Во сообраќајката утрово на патот Струмица-Валандово загина едно лице


Едно лице загина во сообраќајнја несреќа на патот Струмица-Валандово, на излез од селото Костурино утрово во 06:40 часот, информираа од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор „ИМТ”, исто така, со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино. -На местото на настанот починал …

Во сообраќајката утрово на патот Струмица-Валандово загина едно лице Read More »

Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе


Министерството за здравство соопшти дека ќе иницира комисија за стручен надзор на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести за да се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе, кое починало утрово на Клиниката за детски болести. -Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано …

Министерство за здравство: Ќе се утврдат причините за смртта на 14-месечно бебе Read More »

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС


Сирија сака да се приклучи на организацијата БРИКС и веќе поднела барање за прием, соопшти денеска сирискиот амбасадор во Русија, Башар Џафари. Тој истакна дека неговата земја е многу заинтересирана да се приклучи кон организацијаата, пренесуваат руските медиуми. Испративме писмено барање за прием во БРИКС“, рече сирискиот амбасадор на маргините на форумот „Северен Кавказ: Нови …

Сирија поднесе барање за членство во БРИКС Read More »

„Фич“: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни


Курсот на денарот е стабилен, а нивото на девизни резерви е адекватно за понатамошно успешно спроведување на стратегијата на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото.  Показателите за банкарскиот сектор, исто така ја потврдуваат неговата здравост и стабилност. Ова се заклучоците за монетарниот дел во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг Фич, во …

„Фич“: Курсот на денарот и банкарскиот сектор остануваат стабилни Read More »

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје, доаѓа српскиот премиер Вучевиќ


Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР …

Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје, доаѓа српскиот премиер Вучевиќ Read More »

Одложени локалните избори во најпогодените општини од поплавите во БиХ


Се одложува спроведувањето на локалните избори во општините во Босна и Херцеговина кои беа најпогодени од поплавите, одлучија денеска членовите на Централната изборна комисија, јави Хина. Како што потврдија од ЦИК во Сараево, изборите ќе бидат одложени или подоцна ќе се одржат во Јабланица, Коњиќ, Кисељак и Крешево. Во наведените општини во недела нема да …

Одложени локалните избори во најпогодените општини од поплавите во БиХ Read More »

Водата во Струмица и натаму не е за пиење, Костадинов вели проблем е техничката вода од АД „Водостопанство“


Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, е незадоволен од реакцијата на Министерств0то за земјоделство во врска со проблемот со кој што се соочуваат струмичани, забраната за пиење на водата од градскиот водовод. Костадинов му порача на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски да не бара виновници во општината туку да ги извршува неговите надлежности. Спооред Костадинов, …

Водата во Струмица и натаму не е за пиење, Костадинов вели проблем е техничката вода од АД „Водостопанство“ Read More »

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени


Израелската војска денеска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах, јави ДПА. Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата Х објавија дека нападот бил насочен кон „терористи на Хезболах“ кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур …

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени Read More »

Неодобрените побарувања за ДДВ изнесуваат 1,7 милијарди денари, една третина од вкупниот поврат на ДДВ


Неодобрените побарувања за ДДВ кои биле наталожени од минатите години изнесуваат 1,7 милијарди денари, или околу една третина од вкупниот поврат на ДДВ. Ова денес го посочи директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во одговор на новинарско прашање. Петрова истакна дека секоја недела има исплати на поврат на ДДВ, но се прават и …

Неодобрените побарувања за ДДВ изнесуваат 1,7 милијарди денари, една третина од вкупниот поврат на ДДВ Read More »

Почина 14-месечно бебе, ДСЗИ ќе врши вонреден надзор во установите каде што се лекувало


Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов, рече дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатотото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето. Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно …

Почина 14-месечно бебе, ДСЗИ ќе врши вонреден надзор во установите каде што се лекувало Read More »

За пирамидалната шема „Конти“ до сега нема кривична пријава, граѓаните да бидат внимателни, вели Тошковски


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска апелираше граѓаните да внимаваат со потенцијалните инвестиции во апликации и информира дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава поврзани со „Конти“. Според Тошковски, оние што учествувале како жртви во овој, како што рече, потенцијално кривичен правен настан, да се обратат до МВР за да се истражат …

