„Немој да го употребиш тој збор“: Инцидент на Комисијата за финансирање и буџет, седницата прекината


За време на расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на матичната Комисија за финансирање и буџет, попладнево дојде до инцидент, додека на говорницата беше пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи. Додека му реплицираше на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, Битиќи гледајќи кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ наеднаш го крена прстот и неколку пати повтори: „Те молам уште …

„Немој да го употребиш тој збор“: Инцидент на Комисијата за финансирање и буџет, седницата прекината Read More »

Обвинителите и судиите побараа повеќе пари од буџетот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ им порача дека толку заслужуваат


  Јавното обвинителство и Судскиот совет денеска во Собранието на седница на Комисијата за финансирање и буџет предупредија дека во Предлог-буџетот за 2025 година остануваат со куси ракави, односно не се предвидени средства според законските одредби, на што од пратеникот Бојан Стојановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ добија совет дека толку заслужуваат. „Шокиран сум од излагањата …

Обвинителите и судиите побараа повеќе пари од буџетот, Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ им порача дека толку заслужуваат Read More »

ЕСМ потпиша меморандум за разбирање со азербејџански СОКАР за набавка на природен гас


Акционерското друштво за производство на електрична енергија ЕСМ и државната компанија СОКАР од Република Азербејџан потпишаа Меморандум за разбирање со цел зајакнување на енергетската стабилност во земјава. Соработката се фокусира на подобрување на достапноста и проширување на можностите за набавка на природен гас, со цел да се обезбеди стабилно, континуирано снабдување по конкурентни цени, во …

ЕСМ потпиша меморандум за разбирање со азербејџански СОКАР за набавка на природен гас Read More »

За власта рекордниот буџет за 2025 година е развоен со „нов концепт“, за опозицијата е расипнички


  Предлог-буџетот за 2025 година во рекорден износ од 6,5 милијарди евра, за власта е развоен со социјална компонента и се темели на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции, додека за опозицијата е расипнички, направен без никаква визија и ја води земјата во пропаст. Критички забелешки за владинот предлог имаат и од Фискалниот совет, од …

За власта рекордниот буџет за 2025 година е развоен со „нов концепт“, за опозицијата е расипнички Read More »

ВМРО-ДПМНЕ најавува „значителни“ субвенции за централа на гас, а жестоко беше против кога беше во опозиција


  ВМРО-ДПМНЕ најави дека Владата ќе даде „значителни субвенции“ за изградба на централи кои ќе работат на природен гас, како една од клучните мерки за борба против загадувањето. Притоа, партијата си дава рок од еден и пол мандат, односно шест години, за да се почувствуваат ефектите од таквите мерки. Колкави ќе бидат тие значителни субвенции, …

ВМРО-ДПМНЕ најавува „значителни“ субвенции за централа на гас, а жестоко беше против кога беше во опозиција Read More »

Доходот во регионот и натаму е далеку од просекот на ЕУ, финансиските системи може да помогнат


Во изминативе неколку години имаше доходовна конвергенција во регионот на Западен Балкан, но таа се одвиваше побавно. За нејзиното забрзување од особена важност е справувањето со структурните пречки, за што е важна и поддршката од финансискиот систем. Ова го истакна гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата на гувернерите од регионот којашто се одржа во Тирана, Албанија, …

Доходот во регионот и натаму е далеку од просекот на ЕУ, финансиските системи може да помогнат Read More »

Златото потона на најниско ниво во последните два месеци


Цените на златото во четвртокот го продолжија својот пад на речиси двомесечен минимум, поради расположението за ризик и додека доларот продолжува да зајакнува по изборната победа на Доналд Трамп минатата недела. Точните цени на жолтиот метал паднаа за речиси 7% од минатонеделните изборни резултати на 2.559,2 долари за унца. Фјучерсите на златото на Њујоршката берза …

Златото потона на најниско ниво во последните два месеци Read More »

Украина негира дека планира да развие нуклеарно оружје


Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георгиј Тихи, го демантираше написот на „Тајмс“ дека Украина може да направи нуклеарна бомба и рече дека Киев не планира да развива нуклеарно оружје. -Украина се придржува до НПТ (Договор за неширење нуклеарно оружје), ние не поседуваме, развиваме или имаме намера да создаваме нуклеарно оружје. Украина тесно …

Украина негира дека планира да развие нуклеарно оружје Read More »

На Филипините им се приближува тајфунот Усаги, петта голема бура за три недели


Петтата голема бура во последните три недели, тајфунот Усаги, денеска се приближи до Филипините, што предизвика нова масовна евакуација на населението и барање од Обединетите нации за итни средства за помош на владата да ја олесни ситуацијата во тешко погодените области.  Тајфунот Усаги, со ветрови од 185 километри на час, се очекува денеска да го …

На Филипините им се приближува тајфунот Усаги, петта голема бура за три недели Read More »

