Откупната цена на тутунот повисока за 10 отсто


Сите откупни компании од денеска ќе го откупуваат тутунот по повисока цена за десет проценти.

Како што информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на средба со новинарите, оваа одлука компаниите ја донеле синоќа.

Цената на тутунот најпрво ја зголеми Тутунскиот комбинат Прилеп, а веднаш потоа и Владата излезе со дополнителна поддршка за тутунарите. Тие ќе добијат плус 20 – 30 денари субвенција, а од 2024 година и „зелена нафта“, како и 6 000 денари поддршка за хектар површина.

Како што оцени Николовски, субвенцијата би требало да достигне рекордни 100 – 110 денари, зависно од пресметките на крајот од откупот.