Трамп вети „сосема нов ден“ и строги имиграциски ограничувања на „победничкиот митинг“ пред инаугурацијата


Доналд Трамп им рече на илјадници поддржувачи на митингот во Вашингтон, еден ден пред неговата инаугурација, дека ќе воведе строги ограничувања за имиграцијата на првиот ден од неговиот нов мандат и вети дека брзо ќе го исполни клучното предизборно ветување. „Кога сонцето повторно ќе зајде утревечер, инвазијата врз нашата земја ќе престане“, рече Трамп за …

Трамп вети „сосема нов ден“ и строги имиграциски ограничувања на „победничкиот митинг“ пред инаугурацијата Read More »

ТикТок повторно е онлајн во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата


Платформата за кратки видео снимки ТикТок по неколкучасовен прекин, повторно е активна за корисниците во САД, по изјавата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека во понеделник ќе потпише извршна наредба за одложување на нејината забрана. Трамп тоа го објави на неговата на платформа Truth Social, откако милиони корисници на ТикТок денеска се разбудија и открија …

ТикТок повторно е онлајн во САД откако Трамп најави дека ќе ја одложи забраната на апликацијата Read More »

Во кои земји работниците се најдобро платени?


Платите значително се разликуваат од земја до земја во рамките на ЕУ и земјите што се дел од единствениот пазар. Во 2023 година просечната годишна плата на вработените во Европа била 33.500 евра. Највисоки плати имало во Швајцарија, а најниски во Бугарија. Еве како изгледаше во 2024 година. Лани Швајцарците имаа највисоки плати. Просечната нето …

Во кои земји работниците се најдобро платени? Read More »

Дали жителите во Лос Анџелес ќе се преселат или ќе ги обноват куќите? И двете опции се скапи


Десетици илјади жители на Калифорнија ќе одлучат дали трајно ќе се преселат или ќе ги обноват своите домови по најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Осигурителните компании може да покриваат илјадници долари за привремено сместување и трошоци за живеење – освен ако сопствениците на куќи се недоволно осигурани или не се покриени. „Полисата генерално …

Дали жителите во Лос Анџелес ќе се преселат или ќе ги обноват куќите? И двете опции се скапи Read More »

(Видео) Погледнете ги страшните последици од пожарот што го опустоши Лос Анџелес


Населбата во Лос Анџелес, Пацифик Палисадес беше целосно уништена во пожарите што го опустошија градот. Поради последиците од шумските пожари кои веќе четири дена беснеат во Лос Анџелес, во четвртокот превентивно беше евакуиран Конзулатот на Република Хрватска. Генералниот конзул Рене Пи испрати видео од Пацифик Палисадес, кварт во вториот по големина град во САД кој …

(Видео) Погледнете ги страшните последици од пожарот што го опустоши Лос Анџелес Read More »

ЈП Морган ја процени штетата од пожарот во Лос Анџелес: Двојно повеќе од најголемиот досега


Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка би можела да се зголеми во зависност од тоа кога конечно ќе се локализираат пожарите, вели ЈП Морган, најголемата банка во САД, во извештајот за проценка на влијанието на пожарите врз индустријата. објави Си-Ен-Ен. Ваквите загуби ќе го направат пожарот во областа …

ЈП Морган ја процени штетата од пожарот во Лос Анџелес: Двојно повеќе од најголемиот досега Read More »

Москва за новите санкции од САД: Трамп ќе го дочека изгорена земја


САД воведоа нови санкции за енергетскиот сектор на Русија, со што цената на нафтата се зголеми на меѓународните пазари во петокот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите американски санкции против рускиот нафтен сектор и нејзината таканаречена флота на танкери во сенка. За санкциите се огласи и официјална Москва: „Со одлуката за воведување нови санкции, …

Москва за новите санкции од САД: Трамп ќе го дочека изгорена земја Read More »

Џуд Ло ќе го игра Владимир Путин во „Волшебникот од Кремљ“


Џуд Ло потврди во новото интервју за Дедлајн, објавено во четвртокот, дека ќе го игра рускиот претседател Владимир Путин во претстојниот политички трилер наречен „Волшебникот од Кремљ“. Ло ќе игра споредна улога во новиот филм на францускиот режисер Оливие Асајас кој ќе го отслика Путин на почетокот на неговата политичка кариера. „Сè уште не сум …

Џуд Ло ќе го игра Владимир Путин во „Волшебникот од Кремљ“ Read More »

Путин на преговорите со Трамп за Украина ќе бара НАТО да се повлече на границите од 1997


На можните преговори со Доналд Трамп за окончување на војната во Украина, рускиот претседател Владимир ќе бара НАТО да се повлече од границите со Русија до позициите што воената алијанса ги имала во 1997 година. Исто така, тој ќе бара гаранции дека Украина никогаш нема да стане членка на Северноатлантската воена алијанса. Исто така, тој …

Путин на преговорите со Трамп за Украина ќе бара НАТО да се повлече на границите од 1997 Read More »

