Промовирана официјалната топка за ЕП 2024


 Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја претстави официјалната топка со која ќе се играат натпреварите на Европското првенство во 2024 година. Се вика „Љубовта на фудбалот“. – Дизајнот на топката е инспириран од радоста на фудбалот и енергијата на турнирот. Опремен е со специјална технологија која обезбедува читање на секое движење на топката и го олеснува …

Промовирана официјалната топка за ЕП 2024 Read More »

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД


Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор: Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и Дамјан Андоновски, член и извршен директорво …

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД Read More »

Пукнатината на железничкиот мост може да ја парализира економијата


  Напукнатиот столб на железничкиот мост преку Црна Река ги стави во речиси безизлезна ситуација македонските компании на кои превозот со железница на суровините и производите им е единствената или најпожелната опција. Повеќето од големите компании во земјава буквално зависат од овој вид транспорт, па сега се во небрано, како да продолжат со работа. Од …

Пукнатината на железничкиот мост може да ја парализира економијата Read More »

Нови правила за намалување на емисиите на метан во ЕУ, еве што содржат


Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне …

Нови правила за намалување на емисиите на метан во ЕУ, еве што содржат Read More »

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за автопатот Прилеп – Битола


Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект. Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот …

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за автопатот Прилеп – Битола Read More »

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември


Владата, на предлог на Министерството за економија, на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во …

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември Read More »

Годинава повеќе нема да се издава еврообврзница


Оваа година повеќе нема да се издава Еврообрвзница, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. – Наместо да имаме вторпат издадавење еврообврзница, оваа година повеќе нема да имаме издавање еврообврзница, оттаму што веќе две години се преговара за поволни услови за финансирање на буџетот. Тоа е преку макрофинансиска помош од Европската комисија, потоа преку Светска …

Годинава повеќе нема да се издава еврообврзница Read More »

Владата го усвои новиот закон за вино


 Владата на денешната седница, по предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го прифати новиот закон за вино, соопшти МЗШВ. Имајќи предвид дека земјите членки на ЕУ се најголемиот пазар за извоз на вино од Република Северна Македонија и со цел непречено да се зголеми и олесни извозот на македонско вино и производи од …

Владата го усвои новиот закон за вино Read More »

Падна договор со Мисијата на ММФ, Македонија ќе добие 200 милиони евра поддршка


Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ќе препорача на раководството на оваа финансиска институција да одобри 200 милиони евра финансиска поддршка за Северна Македонија од Програмата за претпазливост и ликвидност на ММФ, соопшти денес првиот човек на Мисијата на ММФ за нашата земја, Жак Миниан, на заедничка прес конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими. Одобрувањето …

Падна договор со Мисијата на ММФ, Македонија ќе добие 200 милиони евра поддршка Read More »

Буџетот за 2024 ќе биде столб за економско заздравување, тежи 5,58 милијарди евра


  Предлог-буџетот за 2024 година денеска помина на владина седница. Владата го карактеризира како развоен и одржлив Буџет кој ги има сите карактеристики за истовремено да го поддржи развојот, но и да ја обезбеди фискалната одржливост. Расходната страна е проектирана на 343,6 милјарди денари (околу 5,58 милијарди евра) или за 5,8 проценти повисока во однос …

Буџетот за 2024 ќе биде столб за економско заздравување, тежи 5,58 милијарди евра Read More »

(Во живо) Прес-конференција на министерот Бесими и шефот на Мисијата на ММФ, Миниан


Проследете ја заедничката прес-конференција на министерот за финансии Фатмир Бесими и шефот на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Република Северна Македонија Жак Миниан.

