Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција


Можност за отповикување од функцијата градоначалник и воведување комунална полиција се новините што треба да бидат содржани во новиот закон за локална самоуправа, што вчера ги најави министерот за локална самоуправа Златко Перински.  Актуелниот Закон за локална самоуправа, кој е стар над 20 години, нема можност за отповикување од функцијата градоначалник поради што избраните градоначалници …

Се најавува нов закон за локална самоуправа со можност да се отповика градоначалник и да се воведе комунална полиција Read More »

Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца. Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом – Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 …

Мицкоски и Таравари во посета на поликлиниката „Идадија“ Read More »

ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците


Европската комисија испрати барања до Јутјуб, Снепчет и ТикТок да и достават дополнителни информации за дизајнот и начинот на функционирање на нивните системи за давање препораки на корисниците. Барањето е испратено согласно Законот за дигитални услуги на ЕУ (ДГА), кои ги обврзува онлајн платформите да преземат мерки за намалување ризиците кои произлегуваат од нивните системи …

ЕК бара информации од Јутјуб, Снепчет и ТикТок за начинот на препорачување содржини на корисниците Read More »

Градежниот факултет при УКИМ одбележува 75 години од основањето


Со Свечена академија во големата сала на Филхармонија во Скопје вечер Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” ќе одбележи 75 години од своето основање. Според агендата на свечената академија, поздравни обраќања ќе имаат премиерот Христијан Мицкоски, деканот на Градежниот факултет Горан Марковски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Биљана …

Градежниот факултет при УКИМ одбележува 75 години од основањето Read More »

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров


Пред 29 години на 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, кој го преживеа со тешки повреди на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов, а беа …

Дваесет и девет години од атентатот на претседателот Киро Глигоров Read More »

Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне …

Претпладне сончево, попладне повремен локален дожд Read More »

Гаши во Анкара на тет-а-тет средба со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш


Парламентарната делегација предводена од претседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ја продолжува посетата на Анкара, Турција. Во состав на делегацијата, како што информира собраниската прес-служба, се Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Турција,  членовите на оваа група Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер …

Гаши во Анкара на тет-а-тет средба со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Нуман Куртулмуш Read More »

Украина отвори истрага за егзекуцијата на нејзини 16 воени заробеници на истокот на земјата


Украина отвори истрага за егзекуцијата на 16 украински воени заробеници, која наводно ја извршила руската армија во близина на Покровск, важен град на истокот на земјата, соопшти денеска државното обвинителство во Киев. „Ова е најмасовниот познат случај на егзекуција на украински воени затвореници на линијата на фронтот“, објави главниот државен обвинител Андриј Костин,  во соопштение …

Украина отвори истрага за егзекуцијата на нејзини 16 воени заробеници на истокот на земјата Read More »

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила


Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради канадското воведување дополнителни царини за електрични возилапроизведени во оваа азиска земја, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија. Пекинг смета дека царините за кинеските електрични возила и другите производи од челик и алуминиум во Канада се „репресивна мерка“ која е незаконска. Кон крајот на август, Канада најави воведување …

Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради царините на Канада за електрични возила Read More »

Потврдени сослушувањата на европските комесари за ноември, новата комисија на ЕУ во почетокот декември


Расправите за европските комесари ќе се одржат од 4 до 12 ноември, одлучија денеска високи членови на Европскиот парламент. Одржувањето на сослушувањата во ноември значи дека најраниот датум за започнување на работата на новата Европска комисија е почетокот на декември, иако датумот за почеток може да биде одложен за јануари доколку Парламентот одбие неколку номинирани …

Потврдени сослушувањата на европските комесари за ноември, новата комисија на ЕУ во почетокот декември Read More »

Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД и побара зголемување на нивните плати


Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ги повика компаниите кои управуваат со пристаништата во САД да ги зголемат платите на пристанишните работници кои штрајкуваат веќе втор ден. -Морските превозници остварија рекордни профити за време на пандемијата, кога пристанишните работници беа изложени на опасност во нивните напори пристаништата да останат отворени. Време е овие морски …

Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД и побара зголемување на нивните плати Read More »

Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, ќе продолжи ли соработката?


