Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало


 Српскиот писател Владимир Пиштало е годинешниот лауреат на наградата „Прозарт“, што Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ по 12. пат ја доделува на истакнат автор за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот. Наградата ќе му биде доделена на Пиштало вечер за време на затворањето на фестивалот. Станува збор за писател што ги означи еволуцијата …

Доделување на наградата „Прозарт“ на Владимир Пиштало Read More »

Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија


 Отпорноста на антибиотици може да предизвика смрт на повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година. Ова е заклучокот од студијата објавена во научната публикација „Лансет“, пренесоа светските агенции. За прв пат, ваква студија го проценува влијанието на отпорноста на антибиотици низ годините и се обидува да го предвиди нејзиниот развој. Од 1990 до 2021 …

Отпорноста на антибиотици може да убие повеќе од 39 милиони луѓе до 2050 година, предупредува нова студија Read More »

Книжевна вечер за издаваштвото во Франција по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје


Во Францускиот институт во Скопје денеска ќе се одржи книжевна средба со Катарина Лоа ван Хоф, основач на француската издавачка куќа „Les Argonautes“, и Лали Бернар, книжевен агент, во чест на 50-годишнината на Францускиот институт во Скопје, а како дел од програмата на 12. издание на Фестивалот „Про-за Балкан“. Тема на средбата е издаваштвото во …

Книжевна вечер за издаваштвото во Франција по повод 50 годишнината на Францускиот институт во Скопје Read More »

„Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ


 Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба на графики и слики од уметниците Петра Јовановска и Вит Павлик од Чешка, насловена „Во разговор“. -Централниот елемент во делата на Петра Јовановска е круг кој не е случајно избран. Претставува синтеза на креативната и животната филозофија, како и сознанието дека совршената форма е без …

„Во разговор“ – изложба на Петра Јовановска и Вит Павлик во КИЦ Read More »

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“


Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, во рамки на проектот „Вработена Ромка=Независна Ромка“. Проектот е финансиски поддржан од шведската фондација Kvinna till Kvinna, чија главна цел е долгорочно зголемување на учеството на Ромките на пазарот на труд, преку унапредување …

Национална конференција „Вработена Ромка = Независна Ромка“ Read More »

Концерт на пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар во Скопје


Во Пијано центарот во Скопје вечер концерт ќе одржи дуото Јасмина Трајческа од Северна Македонија и Ловорка Немеш Дулар од Словенија, соопштија од Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ. Концертот е во рамки на втората сезона на 47. „Денови на македонска музика“, кој со есенското издание ја продолжува концертната традиција. -На концертот ќе бидат …

Концерт на пијано дуото Трајческа – Немеш Дулар во Скопје Read More »

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница


Собранието денеска ќе одржи продолжение на 14. седница, на чиј дневен ред, се повеќе точки, меѓу кои и Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, по скратена постапка. Собраниската Комисија за финансирање и буџет на 13 месецов го даде на натамошна постапка Предлог-законот за …

Предлог-законот за заемот од Унгарија на пленарна седница Read More »

Три лица загинаа во пожарите во Португалија


Најмалку три лица загинаа во неколку пожари во Португалија, јави ДПА. Повредени се вкупно 17 лица. Една од жртвите е пожарникар кој починал од срцев удар додека бил на работа. Пронајдени се и телата на уште две жртви. Едниот бил шумски работник кој горел, а другиот починал од срцев удар додека се обидувал да го …

Три лица загинаа во пожарите во Португалија Read More »

Лекари без граници ја прекинаа работата во Русија


 Хуманитарната организација Лекари без граници (Médecins Sans Frontières) со седиште во Швајцарија соопшти дека е принудена да ја прекине работата во Русија. – Со тешко срце мораме да ги прекинеме нашите активности во Русија, изјави шефот на руската програма на Лекари без граници. Организацијата е присутна во Русија од 1992 година, но во август соопшти …

Лекари без граници ја прекинаа работата во Русија Read More »

