Плејоф жрепка во Лига Европа, Феенорд против Рома, Милан против Рен


Европската фудбалска федерација (УЕФА) попладнево со жрепка во седиштето в Нион ги одреди паровите од плејофот за пласман во осминафиналето во Лига Европа. Паровите се Феенорд – Рома, Милан – Рен, Ленс – Фрајбург, Јанг Бојс – Спортинг Лисабон, Бенфика – Тулуз, Брага – Карабах, Галатасарај – Спарта Прага и Шахтјор – Олимпик Марсеј. Првите …

Плејоф жрепка во Лига Европа, Феенорд против Рома, Милан против Рен Read More »

Поевтинуваат дизел горивата


Дизелот од ноќеска на полноќ поевтинува за еден денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинството се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,24 …

Поевтинуваат дизел горивата Read More »

Прифатени три амандамани од поднесени 272: Владата го утврди Дополнетиот предлог буџет за 2024 година


Владата на денешната седница утврди текст на Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2024 година. Како што соопшти владината прес-служба, Дополнетиот Предлог Буџет, предложен од Министерството за финансии, претставува нов интегрален текст, во којшто Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги вгради прифатените амандмани, по расправите во надлежните комисии во Собранието, а …

Прифатени три амандамани од поднесени 272: Владата го утврди Дополнетиот предлог буџет за 2024 година Read More »

Микро и малите претпријатија заостануваат со дигитализација, покажува анализата на Бизнис конфедерација на Македонија


 Подготвеноста за дигитално усвојување кај претпријатијата, особено микро и малите претпријатија, заостанува и покрај напредокот на Северна Македонија во продорот на интернетот, покажува анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на ММСП во Северна Македонија“ на Бизнис конфедерацијата на Македонија. Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, на денешната презентација на анализата во хотел „Панорамика“ …

Микро и малите претпријатија заостануваат со дигитализација, покажува анализата на Бизнис конфедерација на Македонија Read More »

ИСОС го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители


За да се овозможи целосна имплементација на одредбите од Законот за вршење на сметководствени работи, со што се обезбедува подобра евиденција и управување со сите финансиски текови во земјата, Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја започна финалната фаза од процесот на ажурирање и објавување на податоците во регистрите на сметководители и овластени сметководители, …

ИСОС го закружува процесот на ажурирање и објавување на регистрите на професионални сметководители Read More »

Лига на шампиони: Наполи против Барселона, Манчестер Сити против „чудото“ Копенхаген…


Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), попладнево со жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите.  Пред извлекувањето 16-те екипи беа поделени во две групи, носители и неносители, при тоа две екипи од иста земја и два учесника во иста група од групната фаза не можеа да се сретнат во осминафиналето.  Извлечени …

Лига на шампиони: Наполи против Барселона, Манчестер Сити против „чудото“ Копенхаген… Read More »

ЕК започна формална постапка против Икс за можно кршење на Законот за дигитални услуги на ЕУ


Европската комисија започна формална постапка за да процени дали социјалната мрежа Икс го прекршила Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ поврзано со управувањето со ризици, умереноста на објавените содржини, транспарентноста на рекламирањето и пристапот на истражувачите до податоците на платформата, соопшти денеска портпаролот на ЕК за дигитална економија, истражување и иновации Јоханес Барке.  Тој …

ЕК започна формална постапка против Икс за можно кршење на Законот за дигитални услуги на ЕУ Read More »

Во Александрополис пристигна танкер за гас, ќе ја снабдува и Македонија


  Специјално прилагодениот танкер „Александрополис“, односно пловната единица за складирање и регасификација (FSRU) доплови до грчкиот град Александрополис, од каде што, откако ќе биде ставена во функција, веројатно во првиот квартал од 2024 година, ќе снабдува со приоден гас низа земји, меѓу кои и Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Од компанијата „Гастрејд“, која …

Во Александрополис пристигна танкер за гас, ќе ја снабдува и Македонија Read More »

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила


Патот Берово-Струмица од 10:30 часот е прооден за сите видови возила, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Завчера, АМСМ соопшти дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ работеа на отстранување на паднатите дрвја. …

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила Read More »

Шефот на „Рајанер“ на прагот на еден од најголемите бонуси во историјата


Директорот на ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири се приближува до потенцијалниот бонус од 100 милиони евра, кој би бил меѓу најголемите во историјата на европската компанија, откако акциите на авиокомпанијата достигнаа рекордно високо ниво. Цената на акцијата на „Рајанер“ се искачи на 18,99 евра на крајот на минатата недела, со што О’Лири се приближи …