Досегашната соработка меѓу Визер како корисник на финансиската поддршка за воведување на авиолинии и Владата која ја реализира оваа мерка со цел поттикнување и унапредување на авиосообраќајот во земјава, беа тема на разговор на денешната работна средба меѓу вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и извршниот директор на Визер, Јозеф Варади. На средбата, како …

Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, ќе продолжи ли соработката? Read More »

Војна меѓу Израел и Иран ќе има последици врз енергетскиот сектор, Македонија нема да остане имуна


Северна Македонија нема да остане имуна на последиците во енергетскиот сектор предизвикани од случувањата на Блискиот Исток и војната меѓу Израел и Иран, сметаат дел од експертите, учесници на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК). Министерката за енергетика, рударство …

Војна меѓу Израел и Иран ќе има последици врз енергетскиот сектор, Македонија нема да остане имуна Read More »

Еве како Ирска планира да потроши 14 милијарди долари што ќе ги добие од данокот од „Епл“


Ирската влада во вторникот соопшти дека има намера да потроши 13 милијарди евра (14,4 милијарди долари) за заостанатите даноци на „Епл“ (Apple) – неочекувани пари што Даблин практично се бореше да го избегне неколку години. Во главниот говор за буџетот, ирскиот министер за финансии Џек Чемберс рече дека неодамнешната одлука на највисокиот суд во Европа …

Еве како Ирска планира да потроши 14 милијарди долари што ќе ги добие од данокот од „Епл“ Read More »

Директорот на ММФ за Европа во Народна банка: Независноста на централните банки е витално јавно добро


Политиките коишто ги водеше и силниот кредибилитет на Народната банка придонесоа за закотвување на инфлациските очекувања и стапката на инфлација од 19,8 отсто во 2022 година, се сведе на 2,2 отсто во август годинава. Ова беше посочено од директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер, кој на маргините на Десеттата меѓународна конференција на …

Директорот на ММФ за Европа во Народна банка: Независноста на централните банки е витално јавно добро Read More »

Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација, вели Божиновска


Одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија, заклучи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на отворањето на меѓународната конференција „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во …

Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација, вели Божиновска Read More »

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер


Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер во својата работа, а широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 93,2 процента од деловните субјекти со десет или повеќе вработени, соопшти Државниот завод за статистика. Во однос на е-трговијата, 19,7 отсто од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, додека 18,9 …

Во 2024 година 93,8 отсто од деловните субјекти користеле компјутер Read More »

Годишен состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 октомври во Вашингтон


Годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка ќе се одржи од 21 до 26 октомври во Вашингтон. Според прелиминарниот распоред, во понеделник, 21 октомври, меѓу другото ќе се разговара и за преносот на монетарната политика на САД, за отворањето работни места во Субсахарска Африка или за трансформацијата на мрежата за …

Годишен состанок на ММФ и Светска банка од 21 до 26 октомври во Вашингтон Read More »

ИСОС: За ефективна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди неопходна е посветеност на сите засегнати страни


Примената на најновите меѓународни сметководствени стандарди е од особена важност за домашната економија и значајно ќе го унапреди квалитетот и транспарентноста на финансиското известување. Неопходен е засилен ангажман и посветеност од сите засегнати страни, следење на потребите на стопанството и координација со надлежните институции за да може процесот на  имплементација на меѓународните сметководствени стандарди да …

ИСОС: За ефективна имплементација на меѓународните сметководствени стандарди неопходна е посветеност на сите засегнати страни Read More »

Јавниот долг годинава ќе достигне 66,4 отсто од БДП, ќе бидат потребни пет години да се сведе на 60 отсто


  Министерството за финансии ги подготви, а Владата на последната седница ги усвои Фискалната стратегија за период 2025-2029 и Стратегијата за управување со јавен долг за 2025-2027 со изгледи до 2029 година. Тоа претставуваат стратешки документи кои ја исцртуваат на среден рок патеката по која ќе движи фискалната политика. „Ваквото среднорочно планирање овозможува поголема предвидливост …

Јавниот долг годинава ќе достигне 66,4 отсто од БДП, ќе бидат потребни пет години да се сведе на 60 отсто Read More »