За пирамидалната шема „Конти“ до сега нема кривична пријава, граѓаните да бидат внимателни, вели Тошковски Read More »

„Фич“ го задржа кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ со стабилен изглед, препорачува помал буџетски дефицит


Кредитната агенција „Фич“  во најновиот извештај за земјата го потврди кредитниот рејтинг  „ББ+“ со стабилен изглед. Тоа според „Фич“ се должи на кредибилните и конзистентни макроекономски политки поддржани од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата, соопшти …

„Фич“ го задржа кредитниот рејтинг на Македонија на ББ+ со стабилен изглед, препорачува помал буџетски дефицит Read More »

Работници недостасуваат во градежништвото, угостителството и производство покажуваат податоците на Агенцијата за вработување


Дефицитот на кадар најмногу се забележува во градежништвото, угостителството и производството, истакна на денешната „Текстилијада 8“, директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова. Таа вели дека  ова впрочем се и најбараните профили на работници кои се бараат од страна на работодавачите. Но, наместо македонски државјани да се вработуваат, заради се поспецифичните барања на работодавачите се …

Работници недостасуваат во градежништвото, угостителството и производство покажуваат податоците на Агенцијата за вработување Read More »

Лимани најави „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца


Зголемување на еднократната финансиска поддршка за прво и второ дете, како и еднократна финансиска помош за третородено дете и повеќе, финансиска поддршка за мајките кои се вратени од породилно отсуство, ин-витро  постапка со можност секоја жена да добие до шест бесплатни оплодувања, „дом за млади – купи куќа за младите“, поддршка за фирмите кои ќе …

Лимани најави „Дом за млади – купи куќа за младите“ и поддршка за фирмите кои ќе вработат мајки на три или повеќе деца Read More »

Со есенската кошничка едно семејство штедело по 1.500 денари месечно, вели Ристески


Со помош на есенската потрошувачка кошничка едно просечно македонско семејство штеди од илјада до 1.500 денари месечно, посочи заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој денеска присуствуваше на „Текстилијада“ во Штип. Тој посочи дека ако на ова се додаде и училишната потрошувачка кошничка која е направена на стартот на учебната година, едно просечно …

Со есенската кошничка едно семејство штедело по 1.500 денари месечно, вели Ристески Read More »

Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо


НАТО веќе премина многу црвени линии што ги постави рускиот лидер Владимир Путин, но тој не направи ништо, изјави поранешниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во интервју за „Фајненшл тајмс“. -Ако не нешто друго, јас се залагам за преминување на сите овие таканаречени црвени линии што Путин ги постави. И ние преминавме многу од …

Столтенберг: НАТО премина многу црвени линии што ги постави Путин, но тој не направи ништо Read More »

Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово


Тетовските пожарникари ноќеска имале над 20 повици за интервенции односно испумпување на вода од поплавени куќи, дворови, подруми и улици. Најголем дел од поплавените куќи се во селата Мала Речица и Голема Речица. Интензивниот дожд траеше повеќе часа, а претпладнево нема врнежи. – Имавме повеќе од 20 повици од граѓаните што им се поплавени куќи, …

Над 20 интервенции ноќеска во поплавени куќи во Тетово Read More »

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип


Кредити од Европската инвестициска банка (ЕИБ) за македонските фирми да постават батерии на фотонапонските електрани, инсталирани на покривите на индустриските објекти, е поволноста со која европската финансиска институција ќе го поттикнува македонското стопанство да биде енергетски ефикасно. Пред штипските фирми, во салата на општина Штип, консултантите на Европската Банка, Ловре Ристевски и проф. Даме Димитровски, …

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип Read More »

„Фајнанс тинк“: Секоја втора работоспособна жена не е вработена и не бара работа


Институтот за економски истражувања и политики, „Фајнанс тинк“ (Finance Think) – Скопје, ја публикуваше студијата „ Зад завесата: културните норми, родовите стереотипи и ставовите за работата ја обликуваат неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија“, како дел од серијата анализи за јакнење на економскиот потенцијал на жените. Стапката на неактивност на жените …

„Фајнанс тинк“: Секоја втора работоспособна жена не е вработена и не бара работа Read More »

Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско,  приведено едно лице


Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на  с.Сладуево, Демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од с. Калишта, Струшко. При преглед на патничко моторно возило  „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана. Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична …

Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско,  приведено едно лице Read More »