Мицкоски во посета на Тутунски комбинат АД Прилеп


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе го посети Тутунски комбинат АД Прилеп. Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е пртемиерот Мицкоски при посетата ќе даде изјава за медиуми.

Променливо облачно со повремен слаб дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за повремен слаб дожд, а на повисоките планини и особено од вечерните часови со појава на повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до …

Променливо облачно со повремен слаб дожд Read More »

Дали таксата за ЦО2 ќе ја „задуши“ македонската индустрија?


  На нешто повеќе од една година, кога треба да почне да се применува новата давачка за емисиите на јаглероден диоксид, во нашата земја како да се крена нивото на тревога на највисоко ниво. Владата подготвува законски и подзаконски акти, стопанството е во исчекување како таксата за ЦО2 ќе се одрази врз нивното работење и …

Дали таксата за ЦО2 ќе ја „задуши“ македонската индустрија? Read More »

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови


 Ќе дискутираме со ЕСМ и ќе направиме се што е во наша можност да нема поскапување на електричната енергија од следната година. Секако, тоа ќе зависи и од планот за производство на ЕСМ, но ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови, изјави министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Во …

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови Read More »

Тројца обвинети во наводен заговор на Иран за убиство на Трамп за време на кампањата


Три лица се обвинети за учество во наводен заговор организиран од Иран за атентат врз Доналд Трамп, новоизбраниот претседател на САД, според кривична пријава поднесена денеска во јужниот округ на Њујорк, соопшти „Вашингтон пост“. Атентатот требало да биде извршен за време на кампањата на Трамп за негов реизбор за претседател. Службено лице запознато со истрагата …

Тројца обвинети во наводен заговор на Иран за убиство на Трамп за време на кампањата Read More »

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ


Владата е силно посветена на спроведување на реформите што се дел од Реформската агенда и кои претставуваат вистински патоказ за побрзо приближување кон ЕУ и за подигнување на стандардот на граѓаните, порача денеска во Брисел министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на средби со претставници од Генералниот директорат за соседска политика и проширување на Европската комисија …

Димитриеска-Кочоска од Брисел: Посветени сме на реформите и на инвестиции што ќе не приближат до ЕУ Read More »

Состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој


Состанок денеска одржал Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС), советодавно тело на Советот кое обезбедува експертска и техничка поддршка во имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024-2044 година, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Како што наведува, целта на овие активности е да ги постигнат амбициите за економски раст, социјална правда и одржлив …

Состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој Read More »

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра


Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 568,9 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4%), по што следуваат валутите и депозитите (25%) и монетарното злато (11,4%).

Седумдесет и осум лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија


 Десет дена по катастрофалните поплави во Валенсија, Шпанија, 78 луѓе уште се водат како исчезнати, објави Владата на платформата Икс. Претходната бројка на исчезнати лица во поплавите изнесуваше 93. Додека според официјалните бројки на загинати е 219 луѓе. Во областа Валенсија откриени се 211 луѓе, а уште осум безживотни тела се пронајдени во соседните области …

Седумдесет и осум лица сè уште се водат како исчезнати во поплавите во Шпанија Read More »

Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани, досега пријавени над 71 илјада лица


За вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле над 71 илјада граѓани, што покажува голем интерес на луѓето да се заштитат од компликации. Во пунктовите за вакцинација досега се вакцинирани над 50 илјади лица, информираат попладнево од Министерството за здравство. – Исто така, во центрите за хемодијализа се вакцинирани илјада, а во домовите за стари …

Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани, досега пријавени над 71 илјада лица Read More »

Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното


Швајцарија повторно повлекува од пазарите пченкарно  брашно со потекло од Србија – овојпат станува збор само за жолто брашно, а причината е значително поголема количина на афлатоксин од дозволеното со закон, објави РАСФФ, европскиот систем за брзо алармирање и информирање за храната. Според веб-страницата на РАСФФ, дозволената количина на афлатоксин во пченкарното брашно е 2 …

