Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“


  Македонката Светлана Мојсов, светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина, е меѓу 100-те највлијателни личности во светот за годинава, според најновиот избор на американскиот магазин „Тајм“. Таа се најде во овој престижен избор заедно со уште двајца научници, Џоел Хабенер и …

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот „Тајм“ Read More »

Волстрит паѓа четврти ден по ред


На Волстрит денеска берзанскиот индекс S&P 500 падна четврти ден по ред бидејќи деловните резултати на компаниите не се импресивни и затоа што се појасно е дека американската централна банка нема да ги намали каматните стапки толку брзо како што се очекуваше. Дау Џонс загуби 0,12 отсто, на 37.753 поени, додека S&P 500 се лизна …

Волстрит паѓа четврти ден по ред Read More »

Заменик-министерот за финансии Николоски на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон


Заменик-министерот за финансии Филип Николоски од денеска до 20 април ќе престојува во Вашингтон, каде ќе учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка, кои годинава се посветени на барање решенија за справување со глобалните предизвици, особено во делот на финансиите и знаењето, поттикнување на инвестициите во приватниот сектор, како и подготвеност …

Заменик-министерот за финансии Николоски на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон Read More »

Баерн се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите


Фудбалерите на Баерн Минхен се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите откако на домашен терен го совладаа Арсенал. По 2:2 во Лондон, германскиот тим се претстави многу подобро во реваншот и благодарение на голот на Џошуа Кимих обезбеди пласман во финалето на натпреварувањето, каде во следната рунда ќе се соочи со победникот од мечот …

Баерн се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите Read More »

Роналдо го доби Јувентус на суд – треба да му платат 19,5 милиони евра


Кристијано Роналдо го доби случајот против Јувентус за неисплатени плати во износ од 19,5 милиони евра, објави „Газета дело спорт“. По даноците, пак, напаѓачот ќе добие само 9,77 милиони евра. Пандемијата на коронавирус која избувна во пролетта 2020 година донесе проблеми за италијанскиот гигант. Поради финансиските проблеми кои следеа, клубот се договори со своите играчи …

Роналдо го доби Јувентус на суд – треба да му платат 19,5 милиони евра Read More »

„Тесла“ повторно бара одобрение од акционерите за платата на Маск


„Тесла“ во средата побара од своите акционери уште еднаш да ја одобрат рекордната плата на извршниот директор Илон Маск од 56 милијарди долари, поставена за 2018 година, но судијата во Делавер ја одби во јануари. Надоместокот не вклучува плата или паричен бонус, туку одредува награди врз основа на пазарната вредност на „Тесла“, која ќе порасне …

„Тесла“ повторно бара одобрение од акционерите за платата на Маск Read More »

Излезни анкети од изборите во Хрватска – ХДЗ во предност пред СДП


Според новите излезни анкети на агенцијата Ипсос, ХДЗ и партнерите на денешните избори во Хрватска освоиле 59 мандати, СДП и партнерите 43, Домовински покрет и партнерите 13, Мост и партнерите 11, Можеме! и партнерите добиваат 10 мандати, ИДС 2 мандати и по еден 1 мандат освоија Фокус/Република и Независна платформа Север. Излезните анкети за Хрватската …

Излезни анкети од изборите во Хрватска – ХДЗ во предност пред СДП Read More »

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членство во ЕУ, рускиот напад на Украина неоправдан


Последното мултинационално истражување за Западен Балкан од Центарот за увид во истражувањето (CISR) на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) покажува широка поддршка за приклучување кон Европската унија (ЕУ) и силно мнозинство кое руската војна против Украина ја смета за неоправдана. Анкетата, како што објави на својата веб страница ИРИ, е спроведена во шест земји од регинот: Албанија, …

Анкета на ИРИ за Западен Балкан: Силна поддршка за членство во ЕУ, рускиот напад на Украина неоправдан Read More »

Речиси ништо не ги запира јапонските супер брзи возови – но една змија го стори тоа


Речиси ништо не ги спречува познатите јапонски супер брзи возови да сообраќаат точно на време – но мала змија која се провлекува низ патнички вагон ќе го направи трикот, иако само за 17 минути. Во вторникот, патник пријавил на персоналот на станицата во Токио дека змија од 40 сантиметри била забележана во вагонот на воз …

Речиси ништо не ги запира јапонските супер брзи возови – но една змија го стори тоа Read More »

На Копаоник три сантиметри снег


На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопшти вечерва за агенцијата Бета локалната метеоролошка станица. Дежурниот метеоролог Милан Дубовац изјави дека врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини. Тој додаде дека температурата е минус три степени Целзиусови и оти моментално дува ветер од северен правец со брзина и до три метри во секунда. 