Заврши контролата на ММФ, Владата очекува поддршката да продолжи


  Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска остварија средба со делегација од Меѓународниот монетарен фонд предводена од шефот на Мисијата на ММФ за Република Северна Македонија, Жак Миниан, новиот шеф на мисијата за Република Северна Македонија, Анет Кубе, алтернативниот извршен директор на Мисијата, Лук Дресе. Досегашната соработка на Република Северна …

Заврши контролата на ММФ, Владата очекува поддршката да продолжи Read More »

Саемот „Винска визија Отворен Балкан“ повторно во Белград, со 600 изложувачи, 74 од Македонија


Од 16 до 19 ноември на Белградскиот саем ќе се одржи меѓународиот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ под покровителство на Владите на Р.Србија, Р.Северна Македонија и Р.Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Од Службата за медиуми на српскиот претседател соопштија дека во четирите дена на Wine Vision, …

Саемот „Винска визија Отворен Балкан“ повторно во Белград, со 600 изложувачи, 74 од Македонија Read More »

Суарез повторно во уругвајската репрезентација


Првпат по Светското фудбалско првенство во Катар кое се одржа во декември, уругвајскиот напаѓач Луис Суарез (36) е повикан во националниот тим за мундијалските квалификации. Најдобриот стрелец во историјата на уругвајската репрезентација доби повик од селекторот Марсело Биелса за претстојните два квалификациски натпревари против светскиот првак Аргентина и Боливија. Познат под прекарот „Ел Пистолеро“, Суарез …

Суарез повторно во уругвајската репрезентација Read More »

Еве каква зимска опрема е задолжителна за возилата од утре до 15 март


Од утре, возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително ќе треба да поседуваат пропишана зимска опрема, соопшти Министерството за внатрешни работи. Оваа обврска возачите ќе мора да ја применуваат до 15 март идната година. Станува збор за законска обврска, согласно одребите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“ и Законот за изменување …

Еве каква зимска опрема е задолжителна за возилата од утре до 15 март Read More »

Околу 400 инвеститори бараат црногорски пасош: Еве како можат да го добијат


Црна Гора не решила 398 барања за добивање државјанство, како дел од програмата за економско државјанство, открива извештајот на Европската комисија (ЕК) за Црна Гора. Во тој документ, чии детали ги пренесува РТЦГ, се наведува дека на 15.06.2023 година сè уште биле во тек 398 пријави. Останатите нерешени апликации, велат од Европската комисија, треба соодветно …

Околу 400 инвеститори бараат црногорски пасош: Еве како можат да го добијат Read More »

Почина сестрата на Доналд Трамп, Мариан Трамп Бери


Постарата сестра на Доналд Трамп, пензионираната судијка Мариан Трамп Бери, која го критикуваше својот брат во тајно снимена изјава додека беше претседател на САД, почина денеска на 86-годишна возраст, објави Њујорк Тајмс. Мариан Трамп е една од четирите браќа и сестри на Доналд Трамп, кој на 77-годишна возраст планира повторно да се кандидира на претседателските …

Почина сестрата на Доналд Трамп, Мариан Трамп Бери Read More »

ИДФ: Команден центар на Хамас пронајден под детска болница во Газа


 Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари изјави дека елитната единица командоси Шајетет 13 на морнарицата и 401-та оклопна бригада извршиле рација во болницата Рантиси во градот Газа, во која се лекувале деца, и оти таму биле заробени оперативци на Хамас. – Под болницата, во подрумот, најдовме команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати …

ИДФ: Команден центар на Хамас пронајден под детска болница во Газа Read More »

Три жртви во руско гранатирање на Херсон


Три лица загинаа, а 17 се повредени во денешното руско гранатирање врз јужниот украински град Херсон и околината, соопшти регионалниот гувернер Олександр Прокудин. Тој на Телеграм информира две лица загинале од руска артилери во центарот на градот. Таму се повредени уште 10 цивили. Надвор од градот, убиен е постар човек, а повредени се неговата ќерка …

Три жртви во руско гранатирање на Херсон Read More »

Аспирацијата кон ЕУ да не ги засени развојот на вештините и стратегиите за развој, порачува советникот на Азески


Советникот во Стопанската комора на Македонија, Кристофер Сандерс денеска порача дека фокусот на државата и на луѓето во неа треба да биде развојот на вештини и на реализирање на стратегиите за развој, наместо единствената аспирација да е членството во ЕУ. „Како очекувате која било компанија да инвестира овде кога единствената аспирација на луѓето е да …

Аспирацијата кон ЕУ да не ги засени развојот на вештините и стратегиите за развој, порачува советникот на Азески Read More »