Швајцарија го повлече пченкарното брашно од Србија од пазарот: Петпати повеќе афлатоксин од дозволеното Read More »

АД МЕПСО: Завршува модернизацијата на 110 киловолтното поле во 400/110 киловолтната ТС Битола 2


Завршува модернизацијата на 110 киловолтното  поле во 400/110 киловолтната трансформаторска станица (ТС) Битола 2. Во крајна фаза се проектите за промена на високонапонската опрема со кои по повеќе од 40 години, се заменија старите прекинувачи на 110 киловолтно напонско ниво, поставени се нови 67 разделувачи на 400 киловолтно и 110 киловолтно напонско ниво, 114 изолатори …

АД МЕПСО: Завршува модернизацијата на 110 киловолтното поле во 400/110 киловолтната ТС Битола 2 Read More »

ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот


Организацијата за храна и земјоделство на Обединети нации (ФАО) денеска ја објави референтната вредност на светските цени на храната во октомври годинава, која достигна највисоко ниво во изминатите 18 месеци, поради наглото зголемување на цените на растителните масла. ФАО ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбени производи, кои се тргуваат глобално. Врз основа …

ФАО: Минатиот месец е забележана рекордно висока цена на прехранбените производи во светот Read More »

Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември


Комисиската расправа за Предлог-Буџетот за 2025 година во Собранието ќе почне на 14 ноември, а пленарната седница за негово носење се очекува да биде закажана во втората недела од декември, изјави денеска во интервју за МИА претседателот на Собранието Африм Гаши.  -Предлог-Буџетот за 2025 година е донесен на 5 ноември. Неколку дена ќе остане во …

Комисиската расправа за Буџетот за 2025 ќе започне на 14 ноември Read More »

Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години


Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5  отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот …

Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години Read More »

Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја оценува дека успешно се реализира процесот на доделување на ваучери за купување инвертер клими и оти нивната распределба се одвива согласно предвидената динамика. -Во текот на вчерашниот ден во Центрите за вработување низ државата поделени се над 90 проценти  од вредносните ваучери, а во Скопје и Битола …

Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика Read More »

Чекајќи го гасот: Има ли иднина за ТЕЦ „Неготино“


  Кога работи, произведува скапа струја и ја загадува околината, а кога не работи создава трошоци бидејќи се чува како ладна резерва за нашиот подзастарен електроенергетски систем. И така со децении, без притоа да се реализира ниту една од бројните најави на неколку гарнитури политичари дека вториот по големина енергетски објект во земјава, Термоцентралата „Неготино“ …

Чекајќи го гасот: Има ли иднина за ТЕЦ „Неготино“ Read More »

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до граѓаните, за пронајдена угината дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) да ја известат АХВ лично (во Централа или во подрачните единици на Агенцијата), на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на [email protected]), или ветеринарните друштва. Доколку станува збор за други видови угинати …

АХВ апелира: Граѓаните да пријават во АХВ ако најдат угината дива птица од водните видови Read More »

Продлабочување на соработката со Естонија во областа на геологијата и рударството


Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Геолошкиот завод беа домаќини на работен состанок со делегација од Естонија, во чиј состав се истакнати експерти од геолошката и рударската област. Фокус на состанокот, како што соопшти Министерството, беше размената на идеи и иницијативи за продлабочување на соработката, како и споделувањето добри практики во регулирањето и …

Продлабочување на соработката со Естонија во областа на геологијата и рударството Read More »

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета


Вршителката на должнос директорка на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов, утрово изјави дека состојбата на тројцата тешко повредени во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември се уште е непроменета. Седми ден од борбата за живот, состојбата се уште е непроменета. Тие се уште витално загрозени, секој ден контролираме, …

Состојбата на тројцата тешко повредени во несреќата во Нови Сад не е променета Read More »