Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, тунелот да биде пробиен заедно


  Владата е силно посветена на изградба на нова железничка мрежа во земјата и водејќи се од севкупниот економски развој и регионалното поврзување, а во духот на евроинтегративниот процес и потребата од модернизација и доизградба на европските транспортни коридори, останува целосно посветени на изградба на источниот дел на железничкиот Коридор 8. Тоа всушност го докажува …

Министерство за транспорт: Македонија сака пруга кон Бугарија, тунелот да биде пробиен заедно Read More »

Северна Кореја уставно ја дефинира Јужна Кореја за непријателска држава и ја прекина комуникацијата со неа


Уставот на Северна Кореја сега ја дефинира Јужна Кореја како „непријателска држава“, според државните медиуми, што е прво спомнување на неодамна усвоените уставни измени, јавува денеска Би-би-си. Државниот весник „Родонг Синмун“ ги нарече уставните промени „неизбежна и легитимна мерка“, во време кога тензиите меѓу двете Кореи се на највисоката точка во последните години. Некои аналитичари …

Северна Кореја уставно ја дефинира Јужна Кореја за непријателска држава и ја прекина комуникацијата со неа Read More »

УНИФИЛ: Израелски тенк намерно гаѓаше и оштети караула на ОН во јужен Либан


Мировните сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ) соопштија дека израелски тенк намерно ја нападнал караулата на мисијата во јужен Либан, при што кулата е оштетена, а две камери се уништени. Во соопштението се наведува дека членовите на УНИФИЛ, распоредени во близина на селото Кфар Кела на југот на Либан, вчера виделе дека израелски тенк …

УНИФИЛ: Израелски тенк намерно гаѓаше и оштети караула на ОН во јужен Либан Read More »

Дали Кина поздравува — или се плаши од — војна меѓу Иран и Израел?


Минатиот месец, кога се зголемија тензиите меѓу Иран и Израел, Кина помогна да се организира петдневен кинески филмски фестивал во иранската престолнина, Техеран. Тој беше отворен со блокбастер: „Битката на езерото Чангжин“. Драмата го прикажува херојството на кинеските војници кои се бореле против американските трупи во Корејската војна од 1950-53 година. „Задади еден удар за …

Дали Кина поздравува — или се плаши од — војна меѓу Иран и Израел? Read More »

Џеј Ди Венс: Трамп не ги загуби изборите во 2020 година


 Републиканскиот кандидат за американски потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп не загубил на претседателските избори во 2020 година, по неколку недели избегнување да одговори на прашањето. „За време на изборите во 2020 година, на ова прашање директно одговорив милион пати. Не! Мислам дека имаше сериозни проблеми …

Џеј Ди Венс: Трамп не ги загуби изборите во 2020 година Read More »

Нетанјаху: Во базите на Хезболах во Либан пронајдено најсовремено руско оружје


 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека израелските сили пронашле „најмодерно руско оружје“ при претресите на бази на Хезболах во јужен Либан.  Тој изјави за Фигаро дека според резолуцијата на Советот за безбедност на ОН од 2006 година, само на либанската армија и беше дозволено да има оружје во области јужно од реката Литани во …

Нетанјаху: Во базите на Хезболах во Либан пронајдено најсовремено руско оружје Read More »

Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување


Римокатоличката надбискупија во Лос Анџелес се согласи да плати 880 милиони долари на 1.353 луѓе кои тврдеа дека биле сексуално злоставувани како деца од католички свештеници кои датираат од пред неколку децении во најголемата населба во која е вклучена Католичката црква. Адвокатите на 1.353 лица кои тврдат дека претрпеле малтретирање од страна на локалните католички …

Надбискупијата на Лос Анџелес треба да им исплати 880 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување Read More »

Почнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, вечерва настапува славната џез пејачка Сесил Меклорин Салвант


Девет светски етаблирани состави од САД, Европа и Македонија ќе ја претстават својата музика на 43. издание на Скопскиот џез фестивал што почнува вечер, а ќе трае до 20 октомври. Организаторите наведуваат дека внимателно селектираната програма го следи императивот за одржување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој да го претстави најдоброто од …

Почнува 43. издание на Скопскиот џез фестивал, вечерва настапува славната џез пејачка Сесил Меклорин Салвант Read More »

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите


 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 …

Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите Read More »

Премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на Киненова


Документарниот филм „Последниот каубој“, по сценарио и во режија на Тадеј Чатер од Словенија, ќе биде премиерно прикажан вече во Домот на културата „Билјана Беличанец“, како дел од 9-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова.  Филмот „Последниот каубој” ја раскажува приказната за Хари Џексон, бунтовникот, вечниот трагач по правдината и вистината и обожавателот на вестерни …

Премиера на документарниот филм „Последниот каубој“ на Киненова Read More »

Италија го прогласи за нелегално барањето сурогат мајка во странство


Италијанскиот парламент им забрани на брачните двојки да патуваат во странство за да добијат дете преку сурогат мајчинство, потег за кој се залага партијата на премиерката Џорџа Мелони, а активистите велат дека законот ги таргетира истополовите партнери. Откако ја презеде функцијата во 2022 година, Мелони спроведува многу конзервативна социјална агенда, настојувајќи да го промовира она …

Италија го прогласи за нелегално барањето сурогат мајка во странство Read More »

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка


 Сообраќајот на автопатот Скопје – Велес, кој беше во прекин поради сообраќајна несреќа, е нормализиран, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.  АМСМ препорачува …

Нормализиран сообраќајот на автопатот Скопје – Велес кој беше во прекин поради сообраќајка Read More »

Галант: Макрон е срам за француската нација


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, го нападна францускиот претседател Емануел Макрон откако на израелските компании им беше забрането да учествуваат на францускиот саем за оружје „Евронавал“. Галант притоа го нарече Макрон „срам на француската нација“. -Одлуката за дискриминација на израелската одбранбена индустрија во Франција по вторпат им помага на непријателите на Израел, рече Галант. …

Галант: Макрон е срам за француската нација Read More »

Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан


Светска банка организира презентација на 26-то издание од серијата на извештаи за економската состојба во земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија), насловено „Задржување на моментот на раст“. Како што информираат од Канцеларијата на Светската банка во Скопје, Извештајот ќе го претстават Сања Маџаревиќ-Шујстер, виш економист и Јоана …

Светска банка ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан Read More »

Отворање на канцеларија на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство


Во Министерството за правда денеска ќе биде отворена канцеларијата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство. Како што е најавено, на настанот ќе се обрати министерот за правда Игор Филков.

„Есенски базар“ во Скопје


 Маици, торби и рачно изработени беџови, рачно плетен накит од нерѓосувачки челик и кожа, накит и модни додатоци од филц, маримо топчиња, воздушни билки и рамки од стабилизирана смола, свеќници, обележувачи за книги, декоративни садови за накит, картички, коверти и конфети од садлива хартија, рачно изработен сребрен накит во традиционална филигранска техника, но со сосема …

„Есенски базар“ во Скопје Read More »

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство


Во организација на Комисијата за култура и туризам денеска во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство. На отворањето на настанот воведни обраќања ќе имаат Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, Зоран Љутков, министер за култура и туризам и Саранда Имери-Стафаи, претседателка на Комисијата за култура и туризам. Како што и нформираат од …

Во Собранието ќе се одбележи Меѓународниот ден на нематеријалното културно наследство Read More »

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош


 Поради дефект на приклучна цевка ф „1“ на ул. „Лондонска“ бр.9, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. „Лондонска“ во општина Карпош од 09:00 часот до завршување на зафатот за санација на дефектот. Од РЦУК информираат и дека поради дефект во шахта (промена на вентил ф „3/4“) на ул. „Божидар Аџија“ бр.12 во …

Без вода делови од Кисела Вода и Карпош Read More »

Презентација на резултати од испитување за дијабетесот и компликациите што го следат


Во организација на Сојуз на Здружение на Дијабетичари на Северна Македонија и Центар за семејна медицина на Медицински факултет, УКИМ, е денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на која ќе бидат презентирани резултати од испитување за дијабетесот и компликациите кои го следат. На тркалезаната маса, според организаторите, ќе се разговара и за приоритетите …

Презентација на резултати од испитување за дијабетесот и компликациите што го следат Read More »

Премиера на претставата „Бели ноќи“ во МНТ


Во Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде прикажана претставата „Бели ноќи“, според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска. Во оваа копродукција играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Како што најавија од МНТ, првата …

Премиера на претставата „Бели ноќи“ во МНТ Read More »