Авиопревозниците од поранешна Југославија во првиот квартал превезле над 1,1 милион патници


Трите преостанати национални авиокомпании од поранешна Југославија – Ер Србија, Кроација ерлајнс и Ер Монтенегро – превезоа вкупно повеќе од 1,1 милион патници во текот на првиот квартал од 2024 година. Бројката претставува зголемување од речиси 11 отсто во споредба со истиот период минатата година, известува Екс Ју авијација (Ex Yu aviation). Ер Србија сочинува …

Авиопревозниците од поранешна Југославија во првиот квартал превезле над 1,1 милион патници Read More »

За Американците економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат


 Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус. Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата …

За Американците економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат Read More »

Двократен европски првак загина во војната во Украина


Двократниот европски шампион во кревање тегови во категоријата до 85 килограми, Олександр Пиелиешенко загина во војната против Русија на 30-годишна возраст, соопшти денеска украинската Федерација во кревање тегови. Пиелиешенко загинал во руски воен напад изминатат ноќ. Европските титули ги освои во 2016 и 2017, а настапуваше под украинското знаме на Олимписките игри 2016 во Рио …

Двократен европски првак загина во војната во Украина Read More »

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи


Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот …

Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи Read More »

Се подготвува изборното Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај


Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика. -Како прво, се наметна потребата за ажурирање на постоечкиот Регистар на членови на ДПМ по неколку основи, како …

Се подготвува изборното Собрание на ДПМ, рокот за кандидатури за нов претседател истекува на 15 мај Read More »

Се сретнале Мицкоски и Таравари, разговарале за идната влада


  На два дена пред изборите, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, попладнево се сретнал со лидерот на отцепеното крило на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, кое е дел од изборната коалиција „Вреди“.  Се сретнале само тие двајца, на средбата не биле другите членови на коалицијата на албанската опозициска коалиција.  Информацијата прв ја објави ТВ 21, …

Се сретнале Мицкоски и Таравари, разговарале за идната влада Read More »

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо


Пет работници го загубија животот додека работеле на поправка на канализациски систем во близина на италијанскиот град Палермо. Еден работник е тешко повреден и е пренесен во болница.  Како што јави италијанската агенција Анса, несреќата се случила во градот Кастелдачија додека работниците, вработени во компанијата „Амап“ која управува со градскиот водовод и канализација во Палермо, …

Пет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо Read More »

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи


Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 …

Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи Read More »

Осум фрази кои ги кажуваат пасивно-агресивните луѓе: Сакаат да бидат учтиви, а гаѓаат со отровни стрели 


Комуникацијата игра клучна улога во нашите секојдневни интеракции, а зборовите што ги избираме може значително да влијаат на тоа како се перцепираат нашите пораки. Психолозите тврдат дека треба да внимавате на одредени фрази кои луѓето ги користат многу често за да советуваат некого, да изразат несогласување или да дадат совет, а кои можат да предизвикаат …

Осум фрази кои ги кажуваат пасивно-агресивните луѓе: Сакаат да бидат учтиви, а гаѓаат со отровни стрели  Read More »

Цените на шеќерот на надолна траекторија


Цените на шеќерот на светските берзи веќе извесно време се на надолна траекторија. Најголемиот светски производител и извозник на шеќер, Бразил, во сезоната 2024/2025 година ќе има послаба од очекуваната жетва на шеќерна трска, која сепак е доволна за рекордно ниво на финално производство на шеќер. Бразил, исто така, ќе преработи 686 милиони тони шеќерна …

Цените на шеќерот на надолна траекторија Read More »

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин, Германија не


  Франција утре на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот следен шестгодишен мандат ќе ја претставува нејзиниот амбасадор во таа земја, изјави француски дипломатски извор за Ројтерс. Изворот рече дека Франција ги забележала резултатите од изборите на 18 март во Русија, остро осудувајќи го репресивниот контекст во кој тие се одржаа. Германија претходно …

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин, Германија не Read More »

