елементи. …

Цените од 1 август ќе бидат референтни за најавеното поевтинување на прехранбените производи Read More »

Пиперките за ајвар годинава поскапи за 20 отсто, зимницата сѐ понедостапна за граѓаните


Зимницата годинава ќе биде поскапа за македонските граѓани. На Градскиот пазар во Штип денеска пиперките за ајвар се продаваа по цена од 40 до 60 денари. Раководителот на Градски пазар-Штип, Димче Колев за МИА вели дека за разлика од лани граѓаните ајварскиот пипер го купуваат за 20 отсто поскапо. Посочи дека го има во доволни …

Пиперките за ајвар годинава поскапи за 20 отсто, зимницата сѐ понедостапна за граѓаните Read More »

Битиќи на СЕФФ: Наместо економскиот пристап на создавање зависности, да се фокусираме на меѓузависностите


Просперитетот, растот, развојот и издржливоста може да се постигнат преку создавање силни меѓузависности и заеднички акции. Мораме да го напуштиме веќе воспоставениот економски пристап на создавање зависности и да се фокусираме на меѓузависностите како победнички пристап на среден и долг рок, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на панелот „Пазари, институции и економски просперитет“ …

Битиќи на СЕФФ: Наместо економскиот пристап на создавање зависности, да се фокусираме на меѓузависностите Read More »

Кои се највисоките брани во светот и на кое место ќе биде „Чебрен“


  Доколку беше изградена браната „Чебрен“ таа во моментов ќе беше 65-та највисока брана во светот, според листата на највисоки брани презентирана на „Википедија“. Според оваа листа, во светот во моментот има 270 брани високи над 135 метри, и уште 19 кои што се во изградба. На списокот на највисоките брани во светот над 135 …

Кои се највисоките брани во светот и на кое место ќе биде „Чебрен“ Read More »

Хан порача партиските интереси да се стават на страна и да се соработува за конечната цел


  Северна Македонија денес е на одличен пат кон ЕУ. Но, би сакал да пренесам порака до сите политички сили во земјата – соработувајте. Ова е тимска задача, треба да играте како национален фудбалски тим, а не како шампионат на поединци. Треба заедно да работите, инаку нема да бидете успешни, порача денеска еврокомесарот за буџет …

Хан порача партиските интереси да се стават на страна и да се соработува за конечната цел Read More »

Членството во ЕУ ќе значи поголеми плати за 70-100 отсто за пет години, вели Ковачевски


Сега е време за носење одлуки, порача денес премиерот Димитар Ковачевски на Скопскиот економски и финансиски форум што годинава се одржува по трет пат во организација на Министерството за финансии. Во воведното обраќање премиерот посочи дека економските ефекти од членството во ЕУ ќе значат поголеми плати, поголем БДП, инвестиции, вработувања… „Какви би биле економските ефекти …

Членството во ЕУ ќе значи поголеми плати за 70-100 отсто за пет години, вели Ковачевски Read More »

Бесими: Земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ


Денеска, на Меѓународниот ден на демократијата, се фокусираме на ЕУ интеграцијата, на итноста земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ. Во изминатите две децении се соочивме со многу искушенија кои ја нарушија довербата на дел од јавноста дека европската агенда еден ден ќе стане реалност. Но, најтемниот час е пред …

Бесими: Земјите од Западен Балкан да се стават на брзиот пат кон ЕУ Read More »

(Во живо): Обраќања на Ковачевски и Бесими на третиот Скопски економски и финансиски форум


Третиот Скопски економски и финансиски форум (СЕФФ) почнува денеска, а темата е „Европа – ДА, Европа – СЕГА“. Форумот ќе го отворат премиерот Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими и еврокомесарот за буџет Јоханес Хан.  

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк


Студентите од втора и повисоките години на студии кои аплицирале и ги исполниле условите за субвенциониран студентски оброк, за што добиле потврда од Министерството за образование и наука, заради остварување на правото, како следен чекор имаат обврска задолжително да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе Банка и да ги ажурираат своите податоци на …

МОН: Студентите да ги подигнат наменските платежни картички за субвенциониран студентски оброк Read More »

Извештај за НЛО на НАСА: Што научивме од студијата за неидентификувани аномални феномени


Истражувањето на НАСА за стотици забележани НЛО откри дека нема докази дека вонземјаните стојат зад необјаснетите феномени, но вселенската агенција исто така не можеше да ја исклучи таа можност. Ако вистината е таму некаде, овој долгоочекуван извештај не нуди убедливи докази. Но, наведува како НАСА ќе ги истражи, како што ги нарекува UAPs (неидентификувани аномални …

