Владата анализира проект за набавка на 100-120 електрични автобуси за јавниот градски превоз во Скопје и во други градови


Премиерот Христијан Мицкоски вечерва најави нов предлог проект кој е во фаза на анализа за набавка на 100-120  електрични автобуси кои што нема да бидат распределени само за ЈСП-Скопје, во контекст на одржливо решавање на проблемот со јавниот градски превоз во Скопје, туку  и за општини каде што има организиран јавен градски превоз. – Анализираме …

Владата анализира проект за набавка на 100-120 електрични автобуси за јавниот градски превоз во Скопје и во други градови Read More »

Денеска, сепак, нема договор со банките за унгарскиот кредит, Мицкоски очекува што пониска камата за фирмите


Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има нова позиција по денешниот состанок на банките околу условите за пласирање на средствата од унгарскиот кредит за стопанството и оти се надева дека деновиве ќе има друга позиција, со цел бизнисот да добие што пониска каматна стапка. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски вечерва потврди дека Владата со банките разговара …

Денеска, сепак, нема договор со банките за унгарскиот кредит, Мицкоски очекува што пониска камата за фирмите Read More »

Потребни се системски мерки, а не феудално водење на политика: Интервју со Ванчо Узунов


  Универзитетскиот професор Ванчо Узунов важи за човек кој многу директно, без влакна на јазикот, зборува за проблемите со кои се соочува, пред сѐ на економски план, нашата држава. Во интервјуто за „Независен“ фокусот е ставен врз некои од најактуелните теми, како што е унгарскиот кредит од 500 милиони евра и неговата распределба на општините …

Потребни се системски мерки, а не феудално водење на политика: Интервју со Ванчо Узунов Read More »

Ветерот откорна делови од покривите на две згради во „Областа“ во Битола (фото)


Битола – Ветерот во Битола предизвикува голема материјална штета на објекти во Битола. Напати и со брзина од 60 до 70 километри на час откорна делови од покриви на две згради во „Областа“ во Битола и предизвика штети и на паркирани автомобили. (А.Б)

Агенцијата за поддршка на претприемништво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година


Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото успешно го реализираше настанот Mentor Awards 2023, кој се одржа како дел од активностите на Програмата – Стандардизирани менторски услуги. Настанот поддржан од Јапонската Агенција за Меѓународна Соработка – JICA, имаше за цел да ја истакне важноста на мисијата на менторите во унапредувањето …

Агенцијата за поддршка на претприемништво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година Read More »

Одбележан Денот на даночните работници: Собрани за 18 отсто повеќе приходи од лани


Собирањето на даночните приходи е сосема стабилно и е за 18 проценти повисоко од истиот период во минатата година, оцени денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. -Заклучно со вчера се собрани околу 116 милијарди денари по основ на даноци. Заклучно, пак, со 31 октомври се собрани околу 95 милијарди денари социјални …

Одбележан Денот на даночните работници: Собрани за 18 отсто повеќе приходи од лани Read More »

Парите од солидарниот данок ќе се вратат ако така пресуди Уставен суд, вели Димитриеска Кочоска


Судството е независно, ако судот пресуди дека треба да се вратат парите, ние не можеме да избегаме од тоа, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, во однос на Законот за данок на солидарност, што доколку биде укинат од Уставниот суд би значело враќање на 49 милиони евра од Буџетот. Мојот став во однос на …

Парите од солидарниот данок ќе се вратат ако така пресуди Уставен суд, вели Димитриеска Кочоска Read More »

Денеска паѓа договор со банките за каматата за фирмите од унгарскиот заем, ќе биде под 2,75 отсто


Министерството за финансии имаше состаноци со секоја банка поединечно и денеска тие ќе имаат завршен состанок да ги додефинираат работите, за парите од унгарскиот заем, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, појаснувајќи дека се чека конечен одговор од банките за каматата што ќе биде понизок од 3,25 проценти, додека рокот останува и оти голем …

Денеска паѓа договор со банките за каматата за фирмите од унгарскиот заем, ќе биде под 2,75 отсто Read More »

Јавниот долг галопирал – изминатите 16 години растел по седум проценти годишно


Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. …

Јавниот долг галопирал – изминатите 16 години растел по седум проценти годишно Read More »

Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата, вели вицегувернерката Митреска