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени. Во …

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд Read More »

Орбан до крајот на месецов доаѓа во посета на Македонија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе допатува во посета во земјава до крајот на септември, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според Муцунски, засега не се знае точно каде ќе се одржи оваа средба, а неофицијално се спомнува Охрид, а како потенцијални датуми 25 и 26 септември. Запрашан за коментар на наводите …

Орбан до крајот на месецов доаѓа во посета на Македонија Read More »

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека „секогаш го осудувал политичкото насилство“ еден ден по вториот наводен обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. – Отсекогаш сум го осудувал политичкото насилство и секогаш ќе го осудувам, рече Бајден. Трамп по вчерашниот инцидент, за кој постои сомнеж дека бил уште еден обид за атентат …

Бајден рече дека отсекогаш осудувал политичко насилство Read More »

Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60 отсто


ВМРО-ДПМНЕ како опозиција постојано зборуваше дека имаме голем долг, а сега со ова ново задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот, далеку над дозволениот процент од 60%, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата Аргумент + на 24 Телевизија. Taa посочи дека СДСМ јасно и транспарентно пред јавноста ги објаснил забелешките за Законот …

Лукаревска: Со новото задолжување од Унгарија долгот ќе го пробие плафонот од 60 отсто Read More »

УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец


Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец август годинава, се карактеризира како екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец во споредба со многугодишните просечни вредности од 1991 до 2020 година, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Средномесечната температура се движеше од 18,2 степени во Лазарополе до 28 степени во Гевгелија. …

УХМР: Август годинава екстремно топол и просечно врнежлив до сушен месец Read More »

Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење


Со изградбата на секундарниот топловод ќе се создадат услови за приклучување кон системот за централно греење на новите објекти во Кисела вода, соопштија од ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија. „Инвеститорите на објектите согласно нивните обврски, конечно ќе можат да ја завршат постапката за приклучување на објектите кон системот за централно греење. Согласно Одобрение за градење …

Новите објекти во Кисела Вода се приклучуваат кон системот за централно греење Read More »

Мицкоски најави жешка есен за акцијата против даночно затајување


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во врска со последната акција за даночно затајување рече дека таа е една од низата вакви истраги што ќе следуваат во следниот период.  – Не би сакал сега да откривам детали, истрагата трае, мислам дека ќе биде епски голема, епски голем криминал, но она што можам да кажам дека ова е …

Мицкоски најави жешка есен за акцијата против даночно затајување Read More »

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерство (видео)


На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“ менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки. По воведното обраќање на Генералниот директор/Претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на …

„Алкалоид“ го комплетираше првиот настан за развој на лидерство (видео) Read More »

Пазарите ги зафати ценовно лудило, што може да направи Владата


  Зелените пазари во Скопје ги зафати ценовно лудило и тоа во месецот кога овошје и зеленчук има во изобилство и во време пред традиционалното почнување на приготвување на зимница. Многумина кои викендов отидоа да пазаруваат беа непријатно изненадени од цените. Така, на скопскиот Зелен пазар, кој важи за еден од подобро снабдените и со …

Пазарите ги зафати ценовно лудило, што може да направи Владата Read More »

Нови германски инвестиции во земјава и проширување на активностите на постојните


Извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Како што соопшти Антје Ванделт, директорка на Германската стопанска комора (АХК), германските инвеститори од земјава најмногу извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, во Германија се извезуваат и …

Нови германски инвестиции во земјава и проширување на активностите на постојните Read More »

Мицкоски најави три нови странски инвестиции до крајот на годината


Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три странски инвестиции кои очекува да бидат потврдени до крајот на годинава.  „Очекувам во периодот кој што следи покрај оние четири договорени од почетокот на функционирањето на оваа Влада уште дополнителни три до крајот на годината. Со што драматично ќе се зголеми економската активност и ќе влијаат позитивно на растот …

Мицкоски најави три нови странски инвестиции до крајот на годината Read More »