Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј


Монтереј е заинтересиран да го ангажира португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо во пресрет на почетокот ба Светското клупско првенство. Според новинарот Николо Шира, дефанзивецот на мексиканскиот клуб Серхио Рамос, поранешен соиграч на Роналдо во Реал Мадрид, се обидува да го убеди 40-годишниот фудбалер да се приклучи на тимот. Роналдо по завршувањето на вчерашниот натпревар на Ал-Наср …

Рамос го повика Роналдо да се пресели во Монтереј Read More »

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј


Со нов инвестициски циклус во дигитализација на процесите, имплементација на модели базирани на вештачка интелигенција и нови производи по највисоките еколошки стандарди, ТИТАН Усје ќе го одбележи 70–годишниот јубилеј. Само во следниот период до 2030 година инвестициите во овие сегменти ќе надминат 50милиони евра, со што дополнително ќе се поттикне развојот. Како дел од интернационалната …

Со нов инвестициски циклус ТИТАН Усје го одбележува 70-годишниот јубилеј Read More »

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка ги забрзува растот и конвергенцијата на Западен Балкан


„За одржлив и инклузивен раст на земјите од Западен Балкан е потребна заедничка соработка, а не изолација“. Ова беше главната порака на гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање на Балканскиот самит на поранешни студенти на тема „Градење посилни партнерства за економски раст“, организиран од Македонско-американската алумни асоцијација, на кој присуствуваа и …

Ангеловска-Бежоска на Балканскиот самит на поранешни студенти: Регионалната соработка ги забрзува растот и конвергенцијата на Западен Балкан Read More »

Божиновска сака „Чебрен“ и „Галиште” да бидат наш проект, уште не се знае висината на браната


Би сакале тоа да биде наш проект. Ќе ги разгледаме сите опции, а ќе ја избереме таа што ќе биде најдобра за граѓаните, рече денеска министерката за енергетика Сања Божиновска, одговорајќи на новинарско прашање во врска со изградбата на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“. Божиновска информира дека веќе е поставена рамка и дека се во тек …

Божиновска сака „Чебрен“ и „Галиште” да бидат наш проект, уште не се знае висината на браната Read More »

Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи


 Петнаесет земји членки на ЕУ изразуваат незадоволство од сегашната европска Директива за оданочување на производите од тутун и бараат нејзина промена, јави дописникот на МИА од Брисел.  Според дипломатски извори, министрите за финансии и економија на овие 15 земји упатиле писмо до Европската комисија во кое оценуваат дека постоечката законодавна рамка е застарена и е …

Петнаесет членки на ЕУ бараат промена на Директивата за данокот на тутунски производи Read More »

Асоцијацијата за е-трговија потпиша Меморандум за соработка со Кинеската комора за е-трговија


Гуангжоу, Кина — Асоцијацијата за е-трговија на С. Македонија (АЕТСМ) и Кинеската комора за е-трговија (CECC) потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставуваат основите за заедничка соработка и развој на партнерства во областа на е-трговијата и дигиталната економија. Потпишувањето претставува значаен чекор напред во насока на унапредување на прекуграничната е-трговија, размена на знаења и …

Асоцијацијата за е-трговија потпиша Меморандум за соработка со Кинеската комора за е-трговија Read More »

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд


Франција би можела да се соочи со сериозен недостиг на буџетски средства до 2027 година доколку не се преземат итни мерки за ограничување на јавната потрошувачка, предупреди францускиот Државен ревизорски суд. Во вчерашниот извештај на ревизорите, кој го пренесуваат денеска француските медиуми, како главна причина за зголемениот дефицит се наведуваат широките социјални програми. Само во …

Франција пред финансиски колапс до 2027 година, предупредува Државниот ревизорски суд Read More »

Задолженоста на компаниите во банките зголемена за половина милијарда евра, има ли удел и унгарскиот кредит?


  Двоцифрени проценти за раст на кредитирањето на компаниите – во април задолженоста изнесувала 4,05 милијарди евра што е за половина милијарда евра повеќе во однос на истиот месец, минатата година. Банкарите очекуваат дека и во овој втор квартал ќе има зголемена побарувачка за кредити а условите за одобрување ќе олеснуваат, пишува Порталб.мк. Домаќинствата пак само …

Задолженоста на компаниите во банките зголемена за половина милијарда евра, има ли удел и унгарскиот кредит? Read More »

Вештачката интелигенција како деловен партнер: Дали сме заменливи?


