Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус


Товарен авион Боинг 737-400 што пренесувал нарачки на DHL и летал од германскиот град Лајпциг кон главниот град на Литванија – Вилнус, се урна во близина на куќа, изјави градоначалникот на Вилнус, Валдас Бенкунскас. Несреќата се случила на околу 4 километри од аеродромот во Вилнус. Спасувачките екипи реагирале на местото на настанот. Од урнатините на …

Се урна товарен авион врз станбен кварт во близина на аеродромот во Вилнус Read More »

Мешаниот хор Тесалоники вечерва во Скопје


Амбасадата на Грција во Скопје организира специјален настап на Мешаниот хор на Тесалоники, што ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во малата концертна сала на Националната Филхармонија. Репертоарот вклучува класична музика и современи грчки песни. Мешаниот хор на Тесалоники е основан во 1987 година. Неговиот широк репертоар вклучува дела од ренесансата, класичниот …

Мешаниот хор Тесалоники вечерва во Скопје Read More »

Поранешниот шеф на дипломатијата на Украина, Кулеба: Војната нема брзо да заврши


Поранешниот шеф на украинската дипломатија Дмитро Кулеба изјави денеска дека не очекува брзо завршување на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе власта. „Би сакал да ги потсетам сите дека клучот за мирот е во Москва, а не во Киев“, изјави Кулеба за Си-Ен-Ен. Во својата претседателска кампања, …

Поранешниот шеф на дипломатијата на Украина, Кулеба: Војната нема брзо да заврши Read More »

Приватните автобуси повторно на скопските улици


Во јавниот градски превоз од денеска се вклучуваат и приватните превозници, но не со целиот капацитет. Во сообраќај, како што најавија во саботата, ќе се вклучат оние превозници кои имаат финансиски можности. Автобусите на ЈСП – Скопје од петокот сообраќаат во редовните термини, но Владата во четвртокот им позајми нафта само за седум дена, за колку …

Приватните автобуси повторно на скопските улици Read More »

Промоција на книгата „Поглед отстрана, Рацин (1908-1943)“ од Горан Калоѓера


Книгата „Поглед отстрана, Рацин (1908-1943)“ од Горан Калоѓера ќе биде промовирана вечерва со почеток од 19 часот во Културно-информативниот центар – Скопје. Ова е втора книга на Калоѓера за Коста Солев Рацин, првата е напишана на почетокот на неговата научничка дејност. Датумот на промоцијата се совпаѓа со денот на излегување од печат на првото издание …

Промоција на книгата „Поглед отстрана, Рацин (1908-1943)“ од Горан Калоѓера Read More »

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта


Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов. Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека …

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта Read More »

Цените на нафтата повторно пораснаа минатата недела


На светските пазари, цените на нафтата пораснаа за околу 6 отсто минатата недела, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните две недели, додека трговците го следат зголемувањето на тензиите меѓу Русија и Украина. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се зголеми за 5,8 отсто, на 75,17 долари, додека барелот на американскиот пазар поскапе за …

Цените на нафтата повторно пораснаа минатата недела Read More »

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од германските социјалдемократи


Околу три месеци пред предвремените избори во Германија, социјалдемократите официјално ќе го номинираат Олаф Шолц за свој кандидат за канцелар и покрај неговиот исклучително низок рејтинг, јави ДПА. Неговата формална номинација доаѓа откако партијата беше поделена со двонеделна жестока дебата за тоа дали далеку попопуларниот министер за одбрана Борис Писториус треба да биде номиниран за …

Во Германија се очекува Шолц да биде номиниран за кандидат за канцелар од германските социјалдемократи Read More »

Панел-дискусија „Политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини“


Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија за политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини во организција на Центарот за развој на медиуми. – Сметаме дека досега измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за негово усогласување со новата Директива за аудиовизуелни медиумски услуги на ЕУ, не …

Панел-дискусија „Политиките за доделување дозволи за емитување и иднината на дистрибуцијата на телевизиски содржини“ Read More »

Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство


Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите, во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје денеска ќе одржи јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“. Како што информираат од собраниската прес-служба, предвидени се обраќања на претседателката на Комисијата за еднакви можности на …

Јавна расправа за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство Read More »

