Ковачевски: Државата не смее уште еднаш да ја повтори грешката од 2008 година


Не смее државата уште еднаш да ја повтори грешката што ја направи во 2008 година кога тогашната влада наместо да гледа 100 години напред, тие решија да гледаат 2300 години назад. Наместо европеизација на државата, добивме лажна антиквизација на државата и беа носени Хунзи и чекани на аеродром, облечени како фалангата на Александар Македонски. Тоа …

Ковачевски: Државата не смее уште еднаш да ја повтори грешката од 2008 година Read More »

Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра


Централната банка на Косово (ЦБК) соопшти дека косовската дијаспора од 1 јануари до крајот на ноември 2023 година испратила во земјата милијарда и 217 милијарди евра, што претставува зголемување од околу 10,2 отсто во однос на истиот период од минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина. Според извештајот на ЦБК, вредноста на дознаките само …

Косовската дијаспора во изминатите 11 месеци испратила во земјата над 1,2 милијарди евра Read More »

Кои се најбогати луѓе во регионот, а кој е во Македонија, големи промени на врвот


  Најбогат човек годинава во Македонија е Живко Мукаетов, првиот човек на „Алкалоид“, чие богатство се проценува на 710,5 милиони евра, според традиционалната ранг листа на најбогати луѓе во регионот, што ја прави српскиот магазин „Недељник“, пренесе порталот „Кликс.ба“. Според најновата ранг листа, ТОП 10-те најбогати луѓе во регионот, првите три места им припаднаа на …

Кои се најбогати луѓе во регионот, а кој е во Македонија, големи промени на врвот Read More »

Откупната цена на тутунот повисока за 10 отсто


Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за десет проценти. Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, оваа одлука компаниите ја донеле синоќа. Цената на тутунот најпрво ја зголеми Тутунскиот комбинат Прилеп, а веднаш потоа и Владата излезе со дополнителна поддршка за …

Откупната цена на тутунот повисока за 10 отсто Read More »

Владата му дава уште една шанса на „Синохидро“ за автопатот Кичево – Охрид, ќе склучува анекс на договорот


Владата, на денешната седница, ја разгледа и усвои и Информацијата за Договорот за изградба на автопат А2, делница Кичево – Охрид. Притоа, потврдено е дека изградбата на автопатската делница Кичево – Охрид е приоритет. И Владата, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта е определена да се продолжи со нејзината …

Владата му дава уште една шанса на „Синохидро“ за автопатот Кичево – Охрид, ќе склучува анекс на договорот Read More »

Рудник САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување


Рудник САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување. Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудник САСА повторно обезбеди новогодишни   пакетчиња   за   сите   деца  во   градинката   и   основното  училиште  во   Македонска Каменица, а доделена е и соодветна донација на Дневниот центар за лица со попреченост.  Како …

Рудник САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување Read More »

Трговската размена меѓу Македонија и Турција достигна една милијарда долари


Трговска размена меѓу Северна Македонија и Турција достигна една милијарда долари. Иако годината беше тешка, бизнисите од двете земји реализираа многу проекти, соработуваа на секое поле и постигнаа завиден резултат. Ова го истакна претседателот на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) Ајдован Адемоски во синоќешното обраќање на настанот по повод сработеното …

Трговската размена меѓу Македонија и Турција достигна една милијарда долари Read More »

„Реплек“ најавува уште поголем раст во 2024 година


„Реплек АД“ и во 2023 година продолжи со стратегијата на зајакнување на пазарните позиции, производното портфолио, како и промоцијата на потенцијалите, што придонесе годината да ја заврши со успешни резултати. Позитивниот тренд на финансиските резултати кои заклучно со септември донесоа 44 отсто раст на приходите од продажба од фармација на „Реплек“ продолжуваат до крајот на …

„Реплек“ најавува уште поголем раст во 2024 година Read More »

Се решава статусот на 1.117 лица во здравството, ќе добијат трајно вработување


Работниот однос на 1.117 лица кои работат на определено време како медицински и помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Владата, ќе им се трансформира на неопределено време, соопштија на заедничка прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски и министрите за здравство и за финансии, Фатмир Меџити и Фатмир Бесими. – Инвестирањето во здравствени работници е една …

Се решава статусот на 1.117 лица во здравството, ќе добијат трајно вработување Read More »

Во Челопек вчера убиените се татко и син на возраст од 52 и 28 години, најдени три пиштоли