Во современиот деловен свет, вештачката интелигенција (ВИ) сè повеќе станува неизбежен фактор што го обликува начинот на кој работиме, донесуваме одлуки и развиваме бизнис. Многу луѓе се прашуваат – дали луѓето во бизнисот се заменливи во ерата кога машините можат да анализираат податоци, да автоматизираат процеси и да даваат препораки побрзо и попрецизно од кога …

Вештачката интелигенција како деловен партнер: Дали сме заменливи? Read More »

Азиски пазари: Индексите претежно во пад


Азиските индекси се претежно во минус, бидејќи инвеститорите ја проценуваат глобалната трговска клима откако американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи примената на царини од 50 проценти за увоз од Европската Унија. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион, без Јапонија, се намали за 0,17 проценти околу 6:00 часот наутро. Во исто време, јапонскиот Nikkei се …

Азиски пазари: Индексите претежно во пад Read More »

„Трамп медиа груп“ планира да собере 3 милијарди долари за да ги потроши на криптовалути


Медиумската компанија на семејството Трамп планира да собере 3 милијарди долари за купување криптовалути како биткоинот. „Трамп медиа енд технолоџи груп“, која стои зад апликацијата „Трут сошнал“ и е управувана од претседателското семејство, има за цел да собере 2 милијарди долари свеж капитал и уште 1 милијарда долари преку конвертибилна обврзница, според шест лица запознаени …

„Трамп медиа груп“ планира да собере 3 милијарди долари за да ги потроши на криптовалути Read More »

Актуелната влада на Косово е подготвена да разговара со Велика Британија за центри за мигранти


Владата на Косово изрази подготвеност да разговара со официјален Лондон за предлогот за формирање „Центар за враќање“ во Косово за барателите на азил одбиени од Велика Британија. Таа изјава доаѓа по медиумските извештаи дека Велика Британија го разгледува Косово како една од можните земји за прием на мигранти кои го завршиле процесот на жалба за …

Актуелната влада на Косово е подготвена да разговара со Велика Британија за центри за мигранти Read More »

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и маици


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека неговата царинска политика е насочена кон промовирање на домашното производство на тенкови и технолошки производи, а не на патики и маици. Во изјава за новинарите пред да се качи во претседателскиот авион во Њу Џерси, Трамп рече дека се согласува со изјавата на американскиот секретар за финансии Скот …

Трамп за царинската политика: САД сакаат да прават тенкови и бродови, а не патики и маици Read More »

УЈП почна постапка на обнова на јавниот клуч


Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка.  Најавува дека ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова …

УЈП почна постапка на обнова на јавниот клуч Read More »

Што досега се знае за преговорите Брисел – Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна


Пред Доналд Трамп да се повлече од својата последна закана за високи царини против Европската унија, американскиот претседател ги оправда со образложение дека разговорите со блокот „не водат никаде“. Сега, со царини од 50 проценти што се ставени на чекање – и рокот за преговори на 9 јули е вратен по повикот на Трамп со …

Што досега се знае за преговорите Брисел – Вашингтон за царините и спречувањето трговска војна Read More »

Роботи на Пошта на Србија во Крагуевац сортираат 2.500 пакети на час


Роботи во Главниот поштенски центар во Крагуевац од денеска автоматски сортираат 2.500 пакети на час, соопшти Пошта на Србија. Ова ќе овозможи најмалку трипати побрза достава на поштата до примателите и сортирање на пакетите за поштите во блиските градови, изјави во Крагуевац в.д. директорот на Српската пошта, Зоран Анѓелковиќ. Проектот почна пред една година. „Инвестиравме …

Роботи на Пошта на Србија во Крагуевац сортираат 2.500 пакети на час Read More »

На инвеститорите им олесна откако Трамп ги одложи царините за ЕУ – но ризикот од трговска војна останува


Инвеститорите треба да се „подготват“ за поголема нестабилност бидејќи потенцијалот за трговска војна не е целосно исчезнат и покрај одложувањето на воведувањето на тарифите од 50% од страна на американскиот претседател Доналд Трамп кон Европската унија, предупредуваат аналитичарите. Трамп во неделата објави дека се согласил да го одложи воведувањето на казнените увозни давачки за 9 …

На инвеститорите им олесна откако Трамп ги одложи царините за ЕУ – но ризикот од трговска војна останува Read More »

Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ


Народната банка успешно ја заврши обуката за климатските ризици во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од Програмата за зелени финансиски системи. Со оваа соработка, Народната банка значително ги зајакна своите капацитети за справување со климатските предизвици и за поддршка на зелените инвестиции. Во рамките на програмата, над 50 вработени од Народната банка …

Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ Read More »

Дел од британските железници се враќаат во јавна сопственост


Железничката компанија што работи во југозападна Англија, South Western Railway, е под државна администрација од неделата, станувајќи првиот приватен оператор што се врати во јавна сопственост, соопшти британското Министерство за транспорт. „Ова е нова ера за железницата“, соопшти Министерството за транспорт (DfT), а министерката Хајди Александар изјави дека со тоа се завршуваат „30 години неефикасност, …

Дел од британските железници се враќаат во јавна сопственост Read More »

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ. Со овој документ потврдуваме дека електричната енергија за која се издадени гаранциите на потекло потекнува од обновлив извор на енергија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги …

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ Read More »