Вучиќ: Добивме уште една лоша вест, веќе не можеме да очекуваме гас од Азербејџан


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека добил известување од Азербејџан дека во наредниот период, поради проблеми што ги имаат, нема да можат да испорачуваат 1,7 милиони кубни метри гас во Србија секој ден. „Утринава не погоди уште една лоша вест, добивме известување од Азербејџан, од денеска не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни …

Вучиќ: Добивме уште една лоша вест, веќе не можеме да очекуваме гас од Азербејџан Read More »

Брнабиќ се сретна со Мадуро


Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ му се заблагодари на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во Каракас за поддршката на земјата за територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, јавија српските медиуми. Разговорот меѓу Брнабиќ и Мадуро уследи по неговата инаугурација во Каракас, на која присуствуваше српската политичарка. Претседателката на српското Собрание му честиташе на …

Брнабиќ се сретна со Мадуро Read More »

Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери Бретон „европски тиранин“


Американскиот милијардер Илон Маск денеска го нарече поранешниот европски комесар за дигитализација, Французинот Тиери Бретон, европски тиранин. Ова се случи за време на нова онлајн полемика меѓу двајцата во врска со поддршката на Маск за германската екстремна десница. Кон крајот на декември, Маск во порака на Х рече дека само екстремно десничарската Алтернатива за Германија …

Илон Маск го нарече поранешниот еврокомесар Тиери Бретон „европски тиранин“ Read More »

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков


Во врска со условниот отпуст на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, Јавното обвинителство преку соопштение појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на Мијалков. – Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото …

Јавното обвинителство ниту еднаш не дало позитивно мислење за условниот отпуст на Мијалков Read More »

Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони


Откупот на тутунот е при крај, Досега се преземени преку 20 илјади тони по просечна цена од речиси 400 денари. На теренот, главно во прилепско-пелагонискиот регион за откуп остануваат уште околу 1000 тони. Од Сојузот на тутунските здруженија очекуваат дека откупот ќе заврши за 15-тина дена, иако законскиот рок е до крајот на февруари. -Откупот …

Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони Read More »

Украинците заробиле севернокорејски војници, ги испрашуваат во Киев


Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот регион, во Русија, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Тоа се двајца војници кои, и покрај повредите, преживеаја. Тие беа пренесени во Киев и разговараат со истражителите на Службата за безбедност на Украина. Тоа не беше лесна задача: обично Русите и другите севернокорејски војници ги убиваат своите другари и …

Украинците заробиле севернокорејски војници, ги испрашуваат во Киев Read More »

Во Хрватска утре втор круг од претседателските избори, Милановиќ фаворит


Во Хрватска од полноќ е изборен молк во пресрет на вториот круг од претседателските избори, каде утре, 12 јануари, актуелниот претседател Зоран Милановиќ се бори за својот втор мандат, а за противкандидат го има Драган Приморац. Милановиќ, кој е поддржан од Социјалдемократската партија и партнерските партии, во првиот круг од изборите на 29 декември освои …

Во Хрватска утре втор круг од претседателските избори, Милановиќ фаворит Read More »

Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип


Амбулатните речиси полни, граѓаните со сиптоми на грип и заболувања слични на грип. Пикот се очекува кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец, иако бројката на заразени и пациенти кои барале лекарска помош веќе се зголемуваат. Валентина Митрова специјалист по општа и семејна медицина во ПЗУ ,,д-р. Миташев” вели дека единствена позитивна работа …

Во Штип амбулантите се полнат со пациенти со симптоми на грип и слични на грип Read More »

Вучиќ побара од Американците подолг рок за воведување санкции за НИС: Ние не сме им целта


Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска,по средбата со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, во Белград, изјави дека побарал подолг рок за примена на американските санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), што беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија. Српските медиуми јавија дека Вучиќ изразил уверување дека …

Вучиќ побара од Американците подолг рок за воведување санкции за НИС: Ние не сме им целта Read More »

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија


  Санкциите кон Нафтената индустрија на Србија што вчера ги воведоа САД предизвикаа сериозна загриженост кај нашиот северен сосед, но и кај земјите во регионот, поради меѓусебните економски врски и стопанската поврзаност. Во Србија, официјалните лица велат дека последиците ќе бидат тешки за српската економија, но и дека мерките нема да предизвикаат недостиг на енергенси. …

Санкциите против НИС ќе го погодат и регионот, каде е Македонија Read More »

