Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против бронзените од последното СП


Фото: Б. Грданоски

Македонската фудбалска репрезентација на 3 јуни 2024 година ќе одигра контролен натпревар против Хрватска во Ријека.

Фудбалската федерација на Македонија го потврди пријателскиот натпревар против бронзените од последното Светско првенство.

– Ни претставува задоволство што против Хрватска, една од најсилните европски селекции, ќе одиграме контролен натпревар. Тое е потврда за нашиот статус, силните репрезентации со голема почит гледаат на нашата селекција. Натпреварот ќе биде одлична можност да напредуваме како тим и се разбира да се обидеме да ја зголемиме конкуренцијата во тимот пред почетокот на квалификациските натпревари, изјави селекторот Благоја Милевски.

Последниот меч против Хрватска „Црвено-жолтите“ го одиграа на 12 октомври 2012 година во квалификациите за СП 2014. На Националната арена во Скопје, Хрватите победија со 2:1. 

На досегашните осум  дуели против Хрватска, македонската репрезентација има само една победа (2007 година, 2:0, квалификации за ЕП 2008), два нерешенни резултати и пет порази.