Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто


Премиерот Христијан Мицкоски очекува економскиот раст во второто полугодие од годинава да биде над три отсто. Тој, коментирајќи ги прогнозите на Светска банка дека Македонија годинава ќе има раст од само 1,8 отсто, најнизок меѓу земјите од Западен Балкан, рече дека во втоарата половина од говината очекува забрзување на стопанската динамика што ќе се рефлектира …

Мицкоски очекува растот во третиот и четвртиот квартал да биде над 3 отсто Read More »

Се враќа во игра ветерниот парк „Вирови“, германска инвестиција вредна над 400 милиони евра


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја врати во игра подзаборавената германска инвестиција во областа на енергетиката која што беше актуелна во 2021 година – изградбата на голем ветерен парк „Вирови“, вреден речиси половина милијарда евра. Мицкоски, одговарајќи на прашања на новинарите по поставувањето камен-темелник на новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто, најави …

Се враќа во игра ветерниот парк „Вирови“, германска инвестиција вредна над 400 милиони евра Read More »

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски


За ветувањето дека ќе се укине давачката за пристап од 200 денари на сметките за потрошена електрична енергија за граѓаните, премиерот Христијан Мицкоски вели дека ќе биде укината во текот на мандатот на оваа Влада. -Во овој момент работиме на консолидирање на електроенергетскиот сектор и мислам дека Регулаторната комисија за енергетика ги прави пресметките. Кога …

Пристапот до мрежа на сметките за струја ќе биде укинат во мандатот на оваа Влада, вели Мицкоски Read More »

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување е 25-ти октомври. – Оваа обврска важи и за оние даночни обврзници кои во соодветниот период немаат реализирано оданочив промет, велат од УЈП. Како што денеска соопштија од УЈП, до моментов поднесени се …

УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите Read More »

Ракометниот клуб „Алкалоид“ утре ги започнува настапите во Европскиот куп


Ракометниот клуб „Алкалоид“ утре ги започнува своите настапи во Европскиот куп, а противник е литванската екипа „Клаипеда Драгунас“.  На денешната прес-конференција, тренерот Кире Лазаров изјави дека станува збор за противник кој можеби е неатрактивен но е доста опасен. -Се работи за незгодна школа и оваа година земаа и шпански тренер, пополека но сигурно се гледа …

Ракометниот клуб „Алкалоид“ утре ги започнува настапите во Европскиот куп Read More »

Време е за џез – Настапот на Сесил Меклорин Салвант ја освои публиката


  Овогодинешниот 43 по ред Скопски џез фестивал уште на почетокот постави високи стандарди – со настапот на Сесил Меклорин Салвант, една од најдобрите џез вокалистки на денешницата, која ја освои публиката со своите гласовни можности и со интерпретацијата на оригинални џез композиции или преработки. Меклорин Салвант покажа дека гласот е всушност најдобриот инструмент – …

Време е за џез – Настапот на Сесил Меклорин Салвант ја освои публиката Read More »

Словенија може да биде пример за економска стабилност, вели Лагард


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, во интервју за 24ur по седницата на Советот на ЕЦБ истакна дека Словенија може да биде пример за економска стабилност и иновативност. – Словенија, иако мала, се истакнува како пример за успешна економска политика во еврозоната. Нејзиниот глас се слуша на европската сцена и брзо се прилагодува на …

Словенија може да биде пример за економска стабилност, вели Лагард Read More »

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук


Руската агенција за безбедност на храна одби да даде дозвола за увоз на овошје и зеленчук од Казахстан, а аналитичарите велат дека вистинската причина е одбивањето на властите во земјата да се приклучат на БРИКС. Иако агенцијата соопшти дека одлуката е донесена поради „одбивањето на релевантните власти од Казахстан да обезбедат фитосанитарна безбедност“, овој потег …

Казахстан одби да се приклучи на БРИКС, Русија веднаш го забрани увозот на овошје и зеленчук Read More »

Од семеен бизнис до амбасадор на македонскиот квалитет: Компанијата „Вива“ одбележа три децении постоење


„Вива“, водечкиот македонски производител на природни овошни сокови, го прослави својот 30-годишен јубилеј со настан на кој присуствуваа претставници на бизнис заедницата, партнери, соработници и лојални потрошувачи, славејќи ја приказната на брендот, кој од семеен бизнис прерасна во глобален амбасадор на македонскиот квалитет. Во текот на вечерта, присутните имаа можност да се осврнат на триесетгодишното …