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7


Блискиот исток, Украина и изборот на Доналд Трамп – тоа ќе бидат водечките теми на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Г-7 во италијанскиот град Фjуџи, на околу 80 километри од Рим, јави ДПА. Средбата ќе трае два дена и тоа е последната од министрите за надворешни работи на земјите …

Блискиот исток, Украина и Трамп се на агендата на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7 Read More »

Студено утро со температури и до минус 11 степени


Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку ден, времето ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус 11 до минус 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени, информираат од Управата за …

Студено утро со температури и до минус 11 степени Read More »

Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот


Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот. Во финалето во Малага, „азурите“ ја совладаа Холандија со 2:0 и им ја ускратија можноста на „лалињата“ да го освојат трофејот за прв пат во историјата. Матео Беретини им донесе водство на Италијанците со убедливата победа од 6:4, 6:2 над Ботик ван де Зандшулп. …

Италија го одбрани трофејот во Дејвис купот Read More »

(Видео) Илјадници луѓе протестираа во Барселона: „Половина плата трошиме на кирија. Доста е“


Околу 22.000 луѓе протестираа во Барселона, барајќи пониски цени за изнајмување и подобри услови за домување. Домувањето стана главен проблем во Шпанија, која се бори да го балансира туризмот, клучен двигател на нејзината економија и високите цени за изнајмување поради гентрификацијата и одлуката на сопствениците да се префрлат на попрофитабилни, краткорочни изнајмувања. Цената на киријата …

(Видео) Илјадници луѓе протестираа во Барселона: „Половина плата трошиме на кирија. Доста е“ Read More »

Манчестер сити – Тотенхем 0:4 – историски дебакл на Пеп Гвардиола


Манчестер сити претрпе тежок пораз на домашен терен во 12. коло од Премиер лигата. Тотенхем го надигра со големи 4:0. Јунак на гостинската победа беше Џејмс Медисон со два гола, додека еден додаде Педро Поро. И покрај поразот, Сити остана втор со 23 бода, но Ливерпул има шанса да го мине со дури осум бода. …

Манчестер сити – Тотенхем 0:4 – историски дебакл на Пеп Гвардиола Read More »

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради


Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради, објави денеска агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), повикувајќи се на Канцеларијата за човекови права. УНРВА соопшти дека во нападите на израелските сили продолжуваат да се уништуваат станбени згради во опколената палестинска енклава, со што се …

УНРВА: Околу 80 отсто од потврдените смртни случаи во Газа се луѓе убиени во израелски напади врз станбени згради Read More »

Илон Маск никогаш не бил побогат. Тој сега има речиси 350 милијарди долари


Последиците од претседателските избори во САД во 2024 година беа благодет за Илон Маск. Најбогатиот човек во светот стана уште побогат во петокот, а нето богатствот на Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари, објави Блумберг. Тоа го надминува неговиот претходен рекорд поставен во ноември 2021 година, кога нето вредноста на основачот на Тесла надмина 340 …

Илон Маск никогаш не бил побогат. Тој сега има речиси 350 милијарди долари Read More »

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година


Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека верува оти има шанси војната да заврши во 2025 година. Тој го соопшти ова за време на разговор со странски медиуми во рамките на третата меѓународна конференција за безбедност на храната „Жито од Украина“, пренесува Укринформ. „Што се однесува до кога ќе заврши војната… Кога Русија сака …

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година Read More »

Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“


Инвеститор од Соединетите Американски Држави побарал дозвола од американската влада да го купи прекинатиот гасовод „Северен тек 2“, доколку биде ставен на аукција, објави „Волстрит џурнал“. Финансиерот Стивен Линч поднел барање до американската влада за дозвола да понуди понуда за гасоводот доколку биде ставен на аукција во швајцарската стечајна постапка, објави Волстрит журнал. Американската сопственост …

Американски инвеститор размислува да го преземе „Северен тек 2“ Read More »

Русија ќе им ги прости кредитните долгови за учесниците во воената операција врз Украина


 Претседателот Владимир Путин го потпиша законот за отпишување на кредитни долгови во износ до десет милиони рубљи (околу 9.200 евра) за учесниците во специјалната воена операција, се наведува во документ објавен на веб-страница за официјалното објавување на правните акти. Законот се однесува на: мобилизирани; лица кои служеле воена служба во вооружените сили на Русија и …

Русија ќе им ги прости кредитните долгови за учесниците во воената операција врз Украина Read More »