Владата го одобри Урбанистичкиот проект за автопатот Прилеп – Битола


Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект.

Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот Прилеп – Битола во должина од 29 км, а вкупната должина на Делницата на автопат Прилеп – Битола е околу 40 км. Останатиот дел од трасата ќе биде предмет на дополнителни урбанистички проекти, соопшти владината прес-служба.