Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин, Германија не


 

Франција утре на инаугурацијата на рускиот претседател Владимир Путин за неговиот следен шестгодишен мандат ќе ја претставува нејзиниот амбасадор во таа земја, изјави француски дипломатски извор за Ројтерс.

Изворот рече дека Франција ги забележала резултатите од изборите на 18 март во Русија, остро осудувајќи го репресивниот контекст во кој тие се одржаа.

Германија претходно денеска соопшти дека нема да биде претставена на инаугурацијата на Путин.