Мицкоски се пофали дека разменил пораки со најблиските соработници на Трамп


  Премиерот Христијан Мицкоски утрово освен што ја честитал победата на новиот американски претседател Доналд Трамп, разменил и пораки со неговите најблиски соработници, меѓу кои и со Хауард Лутник, шефот на транзицискиот тим кој беше на бината за време на обраќањето на Трамп. „Им честитам на граѓаните на САД за демократскиот изборен процес. Избраа напредок, …

Мицкоски се пофали дека разменил пораки со најблиските соработници на Трамп Read More »

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека нема договорено средба со бугарскиот претседател Румен Радев на маргините на Самитот на Европската политичка заедница во Будимпешта, што се одржува утре.  „Не, но подготвен сум да разговарам со секого, секаде врз основа на вистински договор што ќе нѐ однесе до целта, е на да го …

Нема договорено средба Мицкоски – Радев во Будимпешта Read More »

Ангелоски: Инвестирањето во човечкиот потенцијал е најдобра инвестиција за бизнисот


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски,  денеска ја отвори Првата меѓународна коучинг конференција во Скопје, на која ја истакна важноста на лидерството и коучингот како централни столбови за успешен развој и напредок во бизнис-секторот. „Соочени со реалност полна со предизвици – одлив на таленти, економски и политички турбуленции, финансиски кризи и …

Ангелоски: Инвестирањето во човечкиот потенцијал е најдобра инвестиција за бизнисот Read More »

Ифо Институт: Германија и ЕУ мора да се подготват за тарифите на Трамп


Според Ифо Институтот, за економски истражувања, економската политика на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе предизвика големи проблеми за Германија и Европската Унија. Трамп спроведува изразено протекционистичка агенда со повисоки увозни тарифи и поголеми ограничувања на меѓународната трговија, особено кон Кина и потенцијално кон Европа, изјави претседателот на Ифо, Клеменс Фуест, препорачувајќи преземање соодветни мерки. …

Ифо Институт: Германија и ЕУ мора да се подготват за тарифите на Трамп Read More »

Доларот и биткоинот нагло пораснаа по победата на Трамп на изборите


Американскиот долар значително зајакна откако стана јасно дека Доналд Трамп ќе биде избран за следен претседател на САД, а биткоинот достигна рекордна вредност, во услови кога инвеститорите очекуваат потенцијални даночни олеснувања, зголемување на тарифите и пораст на инфлацијата во неговиот втор мандат, јави Би-Би-Си. Вредноста на доларот се зголеми за околу 1,5% во однос на …

Доларот и биткоинот нагло пораснаа по победата на Трамп на изборите Read More »

РКЕ ќе добие повеќе ингеренции пазарното енергетско поврзување со соседните земји


Со новиот Закон за енергетика, на регулаторот му се доделуваат сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) на панелот „Обновливи извори: …

РКЕ ќе добие повеќе ингеренции пазарното енергетско поврзување со соседните земји Read More »

Унгарскиот кредит не е евтин – државата ќе плати 240 милиони евра за камата, плус компаниите кон банките 120 милиони евра


За 15 години, државата за кредитот од Унгарија од 500 милиони евра ќе треба да плати кон унгарската Експорт импорт банка 240 милиони евра за камата, а компаниите кои ќе можат да користат 250 милиони евра од овој кредит, на банките преку кои ќе се пласираат средствата ќе треба да платат уште 120 милиони евра. …

Унгарскиот кредит не е евтин – државата ќе плати 240 милиони евра за камата, плус компаниите кон банките 120 милиони евра Read More »

Мемов: Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на ФПИОМ


Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, изјави директорот Никола Мемов на денешната средба со Мисијата на Светска банка за имплементација на СИАП проектот и пензиската политика предводена од Зоран  Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску. Со досегашните активности на проектот и модернизацијата на Фондот, се …

Мемов: Соработката на проектите со Светска банка ќе помогне во модернизацијата на ФПИОМ Read More »

Почнува доделувањето на ваучерите за инвертер климите, еве на кои локации


Доделувањето на ваучерите за инвертер клима уреди од страна на Министерството за енергетика, ќе се спроведе утре во Центрите за вработување во општините, освен во Битола, каде што пунктот е сместен во Спортската сала „Боро Чурлевски“, а во Скопје е во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Оние кои што нема да можат да ги подигнат ваучерите …

Почнува доделувањето на ваучерите за инвертер климите, еве на кои локации Read More »