Двајца загинати, четворица повредени во автобуска несреќа во источна Германија


Две лица загинаа, а четири се повредени кога автобус денеска се преврте на снежен автопат во североисточна Германија, јави ДПА повикувајќи се на полиција. Во несреќата на автопатот А11 учествувал автобус кој патувал за Полска, изјави портпаролката на централата на полицијата во Бранденбург, Беате Карделс. Таа не прецизираше од каде тргнал автобусот. Според првичните сознанија, …

Двајца загинати, четворица повредени во автобуска несреќа во источна Германија Read More »

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума


По најавата за протест на 14 јануари на вработените во дел од министерствата, доколку не се прифати барањето да добијат 30 проценти додаток на плата, министерот за јавна администрација Горан Минчев изјави дека протестот е демократско право.  Во интервју за ТВ 24, тој кажа дека тоа прашање треба да се разговара со повеќе министерства, пред …

Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто се преголема сума Read More »

Извршени дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село


Стручњаци од Градежниот факултет при УКИМ од Скопје, предводени од деканот проф д-р Горан Марковски денеска извршија наменско испитување на мостовската конструкција на мостот на реката Вардар кај Башино Село, кој поради влошената состојба на носечките столбови од 4 јануари годинава е затворен за сообраќај. Целта на ова испитување е да ги потврдат постапките кои …

Извршени дополнителни испитувања на мостот на Вардар кај Башино Село Read More »

Се судрија два трамваи во Стразбур, повредени 50 лица, петмина потешко (видео)


Околу 50 лица се повредени денеска во судир на два трамваи во тунелот на станицата во Стразбур Бас-Рин, соопштија полициски извори за локалните медиуми. Според првичните проценки, пет лица се тешко повредени. 🔴 ALERTE INFO – #FaitsDivers : Deux tramways sont entrés en collision dans le tunnel de la gare à #Strasbourg. Selon un premier …

Се судрија два трамваи во Стразбур, повредени 50 лица, петмина потешко (видео) Read More »

Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин


Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.Снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот. Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај. Од ЈП Македонијапат информираат дека …

Сообраќајот по влажни коловози, снег на патот Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража и Страцин Read More »

Поранешниот австриски канцелар Нехамер се повлекува од политиката


Карл Нехамер, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата австриски канцелар по неуспешните обиди да формира коалициска влада без екстремната десница, се повлекува од националната политика, објави австриската новинска агенција АПА. Нехамер официјално ќе објави дека го напушта Националниот совет, Долниот дом на парламентот, до почетокот на новата парламентарна седница на 22 јануари, изјави владината …

Поранешниот австриски канцелар Нехамер се повлекува од политиката Read More »

Разузнавачите на САД отфрлаат постоење врски меѓу „хаванскиот синдром“ и странски служби


Американските разузнавачки служби не се убедени дека инцидентите поврзани со таканаречениот „хавански синдром“ се извршени од странски противници или служби. Во обновените заклучоци на разузнавачките служби на САД за таканаречените аномални медицински инциденти (АМИ) објавени синоќа се тврди дека постои „многу мала“ веројатноста симптомите да се предизвикани од странски агенти или употреба на оружје. Истрагите …

Разузнавачите на САД отфрлаат постоење врски меѓу „хаванскиот синдром“ и странски служби Read More »

ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека неодамна извршиле напад со дрон врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешното училиште во Џабалија во северниот дел на Газа. Според израелската војска, оперативците на Хамас ја користеле училишната зграда Халава за планирање и извршување напади врз војниците во Газа и Израел, јави Тајмс оф Израел. …

ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште Read More »

Комуникациските оператори на Крим биле цел на хакерски напад


Операторите за комуникации на Крим денеска се изложени на масовен хакерски напад, соопшти регионалното министерство за информации. Како што пренесува Интерфакс, министерството навело дека нападот DDoS може да ја наруши работата на некои служби, и оти специјалистите го одбиваат нападот. Не се соопштени размерите на DDoS нападот за попречување или оневозможување на работата на интернет …

Комуникациските оператори на Крим биле цел на хакерски напад Read More »

„Епидемија“ на стечаи во Германија


Германската економска криза не попушта, а бројот на компании кои банкротираат расте. Минатата година, 16,8 отсто повеќе луѓе покренале постапка за несолвентност отколку во 2023 година. Во декември, 13,8 отсто повеќе компании поднеле барање за стечај отколку 12 месеци претходно, соопшти националната статистичка служба Дестатис. Податоците опфаќаат само стечајни случаи во кои правосудството го направило …

„Епидемија“ на стечаи во Германија Read More »

Шолц и официјално кандидат на СПД за канцелар, екстремната АфД ја избра Вајдел


Германските социјалдемократи (СПД) денеска го потврдија канцеларот Олаф Шолц како главен кандидат на партијата за парламентарните избори во февруари. Шолц беше номиниран за кандидат за канцелар од страна на извршната власт на партијата на крајот на ноември по бурна дебата, јави ДПА. Пред ова, партијата две недели јавно дискутираше дали многу попопуларниот министер за одбрана …

Шолц и официјално кандидат на СПД за канцелар, екстремната АфД ја избра Вајдел Read More »