Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење


Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска со свечена академија ќе одбележи 80 години од основањето на институцијата, а во рамки на јубилејот утре ќе организира и Статистичка конференција „25 години родови податоци“. -Јубилеите осум децении постоење и 25 години собирање родово разделени податоци се можност да се потсетиме за клучната улога на официјалната статистика во …

Државниот завод за статистика со свечена академија ќе одбележи 80 години постоење Read More »

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот


Претставници од Украина и Русија треба денеска повторно да се сретнат во Истанбул за разговори за можни начини за завршување на војната, јави ДПА. Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината …

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот Read More »

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица


 Откако на собраниската седница за пратенички прашања во четвртокот премиерот Христијан Мицкоски ја повика опозицијата да поддржи измени на Изборниот законик за една изборна единица, но и да се озвозможи и дијаспората да гласа, Либерално-демократската партија и Демократскиот сојуз најавија дека до Собранието ќе достават свои предлози за измени на Изборниот законик со цел воведување …

Најавени предлози за измени на Изборниот законик и воведување една изборна единица Read More »

Сончево и топло со температура до 33 степени


 Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе …

Сончево и топло со температура до 33 степени Read More »

Пресврт во Полска: Карол Навроцки победи на претседателските избори


Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако освои 50,89 проценти од гласовите во вчерашниот втор круг од изјаснувањето, објави изборната комисија врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња. Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 …

Пресврт во Полска: Карол Навроцки победи на претседателските избори Read More »

Гимназијалката Искра Нечаковска од Битола ќе се натпреварува на Светската олимпијада по физика во Париз


БИТОЛА – Гимназијалката од Битола, Искра Нечаковска(17) е избрaна да учествува на Светската олимпијада по физика во Париз, Франција, што ќе се одржи во јули годинава. Убавата вест ја сподели Гимназијата „Јосип Броз Тито”, Битола каде Нечаковска е ученичка во трета година. Претходно Нечаковска ќе учествува на Европската олимпијада по физика во Софија- Бугарија. Ментор …

Гимназијалката Искра Нечаковска од Битола ќе се натпреварува на Светската олимпијада по физика во Париз Read More »

Анализа: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп


Трговската војна на претседателот Доналд Трамп ги чинеше компаниите повеќе од 34 милијарди долари загуба на продажба и зголемени трошоци, а се очекува таа сума да се зголеми бидејќи продолжената неизвесност околу царините го парализира донесувањето одлуки во некои од најголемите светски компании, јавија американски медиуми. Тие пренесоа анализа на Ројтерс во која с евели …

Анализа: Компании изгубија милијарди поради царините на Трамп Read More »

Индустриското производство во првите четири месеци зголемено за 1,8 проценти


Индустриското производство во периодот јануари – април 2025 година, во однос на периодот јануари – април лани бележи раст од 1.8 %. Во април годинава, пак, во споредба со истиот месец од 2024, индустриското производство е зголемено за 1.4 %, соопшти Државниот завод за статистика. Во секторот Рударство и вадење на камен, индустриското производствово бележи …

Индустриското производство во првите четири месеци зголемено за 1,8 проценти Read More »

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто


Вкупното количество зафатенa вода од претпријатијата во 2024 година изнесуваше 6 841 милиони м3, со најголемо учество на секторот  Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 99.1 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Според потеклото на водата за снабдување на претпријатијата, најголемото количество вода е од површински води, односно 49.8 %.  …

Од вкупно испуштените води во 2024 година пречистени се само 22 отсто Read More »

Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави


Во Македонска Каменица се одржа показна вежба за институционален одговор при поплави, проследена со тестирање на новоинсталираниот систем за рано предупредување. Настанот се реализираше во организација на Општина Македонска Каменица, во соработка со Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Полициската станица Македонска Каменица, Итната медицинска помош при Здравствената станица, образовните установи, …

Во Македонска Каменица успешно реализирана показната вежба за институционален одговор при поплави Read More »

Утре истекува рокот за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници дека крајниот рок за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година истекува утре 31 мај 2025 година.  Со оглед на тоа што редовниот рок за потврдување или корекција на ГДП пријавата е во неработен ден, краен рок за потврда или корекција на остварените приходи …

Утре истекува рокот за проверка и потврда на годишната даночна пријава за 2024 година Read More »

