Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. „Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне  непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите …

Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период Read More »

Балетот „Пепелашка“ во духот на филмот „Брилијантин“, на програмата на НОБ на 27 септември 


  Современата балетска бајка за сите возрасти „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 септември со почеток во 20.00 часот, соопштија од НОБ. Приказната за „Пепелашка“ преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев е во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата …

Балетот „Пепелашка“ во духот на филмот „Брилијантин“, на програмата на НОБ на 27 септември  Read More »

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат


„Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија …

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат Read More »

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија


  Компанијата КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше 400.000 евра во изградба на фотоволтаична (соларна) централа со инсталирана моќност од 609 KWp. Централата ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, со што околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија на компанијата се заменува со чиста, обновлива енергија добиена од сончеви зраци. Покрај за зголемување …

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија Read More »

Македонската филхармонија в четврток ќе гостува во Дубровник


Македонската филхармонија в четврток (26 септември) ќе гостува во Дубровник со концерт на сцената на Кнежев двор. Солистка на концертот ќе биде хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а оркестарот ќе го води диригентот Бојан Цанев. На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровничка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и …

Македонската филхармонија в четврток ќе гостува во Дубровник Read More »

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 22 до 29 степени


Најстудено утрово е во Берово со измерени 2 степена. Според Управата за хидрометеоролошки работи, температурата во Лазарополе утрово е 4 степени, 6 во Крива Паланка, Маврови Анови и Струмица. Седум степени се измерени на Попова Шапка, Скопје-Петровец, Битола и Штип, 8 степени во Куманово, Тетово, Демир Капија, Прилеп и Велес, 9 во Крушево, Скопје-Зајчев Рид, …

Најстудено утрово во Берово, дневната температура денеска од 22 до 29 степени Read More »

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред


Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот …

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред Read More »

Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на …

Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах Read More »

Барселона без голманот Тер Штеген околу осум месеци


Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген тешко се повреди на вчерашниот натпревар со Виљареал (5:1) во 6. коло од Ла Лига. Според „RAC1“, на Германецот му била дијагностицирана пукната тетива на пателата на десното колено. Забележано е дека периодот на закрепнување на голманот ќе биде околу осум месеци.  Барселона се уште не ја коментира природата …

Барселона без голманот Тер Штеген околу осум месеци Read More »

Како Франција ја престигна Русија во извозот на оружје


Додека со години се зборува за се полошата позиција на Европската унија во светот кога станува збор за технолошките прашања и се претставува како континент кој го губи приматот во однос на САД и Кина, една вест укажува дека ова не е случај во сите области. Минатогодишната статистика за извоз на оружје, која ја следи …

Како Франција ја престигна Русија во извозот на оружје Read More »

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека нападнале команден центар на палестинската милитантна група Хамас, сместен во зграда во центарот на Газа, која претходно се користела како училиште. – Центарот за команда и контрола, кој беше вграден во комплексот што претходно служеше како училиште „Калед ибн ал-Валид“, беше користен од терористите на Хамас за планирање и …

Најмалку 22 жртви во напад врз училиште во Газа за кое ИДФ тврди дека било команден центар на Хамас Read More »

Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети


Две лица се ранети откако напаѓач вчера отворил оган во продавница во округот Обухив, Киевска област, јавија украинските медиуми. Напаѓачот е фатен, соопшти Националната полиција. Според украинските власти, инцидентот се случил вчера попладне, кога полицијата добила дојава дека непознат маж влегол во продавница во областа Обухив и почнал да пука. Напаѓачот ги ранил продавачот и …

Вооружен Украинец влегол во продавница и пукал, има ранети Read More »

Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден


Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа пристигна во САД каде на американскиот претседател Џо Бајден ќе му ги претстави деталите од неговиот „план за победа“ со цел да се стави крај на руската инвазија, уверувајќи дека оваа есен ќе биде одлучувачка. – Пристигнавме во САД. Главната цел е да ја зајакнеме Украина и да го заштитиме …

Зеленски во САД за да му го претстави својот „план за победа“ на Бајден Read More »

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје


Тринаесет лица, меѓу кои и едно дете, се повредени синоќа во воздушните напади на руските сили врз Запорожје, изјави гувернерот на областа Запорожје, Иван Федоров. Федоров на Телеграм објави дека се повредени седум жени, пет мажи и едно 15-годишно момче, пренесува агенцијата Укринформ. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека, според првичните информации од теренот, …

Тринаесет лица повредени во руски напад врз Запорожје Read More »

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа


Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври.  Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе …

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа Read More »

Дел од општина Кисела Вода без струја


 Без струја денеска од 8 до 14 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје. 

Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска ќе има средба со министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис. Ова е прва средба меѓу двајцата министри, која ќе се одржи на маргините на 79. Генерално собрание на ОН. На средбата, како што соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна тровија, ќе …

Во Њујорк прва средба Муцунски – Герапетритис Read More »

Без вода делови од Карпош и Центар


 Без вода денеска од 9 часот ќе бидат дел од корисниците  на улиците „Крагуевска“, „Беджих Сметана“ и „Драган Ѓаковски-Шпато“ во општина Карпош.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок Ф – 100 милиметри на улица „Крагуевска“ бр. 9. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.   …

Без вода делови од Карпош и Центар Read More »

Конференција за наставници „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“


Во Кинотеката денеска ќе биде организирана конференција за наставници на тема „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“, која е дел од проектот „..и Акција!“ во рамки на Програмата на „Еразмус +“, подржан од Европската Унија. Кинотеката е една од петте партнери во овој проект и ќе учествува со свои излагачи. Меѓу нив се: Игор …

Конференција за наставници „Примена и креирање видеосодржини за наставни цели“ Read More »

Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски


Четвртата самостојна изложба „Монумент за неродените“ на македонскиот автор Иван Аџиевски вечер ќе биде отворена во Мобилната/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата. „Монумент за неродените“ е дел од програмата на Центарот за современи уметности – Скопје (Center of Contemporary Art – CAC) за изложби во 2024 година. Според организаторот, се работи за концептуален проект во …

Изложба „Монумент за неродените“ на Иван Аџиевски Read More »