Од семеен бизнис до амбасадор на македонскиот квалитет: Компанијата „Вива“ одбележа три децении постоење Read More »

Даниела Андоновска Трајковска нов претседател на Македонско научно друштво-Битола


Универзитетскиот професор д-р Даниела Андоновска Трајковска избрана е за нов претседател на Македонско научно друштво-Битола, најстарата научна асоцијација во земјава, формирана во 1960 година. На синоќешното изборно собрание, Андоновска Трајковска освен едногласна поддршка за нејзината кандидатура и програма за работа, доби поддршка и за нејзините соработници, новиот потпретседател, членовите на управниот, надзорниот одбор, етичката комисија …

Даниела Андоновска Трајковска нов претседател на Македонско научно друштво-Битола Read More »

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар


Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници. Хезболах во соопштение наведува дека од почетокот на копнената офанзива во Либан на 1 октомври израелската армија загубила 55 …

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар Read More »

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје


Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари.  – Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина …

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје Read More »

Доделување на ЕУ награда за истражувачко новинарство 2024


Во Europe House во Скопје денеска ќе се одржи церемонија за доделување на наградата на ЕУ за истражувачко новинарство 2024 година за најдобра истражувачка сторија во Северна Македонија, во организација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Томсон медија и Делегацијата на Европската Унија во Скопје.  Како што најавија организаторите, официјално обраќање на церемонијата …

Доделување на ЕУ награда за истражувачко новинарство 2024 Read More »

Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас. „Синвар беше водач на терористичка организација, терористичката организација Хамас“, рече Фон дер Лајен на крајот од европскиот …

Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар Read More »

Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас


Еден од лидерите на Хамас, Калед Мешал е назначен за вршител на должноста лидер на ова милитантно движење по ликвидацијата на Јахја Синвар, јавува либанската телевизија ЛБЦИ, повикувајќи се на свои извори. Машал сега е одговорен за сета комуникација со клучните страни вклучени во преговорите и прашањата за затворениците, пренесува либанската телевизија.  Извори потврдија за …

Либанската телевизија ЛБЦИ јави дека Калед Машал е именуван за в.д. лидер на Хамас Read More »

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024


Со проекција на филмот „Виорник од работ“, во режија на Игор Вртачник, Словенија, во Домот на АРМ во Скопје денеска официјално ќе биде отворено 15 – то издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 година. Фестивалот ќе трае од 18-25 октомври 2024, а следните седум денови ќе продолжи програмата во Кинотеката. Како што е …

Со проекција на филмот „Виорник од работ“ ќе се отвори 15. издание на Ехо Фестивал на планински филм 2024 Read More »

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ


Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат  „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ. Настанот …

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ Read More »

Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини


РЦУК информира дека без вода утрово од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од  ул. „Васил Стефановски“ 16. Прекинот ќе биде поради изведување водоводен приклучок ф-80 мм и ќе трае до завршување на работните активности. Без струја во одреден период од денот ќе бидат делови од неколку скопски општини. Поради планирани прекини без електрична …

Без вода дел од ул. „Васил Стефановски“, без струја делови од неколку скопски општини Read More »

Трета конференција „Наука за деца“


Во организација на Фондацијата КАНТАРОТ денеска и утре во Меѓународното училиште НОВА ќе се одржи третата конференција „Наука за деца“. Целта на конференцијата е популаризација на науката кај децата и подигање на интересот за истражување на научните концепти. Оваа година мотото е „Надгради ја твојата реалност“, а конференцијата првпат ќе биде поделена во два дена. …

Трета конференција „Наука за деца“ Read More »

Изложба на стрипови и прогласување победници од конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“


Во КСП Центар Јадро денеска ќе биде отворена изложба на дела пристигнати на конкурсот „Кон родовата еднаквост преку уметност“ на тема „Кое е твоето чудо?!“, организирана од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата „Стела“. На изложбата ќе бидат прогласени победниците и ќе бидат доделени сертификати и дипломи на сите учесници. Наградите ќе ги …

Изложба на стрипови и прогласување победници од конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“ Read More »