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија


Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува настапите во Лигата на нации. Противник на „црвено-жолтите“ во 5. коло од четвртата група на Ц-сегментот е селекцијата на Летонија. Голманот Столе Димитриевски посакува да одигра уште еден натпревар без примен гол. – Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа. Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста …

Македонските фудбалери ја пречекуваат Летонија Read More »

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон


Сопругата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија нема да се пресели во Вашингтон за време на вториот мандат на нејзиниот сопруг, објави Си-ен-ен, повикувајќи се на повеќе неименувани извори. Тие истакнаа дека во тек се дискусии за тоа како и каде точно ќе го поминува времето за време на вториот мандат на Трамп. Се …

Меланија Трамп нема да се пресели во Вашингтон Read More »

Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот


Републиканците освоија доволно места за да ја задржат контролата врз Претставничкиот дом, формирајќи обединета влада контролирана од Републиканската партија во Вашингтон, јави Еј-Би-Си. Се предвидува дека републиканците ќе го достигнат прагот од 218 места и мнозинство во Претставничкиот дом, а претходно го потврдија мнозинството во Сенатот, каде што исто така освоија најмалку 52 места, а …

Републиканците во САД го освоија мнозинството во Претставничкиот дом и го контролираат Сенатот Read More »

Пентагон и воените кругови шокирани од предлогот на Трамп водителот на Фокс њуз да биде секретар за одбрана


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го запрепасти Пентагон и пошироките кругови во одбранбениот свет со номинирање на водителот на Фокс Њуз, Пит Хегсет за секретар за одбрана, бидејќи на чело на најголемата и најмоќната војска во светот доаѓа некој со недоволно искуство на глобалната сцена, наведуваат американски медиуми. Одлуката на републиканецот Трамп да го направи …

Пентагон и воените кругови шокирани од предлогот на Трамп водителот на Фокс њуз да биде секретар за одбрана Read More »

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп


 Гувернерите на Илиноис и Колорадо рекоа дека ќе копретседаваат со коалиција од претежно демократски држави кои ќе се борат против политиките што новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги продолжи. Со нивната група „Гувернери во одбрана на демократијата“, демократите Ј.Б. Прицкер од Илиноис и Џаред Полис од Колорадо им се придружуваат на јавните …

Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп Read More »

Француското обвинителство бара затворска казна за Марин Ле Пен за проневера


Јавниот обвинител синоќа побара лидерката на француската десница Марин Ле Пен да биде прогласена за виновна за проневера, осудена на затвор и забрана да се кандидира за јавна функција, вклучително и за претседател на Франција, во следните пет години. Ле Пен, нејзината партија Национален митинг и уште 24 луѓе, меѓу кои и сегашни и поранешни …

Француското обвинителство бара затворска казна за Марин Ле Пен за проневера Read More »

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат како претседател на САД


Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден в сабота ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, најверојатно за последен пат во неговиот мандат, соопштија високи претставници на американската администрација. Средбата ќе се одржи во време кога Кина се подготвува за потенцијално заострување на односите со американската администрација во време на Доналд Трамп. Двајцата лидери се …

Средба на Бајден со Си в сабота веројатно последен пат за време на неговиот мандат како претседател на САД Read More »

Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од дожд и снег се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Во останатите делови од државата врнежите се од дожд, соопшти ЈП Македонијапат. Намалена видливост поради појава на магла до 100метри има на патниот правец Страцин …

Снег и дожд на Попова Шапка, магла на патните правци Страцин – Кратово и Велес – Катланово Read More »

Американски медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп и да поднесе оставка


 Американскиот специјален обвинител Џек Смит, кој води два случаи против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, се очекува да ги прекине истрагите и да поднесе оставка пред идниот претседател да го разреши, пренесоа американските медиуми, јави ДПА. За време на неговата кампања, Трамп рече дека ќе го разреши Смит „за две секунди“, но според информациите …

Американски медиуми: Се очекува специјалниот советник Џек Смит да ги прекине истрагите против Трамп и да поднесе оставка Read More »

Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар


Со изведба на претставата „Ѓоре Магаревски 80 години потоа“, вечер на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“, во Битола ќе биде одбележан јубилејот 80 години од формирањето на битолскиот Народен театар. Во архивата на театарот е забележано дека на 14 ноември 1944 година во Битола изведена е првата претстава на македонски јазик, едночинката „Ѓоре Магаревски“ или „Петтоимениот …

Во Битола се слават 80 години од формирањето на Народен театар Read More »

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска почнува расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Седницата, според веб страницата на Собранието, треба да почне во 11 часот.  Владата го усвои Предлог-буџетот на 29 октомври и во него економскиот раст е проектиран на ниво од 3,7 проеценти, буџетскиот дефицит на четири проценти од БДП, а инфлацијата …

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година Read More »