Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард


Квалитетот на транзиција на нашата земја е над просекот на земјите од Западен Балкан со оценка 5,6 од можни 10, покажува Извештајот за транзиција (2024 – 2025) на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на чијашто презентација се обратија гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и шефот на Канцеларијата на ЕБОР во земјава, Фатих …

Ангеловска-Бежоска: Според ЕБРД, Извештајот има прогрес, но и потреба од зајакнување на структурните реформи за повисок животен стандард Read More »

Дуња Иванова избори норма за Светското првенство во МТБ маратон


Македонската велосипедистка Дуња Иванова, членка на клубот ВК Енерџи, се искачи на 56. место на светската МТБ Маратон ранг-листа, каде се наоѓаат над 500 најдобри велосипедистки од целиот свет. Овој пласман ѝ овозможи на Иванова да обезбеди норма за настап на Светското првенство во МТБ Маратон, кое ќе се одржи од 30 август до 14 …

Дуња Иванова избори норма за Светското првенство во МТБ маратон Read More »

Запален автомобил на познат бизнисмен од Битола, огнот зафатил уште две возила


  БИТОЛА – Во пожар што се случи ноќеска дваесет минути по полноќ изгореа три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци со кои разговараше „Независен“ најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот …

Запален автомобил на познат бизнисмен од Битола, огнот зафатил уште две возила Read More »

Волстрит регистрираше мал пораст и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг на САД


Вчера на Вол Стрит се тргуваше претпазливо, откако Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД, па индексите на берзата забележаа само мали движења. Индексот Дау Џонс порасна за 0,32 проценти, на 42.792 поени, додека S&P 500 порасна за 0,09 проценти, на 5.963 поени, а индексот Насдак за 0,02 проценти, на 19.215 поени. На самиот почеток …

Волстрит регистрираше мал пораст и покрај намалувањето на кредитниот рејтинг на САД Read More »

Србија од буџетот и дава на Украина околу 35 милиони динари како финансиска поддршка


Точно 34.850.000 динари (297.000 евра) се префрлени од одделот на Министерството за финансии на Србија во Генералниот секретаријат на Владата, според информации во најновиот Службен весник. Тие пари, како што пишува „Форбс Србија“, според одлуката на Владата на Србија, ќе се користат како „финансиска поддршка за Украина со цел покривање на трошоците за оперативен персонал …

Србија од буџетот и дава на Украина околу 35 милиони динари како финансиска поддршка Read More »

За Русија, изборите во Романија се „чудни“


Кремљ доцна вчера ги опиша претседателските избори во Романија како „чудни“, велејќи дека прорускиот кандидат кој победи на поништените избори минатата година бил неправедно дисквалификуван. Проевропскиот центрист Никусор Дан го победи десничарскиот и националистички ривал во вториот круг на изборите во неделата, откако фаворитот на изборите во 2024 година, Калин Георгеску, беше дисквалификуван бидејќи романските …

За Русија, изборите во Романија се „чудни“ Read More »

Јеменските Хути објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа


Јеменските бунтовници Хути, кои се поврзани со Иран, објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа како одговор на континуираниот конфликт на Израел во Газа. – Сите компании со бродови кои се наоѓаат во тоа пристаниште или се упатуваат кон него се известуваат дека од моментот на ова соопштение, гореспоменатото пристаниште е вклучено во списокот на …

Јеменските Хути објавија „морска блокада“ на израелското пристаниште Хаифа Read More »

Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии


Членките на Светската здравствена организација (СЗО) гласаа во корист на потенцијално револуционерен глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии. Во корист на предлогот гласаа 124 држави, откако Словачка побара гласање, иако нејзиниот премиер Роберт Фицо инсистираше неговата земја да се спротивстави на усвојувањето на договорот. Ниту една држава не гласаше против, додека 11 држави …

Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии Read More »

Лаи: Тајван сака мир со Кина


Тајван сака мир и дијалог со Кина, бидејќи во војна нема да има победник, но властите во Тајпеј мора да продолжат да ја зајакнуваат одбраната на островот, изјави денеска претседателот на Тајван, Вилијам Лаи, по повод една година од неговото стапување на функцијата. Кина го нарекува Лаи „сепаратист“ и ги отфрла неговите предлози за преговори. …