Странски туристи пронајдени во бунар во Мексико, биле застрелани во глава


Телата на тројца туристи пронајдени во бунар во северозападно Мексико имале рани од куршум на главата, соопштија локалните власти, а пренесува Би-Би-Си. Австралиските браќа Џејк и Калум Робинсон (30 и 33) и нивниот пријател, Американецот Џек Картер Роуд (30) исчезнаа на 27 април додека сурфаа во Енсенада, а нивните тела беа пронајдени во саботата. Роднините …

Странски туристи пронајдени во бунар во Мексико, биле застрелани во глава Read More »

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото


Европската комисија денеска ја заврши својата анализа за состојбата со владеењето на правото во Полска во однос на постапката покрената според член 7 став 1 од Договорот за ЕУ и заклучи дека повеќе „не постои јасен ризик од сериозно прекршување на владеењето на правото“ во земјата, соопшти портпаролот на ЕК за правда, еднаквост и владеење …

ЕК предложи запирање на постапката против Полска за непочитување на принципите на владеење на правото Read More »

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија


Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на Југословенската народна армија, прва жртва при распадот на Југославија, се одбележаа денеска во Кавадарци. Беше положено цвеќе на неговиот споменик на градските гробишта, а беше посетена и новата фонтана изградена во негова чест, на кружниот тек што го носи неговото име. Од кавадаречката Музеј …

Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија Read More »

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата


Во Скопје утре од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одбележување на 7 Мај – денот на полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во овој временски период затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“. Единицата …

Во Скопје утре посебен сообраќаен режим поради Денот на полицијата Read More »

Минималните плати во ЕУ – највисоки во Луксембург, најниски во Бугарија


Загарантираната минимална плата од оваа година во Хрватска е 840 евра бруто или приближно 677 евра нето. Владата редовно се фали со континуирани повеќегодишни зголемувања на минималната плата. Сепак, и по овогодинешното зголемување, Хрватска е во долниот дел од рангирањето на земјите од ЕУ кои пропишуваат национална минимална плата, пишува Даница.хр. Највисок минималесц има во …

Минималните плати во ЕУ – највисоки во Луксембург, најниски во Бугарија Read More »

Значаен пад на цените на нафтата минатата недела


На глобалните пазари минатата недела цената на нафтата падна за околу 7 отсто бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на растот на најголемите светски економии, поради што слабее и побарувачката за „црното злато“. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела потона за 7,3 отсто, на 82,96 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот …

Значаен пад на цените на нафтата минатата недела Read More »

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка


Италијанскиот министер за одбрана изјави денеска дека економските санкции наметнати на Русија не успеале и го повика Западот да направи повеќе за да преговара за дипломатско решение со претседателот Владимир Путин за да се стави крај на војната во Украина. Гвидо Крозето за весникот „Ил Месаџеро“ изјави дека Западот погрешно верувал дека санкциите може да …

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка Read More »

Концерт во Хамбург прекинат поради дефект на машина за миење садови


Неисправна машина за миење садови вчера го прекина концертот на оркестарот во концертната сала Елбфилхармонија во Хамбург. Неисправен уред на 13-тиот кат на концертната сала активирал аларм за пожар, што предизвикало евакуација на зградата за време на настапот на реномираниот државен оркестар на филхармонијата на Хамбург, според портпаролот на противпожарната бригада. Музичарите, публиката и диригентот …

Концерт во Хамбург прекинат поради дефект на машина за миење садови Read More »

Проекции на ММФ: Словенија ќе ја престигне Италија по куповна моќ до 2029 година


Според последните проекции на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), до 2029 година – со оглед на очекуваната разлика во стапките на економски раст – во однос на БДП по глава на жител во однос на куповната моќ, Словенија ќе ја престигне Италија и ќе се приближи многу повеќе до Обединетото Кралство и Франција. Според овој показател …

Проекции на ММФ: Словенија ќе ја престигне Италија по куповна моќ до 2029 година Read More »