Бајден побара тројно зголемување на царините за кинескиот челик


Претседателот на САД Џо Бајден на предизборен митинг денеска во Питсбург, Пенсилванија, ќе повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум повикувајќи се на „нечесната конкуренција“ а со цел да ги придобие гласовите на работничката класа. Повикот на Бајден следи откако канцеларијата на Трговскиот претставник на САД објави дека почнува истрага околу …

Бајден побара тројно зголемување на царините за кинескиот челик Read More »

Шутиноски: Берзата на електрична енергија обезбеди сигурни механизми за тргување со струја по референтни цени


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО успешно управува со организираниот пазар на електрична енергија во земјава речиси една година и ги гарантира плаќањата и испораката на електрична енергија, изјави управителот на МЕМО, Симон Шутиноски во обраќањето на Панелот „Дали интеграцијата на договорните страни на Енергетската заедница ќе обезбеди посилен единствен европски пазар …

Шутиноски: Берзата на електрична енергија обезбеди сигурни механизми за тргување со струја по референтни цени Read More »

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД изгласа предлог закон за борба против корупцијата во Западен Балкан


 Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат изгласа закон што има за цел да ги зголеми трговијата и инвестициите меѓу САД и Западен Балкан, и да се помогне во борбата против корупцијата. Демократската сенаторка од Њу Хемпшир, Џин Шахин, и сенаторот, Роџер Викер, републиканец, автори на законот што е од 2022 година, го поздравија нејговото …

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД изгласа предлог закон за борба против корупцијата во Западен Балкан Read More »

Шефовите на дипломатиите на Г7 се собраа на островот Капри во Италија, во фокусот Блискиот Исток и Украина


Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 денеска се собраа на италијанскиот остров Капри на тридневни разговори. Континуираната ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран и војните во Газа и Украина ќе доминираат на агендата на состанокот на министрите од САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија, Канада и Јапонија. Италија, која моментално заседава со …

Шефовите на дипломатиите на Г7 се собраа на островот Капри во Италија, во фокусот Блискиот Исток и Украина Read More »

ДУИ му порача на Таравари да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити бил против Законот


Демократската унија за интеграција преку соопштение до медиумите му порача на претседателскиот кандидат на опозицијата, Арбен Таравари, да затвора игри на среќа во Чаир, како и дека неговиот коалициски партнер Изет Меџити бил против донесување на законот.  Таравари деновиве изјави дека „опозициската коалиција веднаш и целосно ќе го забрани коцкањето во Македонија“. Како што наведува …

ДУИ му порача на Таравари да затвора игри на среќа во Чаир, Меџити бил против Законот Read More »

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево


Дождливото време проследено со ветар, попладнето предизвика проблеми на патните правци кои водат од Делчево кон Пехчево и Македонска Каменица. Поради паднато дрво во близина на с.Тработивиште, сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово е отежнат. Од Македонија пат информираат дека нивни екипи се на терен и работат на расчистување на коловозот. -Паднатото …

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево Read More »

Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави


Бурата Рената стигна и до Романија, каде што се издадени предупредувања за поплави поради силните дождови, додека лапавицата се претвори во снег на планините. Издадени се предупредувања за поплави за реките во шест окрузи, додека половина земја е под метеоролошки предупредувања за невреме и дожд. На планините врнежите се претворија во лапавица и снег. Утрово …

Ветрот во Романија уриваше билборди и дрвја, издадено предупредување за поплави Read More »

Бајден бара повисоки царини за челикот и алуминиумот од Кина


Американскиот претседател Џо Бајден повика на тројно зголемување на царините за кинескиот челик и алуминиум пред денешното обраќање пред челичарите во Питсбург. Повикот доаѓа откако Канцеларијата на трговскиот претставник на САД (УСТР ) објави дека започнала истрага за трговските практики на Кина во бродоградбата. Во соопштението објавено денеска, Белата куќа рече дека кинеската политика и …

Бајден бара повисоки царини за челикот и алуминиумот од Кина Read More »

Централната банка на Турција во минус 25 милијарди долари


Централната банка на Турција ја заврши 2023 година во минус за 818,2 милијарди лири или 25,25 милијарди долари, покажува нејзиниот биланс објавен во официјалниот весник, што ги одразува големите загуби кои произлегуваат од програмата за заштита на депозитите. Во 2022 и 2021 година, централната банка работеше со добивка од 72 милијарди и 57,5 ​​милијарди лири, …

Централната банка на Турција во минус 25 милијарди долари Read More »

Не е торнадо, туку густнадо. Во Србија снимена необична појава (видео)


Вчера попладне околу 15:30 часот во атар помеѓу Крепаја и Падина во Србија забележана е појава за која многумина би помислиле дека е торнадо. Сепак, изгледа само како торнадо, но не е, тоа е густнадо. Погледнете го видеото од оваа сцена. Што е густнадо? – Густнадо е земјен вител, кој нема многу сличности со торнадото …

Не е торнадо, туку густнадо. Во Србија снимена необична појава (видео) Read More »