Лаи: Тајван сака мир со Кина Read More »

Никола Маџиров добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ на „Литератур Лана“


Никола Маџиров е добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ која ја доделува „Литератур Лана“ во Јужен Тирол, на северот од Италија. Наградата се доделува на секои две години, а Маџиров е 19-от добитник во речиси 40-годишната историја на оваа престижна меѓународна поетска награда. Меѓу досегашните добитници биле и лауреатот на Струшките вечери …

Никола Маџиров добитник на меѓународната награда за поезија „Н. К. Казер“ на „Литератур Лана“ Read More »

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија


 Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги брифираше за својот разговор со рускиот колега Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна синоќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија, Франција, Италија, Германија …

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија Read More »

Промоција на публикација По рутата на Кирил и Методиј


 Во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје вечер во 19 часот во Јуроп хаус – Скопје ќе се одржи промоција на две изданија – на часописот Европа: по рутата на Кирил и Методиј – туристичка публикација во издание на Look at it.cz од Чешка и на преводот …

Промоција на публикација По рутата на Кирил и Методиј Read More »

Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен


Процесот на усогласување на текстот на меморандумот за мир и прекин на огнот ќе биде заплеткан за Москва и за Киев и не може да има фиксен рок, изјави рано утрово портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Нема рокови, ниту може да ги има. Јасно е дека сите сакаат ова да се заврши што е …

Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен Read More »

Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство


Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“. Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена – на 20, 21, …

Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство Read More »

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ – Скопје


Традиционалната изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ на која учествуваат студентите од четврта година на Факултетот за ликовни уметности – Скопје на Студиската програма за сликарство ќе биде отворена вечер во Култутно информативниот центар – Скопје. Оваа изложба е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, …

Традиционална изложба „Четирите мајстори на модернизмот“ во КИЦ – Скопје Read More »

Светски ден на пчелата


 Пчелите денес опрашуваат над 80 проценти од земјоделските култури и влијаат врз производството на околу една третина од храната на целата планета. Покрај фактот дека без пчели нема да има опрашување на културите од кои зависи исхраната на луѓето, нема да има ниту опрашување на дивите некултивирани растенија кои придонесуваат за зачувување на биодиверзитетот и …

Светски ден на пчелата Read More »

Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е отворен за понатамошни преговори со Москва, но повтори дека украинските војници нема да се повлечат од териториите кои Русија ги анектираше. – Ако Русија постави услов нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сакаат примирје ниту крај на војната“, рече Зеленски вчера, откако …

Зеленски: Ако Русија сака нашите војници да се повлечат од нашата земја, тоа значи дека не сака крај на војната Read More »

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина


Уставниот суд денеска ќе ја одржи 10. седница. На дневен ред e предвидено да се дискутира по осум предмети за оценување на уставност и законитост и да се донесат одлуки за четири предмети.  На дневен ред е иницијатива поднесена од Центарот за истражување и информирање за животната средина „ЕКО СВЕСТ“, застапувани од Ана Чоловиќ-Лешовска, со …

Седница на Уставен суд, на дневен ред одредби од Законот за животната средина Read More »

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа


Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа во второ читање е на дневен ред на собраниската Комисија за локална самоуправа. Со  измените се предлага преку референдум отповикување на градоначалник и воведување на т.н. комунална полиција на ниво на општина. Клучните измени се однесуваат на транспаретноста и отчетноста на градоначалниците, советите и службите …

Предлог-измените на Законот за локална самоуправа на Комисијата за локална самоуправа Read More »

Јавна трибина со граѓаните на општина Ѓорче Петров за одговорно управување со био-отпадот


 Во Домот на културата на општина Ѓорче Петров, ќе се одржи јавна трибина/средба со граѓаните на тема: „Одговорно управување со био-отпадот – чекор поблиску до циркуларна економија“. Целта на трибината е да се отвори јавна дебата за тековните состојби и проблеми со кои се соочува општината во управувањето со био-отпадот од домаќинствата и да се …

Јавна трибина со граѓаните на општина Ѓорче Петров за одговорно управување со био-отпадот Read More »