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра


Турската полиција во Истанбул откри и заплени фалсификувани банкноти американски долари, саудиски ријали и египетски фунти во вредност од околу 100 милиони евра. Во полициската акција приведени се пет странци, кои се подготвувале да ги пуштат во оптек фалсификуваните пари. Исто така е одземен и материјал потребен за производство на лажни банкноти. Кон крајот на …

Во Турција откриени и запленети фалсификувани девизи во вредност од 100 милиони евра Read More »

Собранието го ограничи изборот на членовите на Советот на експерти во МАПАС на два мандати


Собранието денеска во рамки на 52. седница го усвои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, по скратена постапка. Меѓудругото, со овие измени се доуредува изборот на членови во Советот на експерти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. -Претседателот и четворицата членови на Советот на експерти …

Собранието го ограничи изборот на членовите на Советот на експерти во МАПАС на два мандати Read More »

Илон Маск мора да работи 40 часа неделно во „Тесла“, инвеститорите испратија ултиматум


Во писмото се изразува загриженост за „нестабилноста на цената на акциите на ‘Тесла’, падот на продажбата, вознемирувачките извештаи за кршење на човековите права, како и влошувањето на угледот на компанијата во светот“. Инвеститорите тврдат дека обврските на Маск во други компании се мешаат во неговиот фокус на „Тесла“ и го обвинуваат одборот на директори дека …

Илон Маск мора да работи 40 часа неделно во „Тесла“, инвеститорите испратија ултиматум Read More »

Сопственикот на „Зара“ купи деловна зграда во Барселона за 250 милиони евра


Основачот на „Зара“, Амансио Ортега, купил деловна зграда во Барселона од „Блекстоун“ за 250 милиони евра (283 милиони долари), изјавија за Ројтерс во петокот два извори запознаени со трансакцијата. „Блекстоун“ ја продал зградата од 28.000 квадратни метри на Авенида Дијагонал, која моментално ја изнајмува шпанската издавачка куќа „Планета“, на инвестициската фирма на Ортега, „Понтегадеа“, велат …

Сопственикот на „Зара“ купи деловна зграда во Барселона за 250 милиони евра Read More »

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто


Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто,  соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти.  Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка …

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто Read More »

На Машински факултет почна TECHSIGHT: Идни инженери се подготвуваат за претприемачки предизвици


Проектот TECHSIGHT, финансиран од EIT HEI иницијативата на Европската Унија, официјално денеска почна со пилот-активности на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со практична работилница на тема „Стратешко предвидување за стартапи подготвени за иднината“. Оваа меѓународна активност обединува 160 студенти од Машинскиот факултет при УКИМ и 60 студенти од Дуалната висока …

На Машински факултет почна TECHSIGHT: Идни инженери се подготвуваат за претприемачки предизвици Read More »

Димитриеска-Кочоска е убедена дека растот годинава ќе биде 3,7 отсто


Јавниот долг во првиот квартал е на најниско ниво во последните пет години и бележи намалување за 36 милиони евра во споредба со состојбата на крајот на 2024 година. Остануваме на определбата за фискална консолидација и цврсто сме убедени дека ќе го оствариме проектираниот раст од 3,7%. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочосока …

Димитриеска-Кочоска е убедена дека растот годинава ќе биде 3,7 отсто Read More »

„Лидл“ ги презентира професионалните стандарди што ги применува во работењето


Во соработка на „Лидл Северна Македонија“, Министерството за транспорт и Стопанската комора на Северна Македонија, во Скопје се одржа конференција „Бизнис-со-бизнис“ посветена на градежниот сектор и секторот за недвижности. Настанот ги собра клучните партнери и компании со кои Лидл активно соработува во процесот на имплементација на своите проекти низ целата земја. Конференцијата ја отвори заменик-министерката …

„Лидл“ ги презентира професионалните стандарди што ги применува во работењето Read More »

Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка од Анита Ангеловска-Бежоска


Денес, во просториите на Народната банка, се одржа официјалната церемонија на примопредавање на функцијата гувернер, со што заврши мандатот на Анита Ангеловска-Бежоска и започна мандатот на новоизбраниот гувернер, Трајко Славески. Во своето обраќање, Ангеловска-Бежоска истакна дека изминатите години биле период на силни реформи, модернизација и одржување на макроекономската стабилност, дури и во време на сериозни …

Трајко Славески ја презеде функцијата гувернер на Народната банка од Анита Ангеловска-Бежоска Read More »