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа


Американскиот претседател Џо Бајден  в среда ќе го одржи својот проштален говор до нацијата од Овалната соба во Белата куќа, на пет дена пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Осумдесет и двегодишниот демократ го завршува својот четиригодишен претседателски мандат, одбележувајќи повеќе од половина век од неговиот политички живот. Говорот на Бајден, во 20 часот …

Бајден в среда ќе го одржи својот проштален говор од Овалната соба во Белата куќа Read More »

Во Лос Анџелес продолжува битката со огнената стихија, три пожари и натаму надвор од контрола


Од шесте пожари што ја зафатија областа на Лос Анџелес, три се ставени под контрола, а 50 отсто или повеќе од областа под оган е изгасната, додека најголемиот пожар во Пацифик Палисајдс се уште е не е под контрола, како ниту пожарите во Итон и Арчер, јавија денеска американските медиуми. Пожарот во богатото предградие на …

Во Лос Анџелес продолжува битката со огнената стихија, три пожари и натаму надвор од контрола Read More »

Бајден: Путин е ставен во лоша позиција во однос на Украина по воведувањето на новите санкции


Американскиот претседател во заминување Џо Бајден синоќа изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е „во лоша позиција“ откако САД и Велика Британија соопштија за воведувањето нови координирани санкции против рускиот енергетски сектор поради војната во Украина. -Навистина е многу важно да не му се даде никаков одмор, изјави американскиот претседател за неговиот руски колега. Американската …

Бајден: Путин е ставен во лоша позиција во однос на Украина по воведувањето на новите санкции Read More »

Од вечерва врнежи од снег, снежната покривка ќе достигне и над 20 сантиметри


Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ најави врнежи кои почнувајќи од север ќе преминуваат во снег и во пониските места, а пообилни ќе бидат во втората половина од ноќта. До изутрина на повеќе места ќе се формира снежна покривка. Утре (12.01) во текот на целиот ден ќе има врнежи од снег, а на места, особено …

Од вечерва врнежи од снег, снежната покривка ќе достигне и над 20 сантиметри Read More »

Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари, потсетува УЈП


Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01). Доколку како физичко лице …

Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари, потсетува УЈП Read More »

Трамп планира уште првите денови во Белата куќа да потпише стотина извршни наредби


 Американскиот претседател Доналд Трамп планира да потпише повеќе од сто извршни наредби во првите денови од неговиот нов мандат за да ги спроведе ветените политики во кампањата поврзани со безбедноста на границите, депортациите и другите приоритети, јавија американските мекидуми. Трамп ова им го кажа на републиканските сенатори за време на приватна средба во Конгресот. Се …

Трамп планира уште првите денови во Белата куќа да потпише стотина извршни наредби Read More »

Туристичката понуда на саем во Утрехт: Холанѓаните заинтересирани за Охрид и Македонија


Интересот на холандските туристи за патување во Македонија е забележан и на третиот ден од саемското претставување на нашата туристичка понуда на познатиот 54. Меѓународен саем за патувања што се одржува во холандскиот град Утрехт. -Традиционалната поврзаност со Охрид надополнета со збогатена туристичка понуда, гастрономските и културните тури, како и излетите во природа се доволна …

Туристичката понуда на саем во Утрехт: Холанѓаните заинтересирани за Охрид и Македонија Read More »

Главниот кандидат за германски канцелар исклучува соработка со АфД


Кандидатот за германски канцелар на сојузните парламентарни избори на 23 февруари и лидер на германската централно-десничарска Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, синоќа, во интервју за јавниот сервис АРД категорично ја отфрли секоја соработка со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). -Дозволете ми овде да повторам за записник. Под мое водство нема да има соработка меѓу …

Главниот кандидат за германски канцелар исклучува соработка со АфД Read More »

Во понеделник во Струга ќе му биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо


Во понеделник, 13 јануари, во Струга ќе биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо. Роден на 30 април 1943 година во Долна Белица, Бајо уште од млади години го има посветено својот живот на пишувањето и новинарството. Како член на Друштвото на писатели на Македонија, Бајо има оставено длабок белег во македонската …

Во понеделник во Струга ќе му биде оддадена последна почит на писателот и новинар Наум Бајо Read More »

Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната


Во недела од 20 часот Барселона и Реал Мадрид ќе играат во финалето на Суперкупот, а Карло Анчелоти ден пред натпреварот доби одлична вест. Како што пренесува угледниот весник „АС“, италијанскиот стручњак ќе може да смета на Џуд Белингам, Федерико Валверде и Аурелиано Чуаменi кои се полесно повредени. Сите тројца се важни играчи за Реал …

Анчелоти ја напаѓа Барселона со најсилниот тим за третиот трофеј во сезоната Read More »