Извештај за НЛО на НАСА: Што научивме од студијата за неидентификувани аномални феномени Read More »

Еве колку во Хрватска ќе изнесуваат максималните цени на млекото, оризот, компирот, месото…


Хрватската влада ги ограничи цените на вкупно 30 производи, со важност од понеделник, 18 септември. За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, пилешко, мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходните мерки, јавија хрватските медиуми. Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; полутврдо гауда сирење за сечење 6,49 евра; …

Еве колку во Хрватска ќе изнесуваат максималните цени на млекото, оризот, компирот, месото… Read More »

Нетанјаху ќе се сретне и со Маск за време на посетата на САД


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со технолошкиот милијардер Илон Маск за време на посетата на САД следната недела, пренесе ДПА. Средбата е закажана за понеделник, соопшти кабинетот на Нетанјаху. Маск неодамна беше обвинет за антисемитизам откако ги нападна финансиерот и преживеан од Холокаустот Џорџ Сорос и еврејската организација Лига против дефамација (ADL) со …

Нетанјаху ќе се сретне и со Маск за време на посетата на САД Read More »

Зеленски ќе го посети Вашингтон по Генералното собрание на ОН


Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го посети Вашингтон по неговиот планиран говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, пренесе ДПА. За наредната недела планирани се средба со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа и разговори со членовите на Конгресот во Капитол, информираа „Вашингтон пост“, Блумберг и Си-Ен-Ен, повикувајќи се на владини …

Зеленски ќе го посети Вашингтон по Генералното собрание на ОН Read More »

„Гугл“ ќе плати 93 милиони долари заради користење податоци за локација без согласност


Технолошката компанија „Гугл“ со седиште во САД се договори за 93 милиони долари со американската сојузна држава Калифорнија, решавајќи ги наводите дека компанијата користела податоци за локацијата без согласност, прекршувајќи ги законите за заштита на потрошувачите во Калифорнија. Спогодбата следи по повеќегодишната истрага на Министерството за правда на Калифорнија, кое откри дека технолошкиот гигант ги …

„Гугл“ ќе плати 93 милиони долари заради користење податоци за локација без согласност Read More »

Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот Онкологија пред Комисијата за политички систем


Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе расправа за Предлог – одлука за основање на анкетна комисија за случајот Онкологија по информациите за злоупотреби со биолошката терапија за онколошките пациенти на ЈЗУ Универзитетска Клиника за радиотерапија и онкологија за што веќе има отворено истрага. Формирањето на анкетната комисија е со потписи …

Предлог-одлуката за основање анкетна комисија за случајот Онкологија пред Комисијата за политички систем Read More »

Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“


 Саем за презентација и продажба на мед и пчеларска опрема ќе се одржи денеска и утре на градскиот плоштад во Тетово. Манифестацијата е насловена „Слатки денови на Тетово“, а ја организираат здруженијата „Полошки мед“ и „Градот на пчелите“.   -Оваа манифестација„Слатки денови на Тетово“,  е петта по ред. Повеќе десетици пчеларите кои се членови на здруженијата …

Саем на мед и пчеларска опрема „Слатки денови на Тетово“ Read More »

Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков


Романот „Мина“ на Игор Анѓелков ќе биде промовиран вечер со почеток од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, соопшти издавачката куќа „Или-или“. – Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај, како 222 издание во едицијата …

Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков Read More »

Украинските власти наредија евакуација на цивилите од областа Херсон


Украинските власти наредија задолжителна евакуација на цивилите во јужниот регион Херсон, чиј дел е контролиран од руските сили и редовно е цел на напади. – Советот за одбрана во регионот Херсон донесе одлука за задолжителна евакуација на семејствата со деца од населените места под постојан непријателски оган, соопшти на Телеграм Олександр Прокудин, шеф на регионалната …

Украинските власти наредија евакуација на цивилите од областа Херсон Read More »

„Соларен саем“ за обновливи извори на енергија во Скопје


Од денеска до 17 септември, во организација на „Македонската Соларна Асоцијација“ и Скопје Сити Мол ќе се одржува „Соларен Саем“. Со учество на преку 20-тина компании, на 24 резервирани локации, на приземјето во Скопје Сити Мол, посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите технологии од соларниот сектор. На саемот ќе бидат присутни производители и …

„Соларен саем“ за обновливи извори на енергија во Скопје Read More »