Шефот на „Рајанер“ на прагот на еден од најголемите бонуси во историјата Read More »

Бочварски го чека извештајот за автопатот Кичево – Охрид: Сѐ уште не може да зборуваме за раскинување на договорот


Министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски денеска изјави дека следните чекори во врска со реализација на автопатот Кичево – Охрид ќе зависат од експертскиот извештај кој го очекува неделава. Според него, сѐ уште не може да се зборува за раскинување на договорот со „Синохидр“. „Извештајот е во изработка, очекувам во текот на оваа недела …

Бочварски го чека извештајот за автопатот Кичево – Охрид: Сѐ уште не може да зборуваме за раскинување на договорот Read More »

Пет инвестициски совети за 2024 година


  Во свет полн со несигурност, тешко е да се дадат какви било значајни инвестициски препораки. Единствената вистина е дека се може да се случи. Сепак, Блумберг побара помош од неколку експерти за да ги добие нивните најдобри совети како да се подготвите за следната година без да се обложувате премногу на некој исход, пренесе …

Пет инвестициски совети за 2024 година Read More »

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици


Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку …

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици Read More »

Со платежната сметка за основни функции за минимален надоместок се добива поголем пакет платежни услуги


  Со новата регулатива во сферата на платежните услуги се воведуваат одредени ограничувања за надоместоците коишто ги наплаќаат банките, заради заштита на потрошувачите. За месечен надоместок од 34 денари, или 0,1% од просекот во изминатите 12 месеци од просечната исплатена нето-плата во земјата, граѓаните коишто ќе отворат платежна сметка со основни функции можат да користат …

Со платежната сметка за основни функции за минимален надоместок се добива поголем пакет платежни услуги Read More »

Осигуренци за еден месец наплатија 9 милиони евра од штети покриени со осигурување


Граѓани, компании и институции наплатија 550 милиони денари (9 милиони евра) за штети покриени со неживотно осигурување во ноември годинава. Во споредба со октомври вредноста на исплатените штети покриени со неживотни осигурувања е зголемена за 45 отсто, покажува споредбата на прелиминарните податоци што до Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги доставуваат сите компании за …

Осигуренци за еден месец наплатија 9 милиони евра од штети покриени со осигурување Read More »

Презентација на анализа за трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија


Бизнис Конфедерација на Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од анализата „Овозможувачка средина за дигитална трансформација на микро, малите и средни претпријатија (ММСП) во Северна Македонија“. Организаторите најавија дека на настанот обраќања ќе имаат министерот за информатичко општество и администрација Азир Али, Јулија Друмеа експерт за работодавачи од Меѓународната организација на трудот, Сана Фрковик од …

Презентација на анализа за трансформативниот потенцијал на дигиталните технологии за микро, мали и средни претпријатија Read More »

Чилеанците го отфрлија текстот на уставот што требаше да го замени оној од времето на Пиноче


Чилеанците вчера го отфрлија новиот конзервативен текст на уставот кој требаше да го замени оној од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче. По пребројувањето на 99,65 отсто од гласовите, вкупно 55,76 отсто од Чилеанците го отфрлија новиот текст, додека за него гласаа 44,24 отсто. Тоа е втор нацрт-устав што чилеанските гласачи го отфрлија како замена …

Чилеанците го отфрлија текстот на уставот што требаше да го замени оној од времето на Пиноче Read More »

Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС


Изборите се и не се завршени. Тие се затоа што гласањето заврши, гласовите главно се преброени, а резултатот – освен во Белград – е сосема јасен. Но, не се, бидејќи најголемата опозициска сила „Србија против насилство“ ги нарекува изборите недемократски и најавува борба за нивно оспорување со сите легитимни средства. Извори на Дојче Веле и …

Во Србија ништо ново: Продолжува неконтролираната моќ на СНС Read More »

Во Советот за безбедност на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа


Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „ итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на …

Во Советот за безбедност на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа Read More »

Загреб полн со туристи


  Очекувањата на туристите во главниот град се големи. Тоа го потврдува и фактот дека сместувањето во Загреб е се потешко да се најде. Во Загреб очекуваат уште една рекордна туристичка година. Градот и овој декември е преплавен од туристи. – Сезоната е токму онаква каква што очекувавме. Сегашната пополнетост ни е околу 60, 70 …

Загреб полн со туристи Read More »