„Инфлациските очекувања се поволни, a притисоците од глобалните цени на храната и енергентите се намалија, со што за наредната година Народната банка очекува натамошно  забавување на просечната инфлација, сведувајќи се на 2,5%, а на среден рок на историските просеци од 2 отсто“. Ова го истакна вицегувернерката Ана Митреска на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на …

Очекуваме понатамошно намалување на инфлацијата, вели вицегувернерката Митреска Read More »

Растот на германскиот БДП во третиот квартал е помал од првичната проценка


Германскиот бруто домашен производ (БДП) порасна во третиот квартал за 0,1 отсто во однос на вториот, покажуваат конечните податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика. Ова е за 0,1 процентен поен помалку од првичната проценка и дополнителен проблем за најсилната европска економија, пренесува француската новинска агенција АФП. Германската економија во третиот квартал беше …

Растот на германскиот БДП во третиот квартал е помал од првичната проценка Read More »

Азески во „Либерти“ и „Макстил“: Металуршкиот сектор е важен за целата економија


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за …

Азески во „Либерти“ и „Макстил“: Металуршкиот сектор е важен за целата економија Read More »

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот


Координаторите на советничките групи на Советот на Град Скопје, вечерва, на 15. вонредна седница постигнаа консензус и донесоа заклучок со којшто ја поздравија одлуката на Владата за позајмување на нафта од државните резерви за потребите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и побараа заедно во координација со ЗЕЛС, да продолжат разговорите со Град Скопје за нормализирање …

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите за нормализирање на состојбите во градот Read More »

Севернокорејски генерал ранет во украински воздушен напад во областа Курск, тврди Волстрит џурнал


Севернокорејски генерал кој се борел со руските сили во областа Курск е ранет во неодамнешниот украински воздушен напад, соопштија западни претставници, пренесоа киевски медиуми. Потврдената жртва е првпат западни официјални лица да потврдат дека висок севернокорејски воен офицер е повреден во целосната инвазија откако тие пристигнаа пред неколку недели, објави Волстрит џурнал.

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир


Женско лице денеска почина во скопски Чаир откако во неа удрило патничко возило „Сеат алтеа“ управувано од 19-годишна девојка од Скопје. Како што соопшти МВР, денеска во 18:43часот во СВР Скопје пријавено е дека на булеварот Х.Т.Карпош во Скопје патничко возило „Сеат алтеа” со скопски регистерски таблички, управувано од А.Џ. (19) од Скопје удрило во …

Жена почина во сообраќајна несреќа во Чаир Read More »

Рама: Албанија од денеска дел од единствениот европски платен систем-голем чекор на патот кон ЕУ


Премиерот Еди Рама попладнево преку социјалната мрежа Х објави дека  Албанија денеска станала дел од единствениот европски платен систем. После ова, додава, сите албански дознаки од Европа во Албанија или обратно веќе “нема да имаат финансиски трошоци односно за нив нема да се плаќа провизија, почнувајќи од 1 јануари следната година”. -Уште еден голем чекор …

Рама: Албанија од денеска дел од единствениот европски платен систем-голем чекор на патот кон ЕУ Read More »

Работниците од Македонија се најподготвени да се преселат заради работа


Колку работници од регионот се подготвени да се преселат на работа во странство? Кои се причините што не поттикнуваат на таков чекор? Дали е тоа трајно преселување или се уште се надеваме дека ќе се вратиме дома? Ова се само дел од прашањата што беа во анкета за време на овогодинешниот Регионален саем за вработување, …

Работниците од Македонија се најподготвени да се преселат заради работа Read More »

Македонските кошаркари поразени од Литванија во евроквалификациите


Македонската кошаркарска репрезентација загуби вечерва од Литванија во Скопје со 67-82 и го запиша вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Х во квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Во отсуство на неколку клучни играчи кои поради обврски во Евролигата и повреди не можеа да му бидат на располагање на селекторот Александар …

Македонските кошаркари поразени од Литванија во евроквалификациите Read More »

САД воведе санкции и за најголемата досега несанкционирана руска банка


На третата по големина руска банка Гаспромбанк и нејзините шест странски филијали денеска беа воведени санкции од САД со цел да се намали способноста на Русија да ги избегне илјадниците санкции воведени од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година. Министерката за финансии Џенет Јелен рече дека санкциите против руската банка, која …

САД воведе санкции и за најголемата досега несанкционирана руска банка Read More »

Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ


Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.  Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот …

Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ Read More »