НБА го суспендира Ембид на три натпревари поради пресметка со новинар


Центарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран од НБА на три натпревари поради конфронтација со новинар по натпреварот против Мемфис (107:124), објави „ESPN“. Триесетгодишниот Американец вербално го нападна колумнистот на „ Philadelphia Inquirer“ Маркус Хејс по саботниот пораз, а потоа го турна.  Кошаркарот беше налутен од написот во кој се споменува починатиот брат на кошаркарот …

НБА го суспендира Ембид на три натпревари поради пресметка со новинар Read More »

Њујорк Тајмс: Севернокорејски војници се судрија со украински војници во Русија


Севернокорејските војници се судрија со украинските сили кои се борат во руската област Курск, објави Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани високи американски и украински претставници. „Досегот беше ограничен“, изјави украински функционер за весникот. Официјалниот претставник додаде дека севернокорејските сили се бореле заедно со руската 810-та одделна морска пешадиска бригада. Во август, украинските сили го нападнаа рускиот …

Њујорк Тајмс: Севернокорејски војници се судрија со украински војници во Русија Read More »

САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154


Републиканската партија според досегашните проекции освои 190 места во Претставничкиот дом на САД, додека Демократската партија освои 154, јави Си-Ен-Ен. За победа потребно е да се освојат 218 од вкупно 435 места. Која политичка партија ќе го контролира Домот или Сенатот, ќе биде од клучно значење за новиот претседател да ја спроведе својата законодавна агенда. …

САД/Избори: Републиканците освоија 190 места во Претставничкиот дом, демократите 154 Read More »

Врховниот суд на Мексико одби да ја поништи контроверзната судска реформа


Врховниот суд на Мексико ја отфрли жалбата за поништување на контроверзната реформа на судскиот систем на земјата, за која се залага таборот на левичарската претседателка Клаудија Шејнбаум, според која сите судии во земјата би биле избрани од населението. „Се отфрлаат сегашните жалби за неуставност“, одлучи вчера судот по повеќе од пет часа јавна расправа. Реформата, …

Врховниот суд на Мексико одби да ја поништи контроверзната судска реформа Read More »

Зеленски: Севернокорејските војници во Русија се дополнителна нестабилност во светот


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека првите престрелки на украинската армија со севернокорејските војници го отвориле патот за дополнителна нестабилност во светот. -Првите битки со севернокорејските војници отворија ново поглавје на нестабилност во светот, рече украинскиот лидер во вечерното обраќање. Судирот меѓу украинските и севернокорејските сили го потврди и министерот за одбрана Рустем Умеров во …

Зеленски: Севернокорејските војници во Русија се дополнителна нестабилност во светот Read More »

Ураганот Рафаел минува над Кајманските острови, во Карипско Море


Ураганот Рафаел минува над Кајманските Острови, британска прекуморска територија во западното Карипско Море, а синоптичарите прогнозираат дека брзо ќе добие на јачина пред да се премести над копното на западна Куба, соопшти американскиот Национален центар за урагани(НХЦ). Ураганот Рафаел достигна максимална брзина од 130 километри на час откако во вчера мина покрај западна Јамајка, а …

Ураганот Рафаел минува над Кајманските острови, во Карипско Море Read More »

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите


Најмалку 89 лица се уште се водат како исчезнати по смртоносните поплави што го погодија југоисточниот дел на Шпанија. Како што соопштија од регионалната судска власт во Валенсија, во бројката се вклучени само оние чие исчезнување го пријавиле членовите на семејството. Семејствата дадоа лични податоци и биолошки примероци за да се овозможи идентификација на исчезнатите. …

Во Шпанија во тек потрага по 89 исчезнати лица во поплавите Read More »

Изложба на слики од Владимир Темков во КИЦ


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на Владимир Темков. Темков ќе се претстави со 30 досега неизложувани слики од неговиот последен циклус. Изложбата ќе трае до 18.11.2024 година. Темков е роден, живее и работи во Кавадарци. Завршил факултет за ликовни уметности, отсек графика, во класата на проф. д-р Трајче Блажевски, а …

Изложба на слики од Владимир Темков во КИЦ Read More »

Без вода делови од Скопје


Поради поради промена на три затворачи (1 х ф150мм и 2 х ф-80мм), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Индира Ганди“, „Виничка“, „Бутелски Венец“ и „Јован Хаџи Шишко“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување со работните активности. 

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“


Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот за уметности од Белград со изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ гостува во Галерија ФЛУ (објект Педагошка) на Факултетот за ликовни уметности при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изложбата, како што е најавено, ќе биде отворена вечер, во 20 часот, со присуство на деканската управа на ФЛУ Белград, професори …

Отворање на изложбата „ФЛУ Апертура 2024“ Read More »