Ангеловска-Бежоска ја промовира иницијативата за подобар пристап до финансии за жените претприемачи
Живееме во време на значителни предизвици на економски план и мора да вложиме напори за целосно користење на човечкиот капитал и поголема поддршка на бизнисите предводени од жени. Еден важен аспект е пристапот до финансии на жените претприемачи. Во овој контекст, Народната банка потпиша Меморандум за соработка со ЕБОР за примената на Кодексот за финансирање …