Двајца од убиените во тетовски Челопек се татко и син на возраст од 52 и 28 години, а повредениот е 54 годишник, сите роднини на осомничениот убиец. СВР Тетово денескa соопшти дека се најдени три пиштоли на местото, а телата на починатите се дадени на обдукција.   -На 27.12.2023  околу 14.30 часот во село Челопек, …

Во Челопек вчера убиените се татко и син на возраст од 52 и 28 години, најдени три пиштоли Read More »

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против бронзените од последното СП


Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека. Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство. – Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со …

Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против бронзените од последното СП Read More »

За посигурно купување преку Интернет: АЕТМ објави регистри на регистрирани и верификувани е-трговци во Македонија


Македонската асоцијација за е-трговија – АЕТМ лансираше нова веб-платформа на која јавно е достапна унапредена верзија од бесплатниот Регистар на сите регистрирани е-трговци во нашата земја, кои имаат правно активен статус и кои нудат е-плаќање за своите производи или услуги, преку една од петте банки во нашата земја кои овозможуваат имплементација на виртуелен ПОС терминал. …

За посигурно купување преку Интернет: АЕТМ објави регистри на регистрирани и верификувани е-трговци во Македонија Read More »

ДЗР во 2024 година планира да спроведе 73 ревизии


Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година планира да изврши 73 ревизии од кои 61 за регуларност, 11 за успешност и една за усогласеност. Како што се наведува во Годишната програма на ДЗР за 2024 година што е објавена денеска, четири од вкупно предвидените 73 ревизии треба да се вршат еднаш годишно според Законот …

ДЗР во 2024 година планира да спроведе 73 ревизии Read More »

Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда


 Во сила стапи Инструментот на ЕУ за борба против принудата  (АЦИ), како алатка која ќе и овозможи на Унијата да ја спречи и да одговори на економската принуда, а со тоа и да ги заштити своите и интересите на нејзините земји членки на глобалната сцена.  Првичната и основна цел на АЦИ е да ја спречи …

Стапи во сила Инструментот на ЕУ за борба против економската принуда Read More »

Пад на увозот на енергенси во ЕУ во третиот квартал од 2023


Во текот на третиот квартал од оваа година во ЕУ се увезени 65 милиони тони енергенси во вкупна вредност од 35,4 милијарди евра, што претставува намалување на годишно ниво за 11,3 проценти според количеството и за дури 49,1 отсто според вредноста, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, …

Пад на увозот на енергенси во ЕУ во третиот квартал од 2023 Read More »

Цените на нафтата над 80 долари, во фокус Црвеното Море


Цените на нафтата се стабилизираа над нивото од 80 долари на меѓународните пазари во средата, додека трговците се обидоа да го измерат ризикот од нови напади во Црвеното Море по најавата за зголемени меѓународни патроли во регионот. На лондонскиот пазар цената на барелот попладне беше за 54 центи пониска од вчерашното затворање на тргувањето и …

Цените на нафтата над 80 долари, во фокус Црвеното Море Read More »

Европското учество во извозот на руската нафта и гориво падна на 5 отсто


Русија очекува дека извозот на нафта и нафтени деривати во Европа ќе сочинува најмногу четири до пет отсто од вкупните испораки во 2023 година, изјави вицепремиерот на руската влада Александар Новак. Претходно испорачавме 40 до 45 отсто од нафтата и нафтените деривати во Европа, а оваа година очекуваме таа бројка да не биде поголема од …

Европското учество во извозот на руската нафта и гориво падна на 5 отсто Read More »

Иран и Русија договорија трговија во риали и рубљи


 Иран и Русија го финализираа договорот според кој во иднина во билатералната трговија наместо долари ќе користат рубљи и риали, објавија денеска иранските државни медиуми.  Договорот беше финализиран за време на состанокот на гувернерите на централните банки на двете земји одржан во Русија, се наведува во извештајот. Британските медиуми потсетуваат дека и Иран и Русија …

Иран и Русија договорија трговија во риали и рубљи Read More »

Собранието усвои повеќе законски решенија во рамки на 135. и 106. седница


Собранието во рамките на денешното продолжение на 135. седница без расправа усвои повеќе законски решенија меѓу кои и Законот за дополнување на Законот за странци што беше донесен по скратена постапка и Предлог законот за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата, во прво читање. Без расправа …

Собранието усвои повеќе законски решенија во рамки на 135. и 106. седница Read More »